Преубава е Јана. Многу е претставителна, фина , мила, позитивна и што е најбитно многу самоуверена. Растура во интервјуата како со години да пее на светски сцени .
Единствено за песната немам убаво мислење. Ама девојкава многу ми се допаѓа, скромно изгледа и плус и го обожавам англискиот, браво!
Браво Јана, многу убава е, како изгледа на сцената одлично, многу се радувам што имаме таква претставничка..Згодна убава и убава песна....
Мене прв пат после долго време ми се допаѓа што имаме пратено на евровизија. Целокупната слика е топ.
Многу убаво збори Англиски, БРАВО, и тоа е битно,да не е некое 'фиш' моментче. Супер си е девојчето, нема простор за нешто лошо да се каже искрено. Мене целокупно ми се допаѓа момичката
И мене ми се допаѓа, и Јана и песната и настапот. Сакав да прашам, само она ќе е на сцена? Така сама, самичка? Мислам дека и фалат две девојки или двајца момци од страна. Конечно да излеземе од фазон: Калиопи најдобар глас има, ајде она нека оди или видете не нас, горди Македонци!!! Еден чекор напред сме со Јана, да видат дека и ние сме модерни и имаме млади луѓе. И соседите ќе забележат дека младите се селат во странција.
Мене ми мириса однапред на платена победа на Бурче, или барем влез во првите 5. Многу годинава ми се испрефорсира Евровизија.
На Јана песната на радио што ја имам слушано, а вака на пробите не сум ја гледала ни слушала. Добра е песната, модерна, би требало оваа година највисоко место да освоиме до сега. Јана ми е многу убава, згодна, харизматична, стајлинг и шминка ми се допаѓаат на сликите. Да видеме што ќе направе на 13 ти.
Ја спомнавте Јана и решив да проверам како се промовира и што да видам??? Нема материјал за оговарање баш е супер... Не следам евровизија ама ѕирнав на фб на пријатели кои се заразени и гледам одлични коментари за Јана. Браво за неа. Ни треба некој нов лик што повторно ќе не спои сите. Тошка тамам научи како да се бори со негативците го загубивме. Колку ќе успее Јана донекаде зависи од целото општество. Не може поединец сам да успее...
За евровизија реков и пак ќе речам, џабе давање пари. Убава си е и девојката и песната ама нема да влеземе во финале. Ама нека се прошетаат луѓето... Го израдуваа и Дадар, греота и тој не може сам да си дозволи да шета, па нека го прошетаат.
Абе вечер од колку е? Ќе се гледа и коментира групно ко и секогаш? Инаку супер си е Јана. Баш е претставителна, и средена и културна, и скромно ми изгледа. Мислам дека сите се надеваме на влез во финале.
Песната навистина и е мн добра и светска многу ми се свиѓа. Она е убава,скромна и добро се преставува.Се надевам дека ќе влезе ,но не очекувам многу ,политиката си ги вмешала прстите веќе многу одамна.
Јас оддамна се откажав од гледање евровизија,ама овој пат ќе гледам Некако не верувам во гласачите,ама што е, тука е Со среќа нека е
Дечки, Еврoвизијaтa пoчнувa oд 21:00 чaсoт. Фaвoрити ми се Јaнa и Бугaријa. Зa прв пaт дa ми се свиѓa нaшa песнa и имaм некoе дoбрo претчувствo зa зaдутре. Oчекувaм декa бaрем ќе влеземе вo финaлетo.