Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Јана Бурческа ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2017

Дискусија во 'Музика' започната од duffi, 22 ноември 2016.

  1. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Дај бе не зезај, какво дерење? :|
    Таа не е будала да се дере туку така на сцена и плус да било така лесно сите пејачи ќе можеа ко неа да изведат.
    Јас досега немам сретнато некој на ист начин да го долови тој дел.

    Тоа е уметност, дарба, талент и не очекував вакви коментари.
    Пуштете го нејзиниот настап и баш кај што се ДЕРЕ забележете каква реакција има од публика.

    Мислам ај да плукате по некои нови пејачи, со врски форсирани... Ама за Калиопи?
    :whew:
     
    На Victorian, malerozna, SummerGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  2. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Песничето супер е , ептен убаво модерно заразно влегув во ушето .
    Е сега, битен фактор е и како ќе ја испееш во живо, јас искрено Прв пат слушам за ова девојче и не и ги знам гласовните можности во живо. Ама, сепак тоа е битното, инаку убаво песниче, многу поубаво него ли Даниел, Тамара и сите тие пејачи до сега што биле, Есмето бог да ја прости итн...
    Сега искрено и реално ова е Евровизиска песна нешто позабавно да е

    За Калиопи да, дефинитивно има гласиште, само песната не и беше баш за Евровизија,гласот врв и е, со некоја бум песна во топ 5 би влегла реално, се редактирав да пишам
    Инаку, политика или не мене победничките песни на Евровизија воглавно сите ми се свиѓале, дефинитивно фини песни секогаш победуваа, прехлани Швеѓанецот... Да не зборам па за




    ПЕСНИШТЕ!!! Скандинавците од секогаш имале песништа на Евровизија, затоа и најчесто победувале.
     
    На Victorian, mode-kristina, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Зa мене тoa вooпштo не ми е пријaтнo зa увo и слушaње, зa вaс е уметнoст. Нa тoa и некa oстaне. :)
     
    На ♣ Alba Viduam ♣, elimkd, m.i.g и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Ова нормално така си е :D

    Како и да е, нашава за промена е забавна, спотот врска нема, ама тоа не е ни важно.
    Патем, сте ги слушнале ли другиве земји?
    Никакви песни, никакви. Ако најдете фаворит оваа година, глава сечам :D :D
     
  5. Aljona Ivanovna

    Aljona Ivanovna Активен член

    Се зачлени на:
    1 март 2017
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    89
    Пол:
    Женски
    Мааалку на крај мелодијата ме потсеќа на Tom Odell-Another Love.

    Фина е песничката, ама не е доволна “силна“ за Евровизија... штознам...
     
    На blackwave и Mr. Right им се допаѓа ова.
  6. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.397
    Допаѓања:
    8.408
    Пол:
    Женски
    Pesnata e top, moderna, zarazna, lesno vleguva vo usi, najdobro do sega sto sme pratile. Jana ubava, mlada, mislam deka ima sansi za dobar plasman vo finaleto. Fala bogu edna godina da ne se brukame.
    Uste dobar scenski nastap da napravat.
    A I bas citam pozitivni komentarI od drugite drzavI.
     
    На Victorian, m.i.g, crimson и 2 други им се допаѓа ова.
  7. blackwave

    blackwave Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2014
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.816
    Пол:
    Женски
    Се сложувам потполно. Нека е не знам каква "уметност", попријатно ми е за слушање вриштењето кога колат некого во хорор филм, отколку нејзиното што пара уши. Која нејзина песна и да ја слушнам, си имам момент на "wait for it" психичко припремање во главава за нејзиното вриштење. :D Сепак, секој со свој вкус и уши, не може на сите да ни се допаѓа истото.
     
    На elimkd, Mr. Right и m.i.g им се допаѓа ова.
  8. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.762
    Допаѓања:
    25.032
    Пол:
    Женски
    Песнава од Јана е О Д Л И Ч Н А!
    :inlove: :music:
    Со среќа нека и е!
     
    На Victorian, mode-kristina, SwanMay и 7 други им се допаѓа ова.
  9. BayernKa

    BayernKa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    1.097
    Пол:
    Женски
    Супер е песната само се надевам нема да ја упропастат со глупава сценска изведба како на песната од Кајмакоски :^)
     
  10. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    И после зошто бегале пејачиве од земјава... Епа еве зошто.
    Гласот на Калиопи им парал уши (facepalm) бетер од пиштење во хорор...

    1000 пати повеќе во странство се ценети и повеќе ги сакаат нашиве пејчи... Затоа и Тоше и сите најголеми уметници бегаат од земјава полна со малограѓанштина.

    Зар заслужуваат такви уметници вака да бидат наредени? Не се будали овде да седат.
     
    На Victorian, Lella, honest girl и 2 други им се допаѓа ова.
  11. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Во кое странство бегаат нашите пејачи? Во Србија и Хрватска. Ама не дека и таму се нешто многу рецкани.
     
