Од најпознатата турска продукција Ay Yapim (Кога лисјата паѓаат, Езел, Судбината на Фатмаѓул, Црна Љубов, Забрането овошје) после мегахитот Инсајдер, од истиот режисер ни доаѓа серијата Јама (Çukur). Серијата е своевидна адаптација на легендарната антологиска трилогија КУМ (The Godfather). Жанр: акција, крими, трилер, романса Во главните улоги: Aras Bulut Iynemli - Јамач Кочовали Dilan Cicek Deniz - Сена Кочовали Ercan Kesal - Идриз Кочовали Perihan Savas - Султан Кочовали Erkan Kolcak Kostendil - Вартолу Садетин Oner Erkan - Селим Кочовали Mustafa Ustundag - Караман Кочовали Riza Kocaoglu - Аличо Kubilay Aka - Џеласун ТРЕЈЛЕРИ:
Серијата е маестрална, моментално се прикажува 2 сезона, гледам никој не ја прати но кога ќе ја донесат на наша телевизија ќе направи бум. Според мене ова е најдобрата турска серија воопшто снимена!
Çukur е ептен интересна јас си ја гледам на интернет.Има многу убави ликови и не е досадна серијата како обично оние на телевизија.Од истата продукциска куќа има уште една серија Içerde и таму овој Аличо што е во Јама таму беше ладнокрвен убиец.Колку е интересно да се направи толкава трансформација на лик.Мислам дела треба и кај нас на телевизија да ги дават овие серии.
Серијава ги собра сите можни награди минатата година за најдобра серија, допрва е номинацијата за Emmy.. Дефинитивно најдобрата турска серија во последните неколку години. Арас е извонреден, Риза е веќе легенда.. Се очекува 3та сезона
Нема ништо официјално но со оглед на ненормално високиот рејтинг и толкуте награди што ги испоземаа, сигурна сум дека планираат и 3-та
Јас ја изгледав цела, сите 4 сезони. Серијата е премногу привлечна првите 3 сезони ќе ти бидат многу добри. Четвртата малку излегуваат од колосек. Но вреди да се изгледа. Многу комедија, акција а и драма, Исто така и предобра музика на серијата. Препорака 9.5/10
Дајбоже и кај нас да почне со емитување. единствен недостаток е тоа што скоро сите умираат. Серијата е маестрална. Најсмешни ми се Вартолу и Јамач.
Серијава е нешто друго. Многу добра серија али тоа дека ќе ја емитуваат тука? Веќе и не ми се верува. Прескокнаа веќе премногу многу добри серии. Например овие што ги има сега се најстари до 2 год. Што не е лошо, туку незнаат што да изберат. Јас во живо ја пратев серијава уште кога се емитуваше во Турција. Што се однесува до тоа што сите умираат. За мене ми беше нормално затоа што таков тип беше серијата, со многу пукања и тепачки. Но до крај ја изгледав. Јамач ми беше идол уште одамна (Бурни Времиња - Мете), па ја гледав до крај. За другото веќе се кажав во моја предходна објава. Сепак фанстастична серија.
Мене заради Арас ми фати око бидејќи ми е еден од омилените Турски глумци.А,и ми се допадна што нема претеризам со романтика.
има нова серија од Аy Yapım. Сега во понеделник ќе има втора епизода. Серијата се вика üç kuruş (три куруша). Серијата е стварно добра.