Каква симпатична, девојката е лицемеер, многу е расипана незрелата ја пуштаат да шета со наши пари да се прави звезда лелелелее
Само да не и ја утнат песната, инаку кој сака може да не претставува ама само со добра песна...Мислам дека Елена Ристеска со балада како "Доживотно" би била потполен погодок.
МК никогаш нема да победи, затоа што не нуди квалитет, не од нашето неверување, чудење, молење и мантри. Зошто јас да бидам оптимистична или песимистична околу учеството на Јана Бурческа на Евровизија, кога тоа мене не ме засега. Само напишав прогноза, која ќе се испостави точна.
Кога го опишувате девојчето со „фино изгледа„ на што мислите? Фино како комшиската ќерка невино дете, или има нешто облини со што може да се пофали и да собере гласови? Ништо не видов од видеото на прошлата страна од тоа банерот
@imelda многу по фино од Љопи на пример. Мене ми е мила на фаца. Во живо ја немам видено за повеќе, дали е згодна.
Изгледа младо и модерно. Тоа мене ми е доволно ако веќе оценуваме изглед. Зарем ако нема облини нема со што да се пофали? Ај да видиме што песна ќе извади, па тогаш ќе коментираме музика и настап. Ако се задржуваме на изглед, ништо ама ништо не и’ фали. Млада, убава девојка.
Добро, има време и песната да се коментира, ама сега темава тука е па што имаме да видиме? - Девојчето како изгледа. Плус и е тоа дека е симпатична и млада. Лично се надевам и дека е згодна, оти има врска на вакви контести. Изгледајте го настапот на Елена без звук. Полугола, нога и гради на мегдан, клекни рашири нозе стани, истртли се во тој процес, треси задница, ама ако сакаме да се лажеме, ради певливата песна се пласира така добро
Калиопи не ја биваше, оваа не ја бива... јас не знам кој треба да се прати според вас. Ко да ќе ја праќаме во Велики брат, па ќе не обрука со карактерот. Оди, пее и се враќа. Поентата е да има убава песна и настап. Дали е лицемерна, лоша или лигла, никој не го интересира. Ја гледав пред некој ден на Бекстејџ и сè уште ми е симпатична.
Калиопи малку ја делеше од влез во финале, една позиција мислам, или така нешто. Со Бурческа ќе биде исто како со Кајмакоски, претпоследни, последни (во цела полуфинална конкуренција, нормално)...
Оваа ја памтам од Идол и таму не извади некој јак вокал, некако се провлече до полуфинале оти ете фино изгледала.Позапаметена беше по тоа што се смува со Виктор на Идол, отколку по пеењето.
Јас искрено се надевам за неа. Мене ми изгледа фино,симпатично,мило,скромно. На идол таа ми беше меѓу фаворитите. И убаво пее. Добро,сега нема глас како светска ѕвезда,ама па на Евровизија последниве 10 години не влегуваат во финале навистина убави песни,а влегуваат во финале,па дури и победуваат некои што само се дерат. Јас од срце навивам за неа,зашто таа е млада и допрва ќе гради кариера и е подобар избор од Калиопи. Само МРТ да и’ направи убава песна и ќе биде во ред.
Ниту сум се замарал, ниту ќе се замарам за Евровизија. Но сепак, девојчево има многу мил лик, со среќа.
Девојкоо освести се што пишуваш, на кој му е гајле за великиот брат, ти го плаќаш или и плаќаш на мтв за Евровизија?