    На blackwave, elimkd, Mr. Right и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.105
    Допаѓања:
    163.626
    Пол:
    Женски
    "Dance Alone was written and produced by Joacim Persson, Alex Omar, Florence A. and Bobi-Leon Milanov and together have produced a number of international hits for artists including Lady Gaga, Kylie Minogue, Miley Cyrus, Alexandra Stan, Kelly Clarkson and Jamiroquai, having also worked with the winner of the 2014 Eurovision Song Contest Conchita Wurst."
    Еве што прочитав за песната на Јана... не знам кој пиша дека најверојатно од странски продуценти е песнава, а и јас претпоставував.
    За гласот не можам да кажам пошто ич ја немам слушано после Идолот (скоро воопшто не ги следам македонскиве фестивали :tmi:), се познава дека во видеото е обработуван ама се надевам ќе пројде океј и во живо. А песната сама по себе ми е прејака, ме потсеќа на стилот на Дуа Липа и по малце на песните од Duke Dumont :D
    Факт си е тоа дека на гласањето и резултатите најмногу влијае политиката, ама мене најбитно ми е што сме пратиле супер песна што ќе ја слушам и за која стварно ќе навивам да влезе во финале.

    Иначе на јутјуб има многу позитивни коментари, отворете спотот и видете го top comment-от од еден Италијанец... не само што ја испофалил песната, туку и во коментари им одржал лекција на Грците што напнуваат мешајќи политика цело време во коментари на наши песни 8) Сеа и ја ко хардкор патриот ќе звучам ама душата ми ја наполни хахаха :lol: :D
     
    На ludoto19, Victorian, PaLaVa и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.895
    Допаѓања:
    89.438
    Пол:
    Женски
    Каде и да одат битно не се во Мк и колку толку се пробиваат на друг пазар.
    Калиопи ја пратам и веќе прави редовно турнеи низ балканот,албуми,песни промовира.
    Кога сами незнаеме да си цениме наше тоа е...
    Да не пишувам повеќе темата не е Калиопи,ама кога веќе се спомена за неа кажав.
     
    На PaLaVa, IronLady и theunforgiven им се допаѓа ова.
  14. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.698
    Допаѓања:
    2.846

    Пејач си? Ако да, школуван?
     
  15. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Мкд пејачи ќе бидат ценети ако вадат ХИТОВИ. Никој не е имун на добра музика.
     
    На ♣ Alba Viduam ♣ и m.i.g им се допаѓа ова.
  16. Среќа

    Среќа Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2015
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    2.568
    Пол:
    Женски
    Одамна не ја пратам Евровизија само ќе ги ислушам песните што ние ги праќаме како држава. И после 100 пати на Евровизија редно беше и Калиопи да се пензионира од таму. Еднаш отиде и ништо не направи и нели се откажа и после уште два пати отиде. Конечно нешто поразлично и некоја ведра песна, енергија. Браво за девојчето и да не направи ништо на Евровизија се надевам дека ќе направи уште многу вакви песни и подобри и ќе си има успешна кариера.
     
    На m.i.g му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.923
    Допаѓања:
    81.206
    Пол:
    Женски
    А како требаше Калиопи да отпее таков фалсет?!
    Ај да ја научиме, ако не. Не за друго, да не нè брука друг пат пак. :)
    Ако пеењето фалсет е дерење, тогаш што да се каже пак за оние хеви-метал и таквите слични жанрови во кои изведувачите баш буквално врискаат.
    И Аксл Роуз пее со слична техника, па ете никој не се „пожалил“ дека Ганс ен роузес се врискала.
     
    На PaLaVa, Lella, honest girl и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Тооооооооповини е на Јана песмичето! (poolparty)

    Јас немам некое конкретно мислење за неа, малце ми е и антипатична, ама песнава ми се допаѓа. Од прво слушање знаев дека не е некој наш „мелос“, да речеме... Како беше тоа, седум осмински ли, имаше нешто со тактот и акцентот, не се сеќавам точно како одеа сите песни на македонски. :D Е, се гледа оваа дека не е таква. :D

    Иначе факт е дека на Евровизија се бара нешто младо и убаво на сцена. Елена растури со „Нинанајна“, не дека нешто длабока и' беше песната, ама она убавка, песната певлива, тоа шорцовите, она се крши, пратечи вокали се кршат, ехееееее - што повеќе? :D

    Така и Јанчево, ќе ја дотераат, долга коса, долга нога, песничево ќе се врти по радија и етееее, готоно! :dance:

    Кој беше лани на Евровизија? :^) Опи ли беше?
     
    На ludoto19, Victorian, christinnn и 10 други им се допаѓа ова.
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Песна сме имале а не кажувате. Мрднавме малку напред а? Од ритам од 90те сега еве до 2000та стигнавме :D Ок е ајде, само некако сум убедена дека разликата од песнава снимана и испеана во живо ќе е нешто вака:
    [​IMG]
     
    На PaLaVa, IronLady, duffi и 8 други им се допаѓа ова.
  20. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Мене цел ден ми се врти песнава во глава :) Спотот го изгледав неколку пати и искрено ми се допаѓа целиот пакет. И песна, и спот, и Јана ;) Гледам дека коментарите на интернет генерално се позитивни, дури сите се чудат дали стварно ние ваква песна праќаме годинава на Евровизија :D Јана мене ми е супер кул девојче, е сега не знам како ќе звучи во живо, никогаш не сум била на нејзина свирка, ама верувам дека ќе даде сè од себе за да нè претстави како што треба.
     
    На ludoto19, Victorian, PaLaVa и 5 други им се допаѓа ова.