Јас искрено не знаев дали ја слушам Јана или Лана дел Реј негде на почетокот од песната. Песната и не е така лоша, баш е Евровизиска со тенденција да стане радиски хит, ама гласот колку и' e измиксан, мислам ни сама Јана не е свесна. Тоа не ми се допаѓа. П.С. Македонска работа, најјако е миљенцето на масата и телевизорот. И после не сме биле патриоти...жими позадинава моја. Традиција си е традиција.
Евровизија... Го гледа ли некој уште ова? Ми текнува порано колку чекавме и се потресувавме. Сега не е истото, јас веќе неколку години не следам и не знам ни кој победувал последиве 2-3 години. Сега ја слушнав нашава песна и според мене е просечна. Ако ништо друго, модерно звучи, имало и полошо
Мене ми се допаѓа песнава. Ме потсеќа на песна од некој женски бенд како Little Mix, или The Saturdays. Не знам кој работел на песнава и спотот, ама секоја чест. Конечно нешто поинакво на македонскава естрада. Не е баш комерцијалка ко што ја опишувате. Денес ваква музика се слуша, а и сите знаеме дека кога се обидуваме да направиме некое "песниште", излегува катастрофа. Така да, thumbs up за песната и спотот, а и се надевам дека ќе направат убав настап, нешто повеќе од досегашната обична позадина направена на PowerPoint и тројца придружни вокали.
Еј какво изненадување. Очекував некоја досадна и клише содржина во стилот на "мојот свет се вика музика" Мене ова некако светски ми звучи. ритам заразен,спот солиден.
не ми се свиѓа! Што е ова? Како може песнава за евровизија да ја стават? за у градинка е да ја пуштат песнава да чукаат со рачиња маливе
Па и оваа што ќе ја претставува Македонија. Не остана добар пејач, па дојде ред на ова детево што ја имам видено само на Македонски идол, а потоа никаде
Ја чув, супер што ви се свиѓа . Дека е подобра од сите претходни, да. Тоа е знак дека сме мрднале од некоја си мртва точка. Барем нема да не срами, ако може погрубо да се изразам. Али не е мој тип на музика.
Само мене не ми се допаѓа песнава изгледа? Абе не е ова песна за на евровизија според мене пак нема шанси за во финале моја претпоставка Ни за радио хит не ја бива! Не ми се допаѓа бе
И мене некако ми е песнавa, шо знам... Не е баш некоја за денсање. Сто пати имам кажано дека за на Евровизија ни треба брза песна, со ритам и текст на место, ама дечки да бидеме реални, за разлика од Калиопи со нејзиното врескање оваа е каде каде подобра. Не велам дека е нешто вау, ама за разлика од оние на Калиопи е оќеј.
Прво: Зар уште некој гледа Евровизија? Второ: Убава е песнава, не е нешто најнај, ама не е ни лоша...просечна...солидна. Трето: Аман нека не победува, инаку кај ќе ги чекаме луѓето?? Ние уште влада немаме, кризи не фаќаат, па уште туристи ни фалат Плус цела Европа ќе дознае какви луѓе живеат во Мкд, па бруки прави ќе бидеме... Четврто: Не е тоа што беше Евровизија. Нема ни песни квалитетни, ни пак некој му придава значење на настанов. Секоја земја си му дава поени на комијата и толку, ништо ново, ништо интересно. Порано се знаеше...Цел комшилук, пријатели и фамилии седнати пред тв...ракија, колбаси, вино и чекаш со знамето пред тв да почне нашиот претставник. Сега ја нема таа еуфорија....Умрело тоа време...
И мене некако ми е песнавa, шо знам... Не е баш некоја за денсање. Сто пати имам кажано дека за на Евровизија ни треба брза песна, со ритам и текст на место, ама дечки да бидеме реални, за разлика од Калиопи со нејзиното врескање оваа е каде каде подобра. Не велам дека е нешто вау, ама за разлика од оние на Калиопи е оќеј. Едит: @Ketchup мислам дека зад песнава стои странска продукција. А и според песнава и текстот не верувам дека некое македонче стои зад ова.
Мене ми се допаѓа,интересна ми е за разлика од рикањето од Калиопи на црно и бело @Mr. Right се поклопивме со мислењата за Калиопи хаха
Не е нешто посебно, ни текстот не е wow но е за евровизија и певлива е. Ми се допаѓа нивниот избор, ама ова нашево ми е буквално ко што кажа феминкава погоре, бледа копија.