Евровизиската песна не е лоша, ама не знам како ќе испадне во живо со оглед на тоа дека има доста ефекти. Она што ми боде очи е "провокативниот" спот, депресивен и неинвентивен. Сакале да направат нешто поразлично ама... тетката во спотот ми го уништува секси денсот на Јана и дечкото
Мене изведбата на Калиопи ми беше врвна! Жената си има квалитетен глас, и ретко кој може да ги испее тие високи тонови како нејзе. Ама друга работа е што песната не беше наменета за Евровизија.
Тоа го кажувам од прееска,но секој чита како што му одговара. Споредба помеѓу Калиопи и Јана нема во однос на гласот, едноставно песната на Калиопи не беше за Евровизија за разлика од песната на Јана. Убава е песната само со оглед на тоа дека се е политика,не знам ни што уште одиме на Евровизија.
Песнава мене лично не ми се свиѓа, но дека е комерцијална и со моментално актуелен ритам тоа да. И посакувам среќа на Јана. Што биде нека биде.
Калиопи можеби е се, само не лоша пеачка. Силен глас има, прекрасни изведби, секогаш во живо, текстописец, плус свири на клавир. Тоа што малку е патетична во своите интервјуа е друга тема. Како глас е еден од најквалитетните што сме ги имале во последните неколку децении. Црно и бело беше супер песна, само што текстот за нас Македонците не е ок. Кога не го разбираш ок звучи. Девојчево прв пат го слушам, песната не е којзнае што, ок е, но според мене ќе биде голем промашај. Исто како што беа Црна Гора 2013 со Игранка и Бугарија 2008 со DJ please take me away. Песната е премногу обработена, скоро и да не е нејзиниот глас. А тоа тешко се пее во живо. И песната на Калиопи 2012 беше многу преработена, малку фалеше бендот и тапаните да ја ''изедат'' на сцена. Но таа со моќниот глас се спаси во првото полуфинале. Во финалето имаше малку фалширање Ама целта беше исполнета. Конечно финале.
Толку е преработена песнава и толку друг глас има во живо, не знам како планира само да ја изведе на сцена. Искрено да не го прочитав името немаше да познаам дека таа пее. Шта речи, а не заплакати?! Спотов а и песнава ми личат на копии (особено спотов). Што викаше една професорка месо гледам , компир вадам. Така е и со нашава евровизија со гооодини и гооодини уназад. Што трошат пари јас не знам. Дај сокријте се негде и не се брукајте. Па и пејачиве секоја година се побетар и побетар. Страшно.
Ок е песнава, иако имам впечаток дека и фали доработка. Со мала промена може и да биде конкуренција. Има некоја разлика и придвижување напред од минатите години кога се знаеше уште од почеток каков ќе ни биде крајот. Споредено со минтатите години ова на прва и не е така лошо. Спотот не ми се допаѓа ни малку, а особено не тетката со задникот и тоа VR-от на главата. Ќе видиме во Мај што ќе биде. Каква ќе биде харизмата настапот на сцена Досега бевме бледило Се прашувам дали некогаш во овој век Македонија ќе направи песна како италијанската да речеме ? Песна која ќе има харизма и која ќе вреди. Мислам дека досега Македонија има и најслаб скор од сите земји кои учествувале на Евровизија. Секоја земја ако не победувала барем била меѓу првите 10 некоја година, а ние доста слабо. На балканот сите беа барем по еднаш меѓу првите 5. Нека ја преработат годинава малку песната и со среќа нека и е на Јана. Може и ќе биде нешто
Добро океј, кој уште мисли дека гласањето на Евровизијата е стварно според квалитетот на песните, а не политички? Џаст плис
Истово го помислив, на моменти станува досадна и би требало да ја потсредат доколку роковите и правилата им дозволуваат. Ама и на пејачкава и фали малку харизма, во фацка ми делува подмукло како Милена водителката Добро, кај нас харизматични да ги бараш со фенер среде бел ден, нема да ги најдеш, така што, може да се прогледа низ прсти. Сепак, песничката е ок. Не е баш за на Евровизија, ама звучи пристојно.
Eптен монотона. Глас има како за детска евровизија али ок. Нинанајна беше тралалајка па имаше највисок пласман. Правете разлика меѓу вкус и хејтање. За вкус не се дискутира. Мене лично не ми се допаѓа. Дека ќе ја слушам некогаш, не верувам.
Мислам дека песната е баш Евровизиска сега сите се такви, не баш иста како оваа, ама слични. Не се надевам дека ќе победиме. Ама баш би сакала да бидеме во првите 10.
Мене ми се свиѓа, поготово ритамот, сакам вакви брзи песни, а и такви и слушам. Баш мој тип, веќе ми се уврте во глава и мислам дека е стварно добра песнава, имаме шанса да влеземе бар во финале овој пат
Според мене не е лоша секогаш викав дека ни фали да се претставиме со нешто вакво со некој убав и заразен ритам .
Во живо песната како ќе звучи ? Премногу е електронска за на евровизија според мене. Инаку Македонија секогаш си прави утки и да бидеме реални ниту во финале ќе оди ниту ништо. Не може нешто асолно да биде, зошто секаде политики се мешаат. Не дека е многу лоша песната, сме имале полоши како на пример Ема и Влатко, Кајмаковски, Некст Тајм... Сценскиот настап ќе биде лош како и секогаш со лоши ефекти и ефтино ќе изгледа. Тие се моите прогнози.