Добар англиски има не е нешто што многу од нашите успешно го изведуват кога се требале да се покажат во интервјуа итн. Well done.
Движењaтa нејзини кaкo штo мoжете дa приметите, се веќе видени пo рaзни музички спoтoви oд пoзнaти фaци или тaнчери. Нo тие движењa дa биле тaкa лесни и еднoстaвни кaкo штo изгледaaт кoгa ги изведувa Џеј Лo или Шaкирa, сите би биле пoзнaти тaнчери и никoј не би минувaл чaсoви и чaсoви, гoдини и гoдини вo училиштa зa тaнц. Знaчи aмaтерски е истo кo ние штo сме имитирaле пoзнaти ѕвезди пред телевизoр дури сме биле клинки (пa мoже и пoкaснo ) и сме мислеле декa we got the moves Али aј, Еврoвизијa е, демек зa другo дa беше oчекувaњaтa и стaндaрдите пoвисoки ќе беa Пoaрнo тaнчaри дa имa, oти aкo е сaмo oнa вo фoкус требa дa рaстури oд игрaње a не дa врти гaз кo петгoдишнa прцлa пред телевизoр.
Вистина е малку здрвена во движењата, ама има уште некој ден да повежба па се надевам дека ќе биде се подобра. Разликата помеѓу првата и втората официјална проба е доста забележителна. Како и да е, не би го ругала девојчево и верувам дека ќе биде меѓу подобрите и поуспешните годинава. Еве еден исечок што може малку појасно да долови како ќе изгледа официјалниот настап, прикажан од камерата што пренесува на телевизија.
Мене ми е одлична и вака, па макар изгледала и како да си пее по дома пред телевизор. Скептична сум за танчери, мислам дека one (wo)man show би било полн погодок, иако песната е малку тешка за изведба во живо покрај изведување „акробации“. Сигурно има трема, но и покрај тоа делува многу лежерно и ноншалантно додека пее и игра. Баш поради тој нејзин дух сметам дека самата е доволна. А како ќе го осмислат настапот, секако останува да видиме, ептен ме интересира. И конечно претставник да има достоен англиски, слава Богу!
Мене воопшто не ми се допаѓа песната, а и не ме чуди скоро секогаш се ни е промашено. Башка кој ја избра Јана бе? Кој ја избра песнава? Скоро сите одлуки во нашава држава се тајни ништо не ме чуди, затоа и сме таму кај шо сме...
Абе на 9-13 мај е Евровизија а? Ќе има собиранка на темата гледам, како и секоја Евровизија сеири Мене ми се допадна воглавно како звучи во живо, не е лоша, далеку од тоа. Сега не е Павароти наравно, ама сосема пристојно си е девојчето, Се надевам убаво ќе биде на вечерта. Инаку наспапуваме 2рата вечер, 3ти сме
Браво за англискиот, конечно настапувач од Македонија да знае добар англиски. Песната лично не ми се допаѓа ама велат била еден од фаворитите па ајде белкин нешто ќе испадне оваа година. Има убава енергија Јана, настапот онака ми е. Ќе стискаме палци
Ги пратија Тоше ( кој беше испратен во костум ко да полетува на месечина, да не се сфатиме лошо настрана што беше неговиот талент и дарба) Калиопи, Елена, XXL од поодамна и повеќе не се сеќавам, ниту еден од нив немаше добар настап и висок пласман. Од 11 место па натаму не сме мрднале. Колку што добро се сеќавам ниту еднаш не сме биле во првите десет. Дајте и шанса на Јана.. Зошто се сомневате во некој нејзин неуспех?
Сега прв пат ја видов девојкава и ја чув песната. Мене ми се свиѓа. Песничката е ок, интересна. Девојката ми е прекрасна - секси има потенцијал во девојчето Се надевам ќе ја протуркаат до некаде оти, she can do it. Ко појава е интересна, дефинитивно. Со песниве како звучат на сцена... до пејачите е или до озвучувањето што увек се разочарувам од звукот? Секој свој тим си носи, кој се грижи и за озвучувањето или?
http://www.femina.mk/новости/шоу-бизнис/фото-јана-бурческа-шармираше-во-зелен-фустан-на-евровизискиот-црвен-тепих-во-киев Супер изгледа во фустанов...
Многу нежно изгледа Јана, ми се допаѓа. Среќа му се погодил денот на Дадар за да ја нашминка, ми се допаѓа дека изгледот и e баш природен. Не ми се допаѓа кога пренападно ја шминкаат, а Дадар (според мене) често знае да претера. Овој пат све 5, ко што би рекле србите.
Баш истото сакав да го кажам ко Мишелка погоре, изгледа Дадар кога сака - може, или пак Јана инсистирала на природен изглед. Патем знам дека ја хејтав во евровизиската тема кога ја избраа, но пријатно ме изненади - и со песната, и со настапите, и со имиџот Мислам дека баш би било јако да настапува сама, нели и песната се вика Dance Alone, а и поминаа тие времиња кога цела потесна фамилија беше на сцена за да се прошетаат И на пробите ми е симпатична, воопшто не ми изгледа како да си игра дома пред огледало, некако е лежерна, но сепак самоуверена. Ми се свиѓа како ја облекле, баш е хип и секси, дај малку и ние да поиграме на карта сексапил, доста беше од Калиопи во мантии Сè на сè, мислам дека годинава во најмала рака влегуваме во финале, а за понатаму ќе видиме
Ми се допаѓа Јана. Убаво изгледа, убаво пее а и англискиот добро и оди. Мислам дека е прв пат да имаме претставник што нема проблем со јазикот, со мммм аааа за Македонија.
Башка и деколтето растура, нек плакнат очи. Шала на страна, убавица е, ако не и најубавица, имајќи ги предвид другите кандидатки годинава.
Баш ми е мило што има позитивни коментари за Јана. Само да не и удри славата во глава, топ е до сега.
Ми се допаѓа кога поддржуваме НАШЕ Млада, убава, убаво пее, згодна...што повеќе треба?! Тоа што политиката меша прсти во изборот не е виновно девојчето Зеленово фустанче многу убаво и стои, па и бојата погодена, а и таа знае да го носи
Браво за Јана,прееска гледав на youtube нејзино интервју таму и одлична беше. Снаодлива,допадлива,итра,англискиот супер,се што кажа беше на место и многу симпатично. Браво.