Млада и убава, незнам како пее чим ја одбрале веројатно добро,па барем еднаш да испратат некој со добра песна.Имаме многу убави песни ,но кога ќе дојде ред за евровизија ми се чини најглупа ќе одберат и уште толку ќе ја уништат кога ќе ја преработат. Иако, реално Евровизија одамна веќе не е тоа што беше,последниве две години не ни знаев кога се одржува ниту па имав желба да гледам. Од годините,некако тоа ми беше доживљај.Со мајка ми, братучедите , обавезно следевме.Ама зборам за пред некои 10-15 години.
Ептен се израдував кога видов дека Јана ќе не претставува на Евровизија, одличен избор Ја знам од Идол и тогаш ми беше еден од фаворитите, се надевам дека ќе и направат добра песна и искрено очекувам (по)добар пласман со неа. Инаку гледам дека сте ја спомнале Мартија, ја следев детската евровизија (колку можев), факт е дека годинава имавме добра песна и според сите прогнози имавме големи шанси барем за топ 5. Песната, сценски настап, интервјуата на Мартија, се беше супер ...ама јбг нов начин на гласање
Во оваа држава веќе никој ништо не прашува и никој не полага рачуни. МРТ заслужува сериозен бојкот од населението....мислам непослушност при плаќање на РДТ (ама ај не плати, одма блокада на сметка) За непослушност за пратење на нивната бедна програма одамна сме професионалци. Јана не ја познавам, но и посакувам среќа и ќе навивам од се срце. Светот на младите останува. Очекувам дека ќе и дадат безвезе песна која ќе биде предмет да дискусија...па ќе сменат рефрен, па ќе сменат 5 збора, и пак ништо. За Мартија... Супер пееше девојчето. Песната убава, музиката супер. Ама...на што личеше гардеробата на девојчињата? Како Бионсиња беа... Се надевам дека Јана нема да дозволи да и облечат било што.
Јана кога беше на Идол ми беше една од омилените. Не е лош избор, само песната добра да биде инаку на лепе очи не добива поени...
Кoј и дa oди,кaквa и дa е песнaтa,плaсмaнoт ќе биде кaкo секoгaш ист.Јaс нз зaштo вoooштo се учествувa,сaмo кoлку дa си тече шoутo тaму.
Не се сеќавате на Јана Бурческа? Македонски ИДОЛ - А1 телевизија... пред многу години Изборот на МРТВ е ОК... Визуелно девојката ке остави впечаток... сигурно!!! Елена Ристеска на Евросонг во Атина изгледаше ТОП... Но и песната што ја изведе „влегуваше“ во уво!!! Значи, изглед + песна = најдобро пласиран претставник од МК на Евросонг... Да се надеваме дека Јана ке има среќа да добие песна што „плени“... Без добра песна чиј што рефрен ке се потпевнува ... ништо Веќе со години наназад Евросонг не е она што беше во седумдесетите / осумдесетите години од 20 век!!! МК нема многу шанси за добар пласман мегу сите тие „јаки“ држави!!! Само добра песна и убав сценски настап можат да ја однесат МК во финалето. Ииии не се согласувам дека парите потрошени за Евровизија се „фрлени“... Битно е да се учествува и да се претстави МК на најдобар можен начин! За почеток, изборот на Јана е добар, уште добра песна иии... можеби во мај следната година на темава ке пишуваме - победа за МК... Бидете оптимисти!!! Напред Јана...
Ја памтам девојкава од Македонски Идол, и мене ми беше меѓу омилените, ама после Идолот немам уопште слушнато за неа (додуша и не ги следам баш речиси ич македонскиве фестивали ). Симпатична е и убаво пее, се согласувам и дека доаѓа како освежување да се прати помлад изведувач. Да се надеваме дека ќе ја пуштат со солидна песна ко за влез во финале... ...
