^да не имаш некој проблем со девојкава ? Ко лута да си и нешто До сега мислам дека Елена најдобро се покажа на евровизија, што гради на мегдан што клекни стани како што кажавте , ама реално и певлив рефрен кој ти останува во главата,а тоа ми е некако добитна комбинација,штознам.
Убаво за око, убаво за уво. Колку и да е исполитизирана евровизијата, на крај секогаш победува најдобрата песна. Не ни требаат 12 бода од соседите, ни треба по 5 бода од сите.
@бон жита шо предлагаш да напрајме, на протест да излезиме? Вервај злато таа иди да пеј, нејзин карактер освен тебе, никој не не интересира и впрочем одамна престанавме да плачиме по евровизија за да сме плачеле као за д фиш.
Предлагам да пишуваш на литературен македонски јазик бидејки вака изгледа многу селски. Таа не е за на евровизија јас мислам и крај. Ке се соберете истите, се лајкнувате, пишувате кога сте повеке против еден. Од вас да зажалиш ако нпишеш нешто. ама јас не се оѕткажувам од моето
@бон жита предлогот е отфрлен. Не си единствена шо напиша дека не е адекватна за на Евровизија ама ете запрашај се зошто тебе ти се "нафрлиле".
Сериозно мислите дека ако не сме влегле ниту во финале, причината е лош настап? Сериозно? Толку не гледате дека веќе и Евровизија се исполитизира? И најдобриот вокал со најдобрата песна да го пратиме, џабе ни е, зошто нели Македонија сме, кому му е гајле за нас. На овогодинешнава Евровизија преубави песни имаше, ама кој победи на крај? Песна со историско-политичка содржина која во на еден начин во лице ѝ плеска на друга земја за нејзиното минато. Така да друг пат видете прво какви победуваат и според што ги добиваат поените, не само нашите настапи да ги критикувате Мислам дека Јана е добар избор, ама како што реков, не е до колку квалитетен вокал ќе пратиме, туку колку нас не' фермаат во Европа
Поселски е да голташ букви и да не знаеш да пишуваш граматички исправно - додека тврдиш дека треба да се пишува на литературен македонски јазик.
Јана живее во Ск а има Прилепско потекло . Добар вокал е , и добро изгледа , но зошто кај нас одлучиле прво лично сами да си изберат пеач, кога на Евровизија се бира најдобра и најубава песна ...
Јана ја памтам од Идол. Немам слушнато ниту една нејзина песна. Не знам зошто ве чуди тоа што таа ќе пее на Евρовизија. Неκои од пејачите што настапувале на Евρовизија пρоизлегле од неκоρ талент шоу. Пρимеρ за тоа е Нина Κρаљиќ κоја пееше за Хρватсκа оваа година. Таа победила во шоуто Најљепши глас Хρватсκе.
Јас сум сигурна дека нема финале за нас, мене Јана ми е слатка и убава, али мислам дека уште и е рано за на Евровизија. Се согласувам со другите феминки пто читав страници назад, дека феноменална би ми била Александра Јанева, мене ми е совршен вокал и мислам дека поарно таа неголи оваа. Надолу годинава за изборот, се полош и полош...
Ја избраа со врски, но и искрено не е некоја пејачка.. Каролина и Елена се каде каде подобри пејачки од Јана.
Е ако де, нека си ја проба среќата девојката. А со врски, а без брски, и онака никој за нас не чинит. И друга некоја да беше, одма ке најдевте подобра од неа и тако даље...
Изборот ми е онака.. Во секој случај подобар од Калиопи Немам ништо против девојчето, на идол ја следев и делуваше интересно, впечатливо, гласот просечен. И посакувам среќа, се надевам дека ќе и направат некое певливо песниче.
Ништо посебно, според мене. Модерно, "секојдневно" радио хитче, веќе чуено. И не е ова за на Евровизија, рефренот во живо ќе звучи катастрофа, со гаранција. Останува да видиме, ама јас прогнозирам дека нема да влезе во финале.