Или Андријана, пошто Сања е преселена во Кавадарци.Нема време она за вакви фестивали. Ке$, ке$ бато ќе ти треба многу ке$. Пааари, дај да видам паррии.
Мене пак песната ми е баш Евровизиска,сетете се какви песни имало и колку време се вртеле. Евровизија веќе не е тоа што беше ретко има добра песна.
И мене ми се допаѓа песната, певлива е, тоа сè е во ред. Меѓутоа многу ме интересира како ќе звучи измиксираниот глас на Јана во живо. Или ќе биде добро или ќе биде тотална утка. Премногу ефекти, а не требало.
Ептен пријатно изненадување, не очекував дека и ние може да пратиме модерна песна која звучи светски Да ја слушнев некаде случајно, ни на крај на памет немаше да ми биде дека песнава е наша, ете толку е солидна и „нормална“. Браво
Леле ај ве молам !!! Што е урлање ко ненормална а што е прекрасно за вас ??? Тоа што Калиопи на крајот отпеа фалсет кој што ретко кој го може ??? Тоа што нејзините тонови се меѓу највисоките отпеани во живо на Евровизија ??? Тоа што таа техника многу малку ја знаат??? И тоа вие ќе речете ненормално дека е ??? Па дајте, ви се молам !!!
Барем добро зборува англиски, нема да не срамат со зборењето. Иначе песната е ок, не е кој ти знае колку лоша.
Црно и бело беше толку глупа песна за на Евровизија то чудо едно. Аман знаеме сите какви песни победуваат таму. Калиопи не е за Евровизија секако. Батали,не е таа сега тема туку Јана. Мене девојчето ми е ОК убаво пее и е харизматична
Ама и споредбата Јана и Калиопи не е во ред. Каде пеела Јана пред толку голема публика,какво искуство има од лајф настапи? На крај кога ќе видиш излегува дека ништо не се знае,кога најмалку се очекува може да се случи некој успех т.е некое место погоре на табелата.
^ Јас не реков дека Калиопи не чини како пејачка,тоа никој не го оспорува-туку песната на Евровизија спрема оваа е полоша. Никој не ги спореди едната со другата во нивните гласовни способности,не мешајте баби и жаби колку само да се кажи нешто.
Ми ја зеде мислата ќе додадам само уште да најдат добри танчери и уште подобар кореограф и Јана да игра како Бритни Спирс на времето и ќе биди полн погодок ....или дека насловот е дека играла сама не мора ни танчери нека и смислат кореографија неа ете некое бате 2-3 пати нека се појави како замислен лик на хероината поефтино фаќа така а и темата е таа.Ама за танчери од таков тип кај нас некако слабо англискиот а и пејачите некако слабо му делиле за играње . Туку да не правам толку филмови вака да било така да било Тоше РИП со онаков глас и сценографија и лепота и песната најдобра од сите песни наши пратени на Евросонг едноставно full package не постигна ништо таму шо очекувате од другитe да постигнат. Само не знам која е сеуште поентата на учествувањето кога не се ни трудат да се покажиме во целосно светло ќе учествуваме ама пејачот сам нека си се облечи работата, ние сместувањето само доста му е, за македонската вечер читав некаде дека Тоше дал од својот џеб за да ја направи како што доликува сега не се сеќавам дали организаторите наши не дале воопшто пари иили некоја мизерна сума.бруки Едит: а за миленцето од спотот ептен традиционално ама порано беа убави и уштиркани а ова во фаза на распаѓање како цела држава ептен симболично нема шо
Мене песнава ми е сосем океј, онака евровизиска. Вакви песни се бараат, и мислам дека ќе и биде хитче. Не е мој стил, ама тврдам дека е доста квалитетнa и добар избор конечно. Не знам дали ги читавте коментарите на јутуб, ама пријатно сум изненадена, дури имаше и од Грциве убави коментари, surprisingly.