Prv pat slusam za devojkata, malku promeni nema da e loso! Dosta ni e od edni isti peaci! Aj da se nadevame deka ke vleze barem vo finale, a za pobeda ke pocekame
Уффф... Каде Ви е оптимизмот? Понекогаш некои работи ако многу ги посакуваш се остваруваат Ете зошто МК никогаш нема да победи... Сите ние, од сам почеток не се надеваме на победа!!! Малку се зезам... Знам дека нема шанси да победи МК, кого и да прати... Дури и со најубава песна, нема победа за МК... Реалност Сепак, Евросонг е забава, паааа, да се забавуваме
Абе, умре тоа време кога победуваа квалитетни вокали како ABBA, Celine Dion, Johnny Logan... ама секако низ годиниве имаат победувано и песни кои навистина биле убави и се вртеле на радио станиците и после Евровизија. Сега се е политика и интерес. Имам разговарано и со луѓе кои биле таму да не претставуваат и ми раскажувале дека ниту песната ниту настапот не е доволен фактор за победа или добар пласман. Битно е и со колку парички ќе те испрати државата, колку ќе се потрошиш и како ќе се покажеш на оние забави кои ги организираат сите држави а со самото тоа и колку ќе успееш да го привлечеш вниманието на новинарите. Ако се сеќавате и Тоше и Елена оставија многу добар впечаток на македонските вечери и на прес конференциите со новинарите. Комплетната организација е битна, а нашава одамна не штима. Ги праќаме учесниците ради реда колку да се учествува, до пред некоја година сами си даваа пари за облеки и некои други пропратни трошоци а верувам, сигурна сум дека преку тоа се гледа и економската моќ на државата. Како и да е, и мене Јана ми изгледа како позитивен лик, се надевам дека ќе добие исто толку позитивна песна. И посакувам среќа, да влезе барем во финале. Можеби на нас нема да ни значи но ете, ако за неа е тоа плус во понатамошната кариера, тогаш да и посакаме успешен настап.
Каква песна да изваде.. после идол почна да живее со Виктор заљубена... Видеа ,слики кај што готват се сликаат по фб .. и толку ги заборавија луѓево исто како комшичево Кристијан кој ги слуша и трча по нив .. веќе никој. Додека траеше фамата со идол сите беа по нив сега замре сето тоа ,иако Виктор снима уште некоја песна таа се повлече , еве сега излегува пак во јавност со ова што ќе пее на евров. Се надевам ќе ни донесе некоја победа подобро млада личност отколку Калиопи пак да ни ја пратат.
Веќе неколку години наназат не следам евровизија Јана ја паметам од некој натпревар беше,како и да е, боље таа да оди отколку Калиопи, нека види дете свет,нека се порадува, искуство едно повеќе,дружење, забава, и онака ништо нема да направи,па бар нека прошета
Конечно некое ново лице, девојката е млада, енергична, се надевам дека после евровизија ќе ја има почесто на нашата музичка сцена, доста се тие па тие истите. Од идолот ретко кој да направи кариера, некои беа добри некои па беа ради реда во тоа шоу ако може да се нарече шоу. Дефинитивно подобро Јана отколку днк 
Оваа учестувавше во Македонски идол. Од каде наеднаш се појави ја немаше откако заврши идолот. Само не ми е јасно зошто за џабе трошат пари и се кога нема да победиме толку ли се глипи или незнам што.
Не ми е ништо посебно како вокал, сосема просечна е и не може да се спореди со гласиште како Александра Јанева на пример, ама е фина како појава. Не знам дали ќе гледам Евровизија годинава, факт е дека оваа манифестација е со дух во фаза на замирање. Прашање на време е кога ќе ја укинат и уште пожално прашање е зошто воопшто уште праќаме учесници и трошиме пари на чиста глупост? Промовирање на нашата музика...како па да не. Една музика што праќаме на Евровизија, мелем за слушниот апарат - единствено ако си ставиш слушалки и си пуштиш Рамштајн на јутјуб.
Таткото на Јана е близок со челните лица на СДСМ, а СДСМ постави свој директор во МТВ (дел од Пржинскиот договор). Така да воопшто да не ве чуди од каде се појави оваа девојка, без ниту еден хит, без ниту една песна и тотално заборавена. Не тврдам дека е така, но многу мириса на политика, а кај нас се е политика за жал.
Ова по сограѓанска линија. Се шалам. Александра е навистина квалитетен вокал. За Јана ништо не знам, освен дека фино изгледа.