Значи на прво слушање не ми беше нешто wow, ама сега се заразив со песната, секој ден по неколку пати ја слушам. Мислам дека сепак добро ќе пројде, гледајќи ги реакциите и коментарите на youtube.
Певливо песниче, лесно влегува во уво. И да не бидне ништо на евровизија ќе биде летен хит низ нашите радио станици. Јана е млада и згодна, убаво освежување за нашата досадна евровизиска сцена. Па нека и е со среќа на Јана, и до финале да не носи за нас би било голем успех, оти и таму не сме биле долго време.
Мене ми се свиѓа песната,убав глас има.А кога че се одржи евровизијата,на кој тел.програм ќе ја даваат?
Јана ќе не претставува на Евровизија годинава, за чудо не е Калиопи.Добра е ваква промена, убаво е девојчето не пее лошо, знае англиски мада што песнава ми е...мех. Додуше и онака не следам Евровизија, интересен настан беше до 2009/10 додека апла не ја исполитизираа и софистицираа нема веќе легенди ко Верка Сердучка
Ама не можам ќе си пукнам Кај ги има оние стандард грчки политизирани коментари под видеото, налетав на коментари од двајца македонци кои се препукуваат околу тоа дека едниот бил за вмро а другиот за сдсм, е до youtube стигнаа
Мене ми се допаѓа песната, баш некако во уво влегува. Се надевам само од трема нема да и трепери гласот многу, зашто има и движења, а и песната што е повеќе обработена бара стабилност. Ќе видиме како ќе помине.
Ауч, лош аутфит за Јана вечерта. Инаку, песната за чудо ми се допаѓа многу, најдобра ми е од сите годинешни што ги чув досега. И дефинитивно од сите песни кои мкд ги испратила на Евровизија. Штета што домашни композитори не можат да извадат нешто вака заразно. Не знам колку сте информирани, всушност забраната на македонска музика е заслужна за распишувањето меѓународен конкурс на кој Dance alone била избрана. Само, ова ми е повеќе радиски хит, отколку евровизиски, па што знам, од настапот зависи дали ќе влезе во финале. Јана е во ред. Некој напиша поназад дека ќе не брукала, не верувам, има солиден речник, прибрано се однесува во интервјуа, а и убавка е. Малку нема харизма, намќореста е и извештаченa, ама ништо што не може да се прости, се на се, ок е.
Настапот не ми се допаѓа. Премногу класика, би можела повеќе да се внесе во песната. Ми делува ладно ама ајде да видиме што ќе направи.
Ако ја изведе како што треба, сигурно треба да биде барем во топ 5 од сите што ги слушнав оваа некако најмногу ми се допадна. И за разлика од предходните години ова е супер.
Има видео некое? Не сум во тек А иначе песната ја имам слушнато, се изненадив што е добра, бидејќи последниве години се беше крш.
Сценската облека ми се свиѓа, ма да можеби ќе носи нешто друго на настапот, не знам. И добро е што е само она во фокус на сцена, без играчици, маси, столови, тапани итн (мислам песната се вика денс алоун афтер ол ). Движењата на прв поглед ми делуваат како малку некоординирано, се надевам дека е поради тоа што снимката е само од еден агол и дека онака ќе биде впечатокот подобар.