Јапонска метода за брзо и лесно намалување на стомакот

Discussion in 'Фитнес' started by TheEkaterina, Feb 18, 2014.

  1. TheEkaterina

    TheEkaterina Истакнат член

    Joined:
    Jan 16, 2013
    Messages:
    345
    Likes Received:
    337
    Брзо и ефикасно слабеење без диета ... Звучи како неостварлив сон или како приказна за мали деца.

    А сите сакаме навистина да постои некој начин на кој ќе се ослободиме од вишокот килограми без поголеми напори. За разлика од американските гуруа за слабеење кои предлагаат различни методи и диети кои генерално се базираат на балансирана исхрана и многу физички вежби, од Јапонија ни доаѓаат многу порелаксирани методи за слабеење. Веќе десет години јапонскиот доктор Фукуцуџи им помага на жените да ги загубат непотребните килограми неверојатно брзо. Со методата на доктор Фукуцуџи се слабее за најкратко можно време, без исцрпувачки диети и напорни вежби, и без трошење на големи суми на пари. Што е најинтересно од се, се губат наслагите околу половината, кои, како што велат експертите, никако не можат да се стопат без вежбање. Звучи како сон, ама за среќа овој пат е реалност!

    Над шест милиони примероци од книгата на докторот во која се објаснува методата за брзо слабеење се распродадоа во Азија со брзината на светлината. За спроведувањето на методот не ви е потребна никаква дополнителна опрема. Сé што ви е потребно се неколку крпи и рамна подлога. Суштината на методот е во тоа дека неколку минути дневно треба да лежите на рамна подлога со неколку крпи свиткани во ролна и поставени под половината. На овој начин ќе изгубите неколку сантиметри од обемот на половината ВЕДНАШ! А доколку ја придвижите ролната нагоре и ја наместите под градите, ќе ги поткренете градите и ќе ви се исправи телото. Со оваа метода можете и да се издолжите за некој сантиметар!

    Во своите истражувања доктор Фукуцуџи се концентрирал на скелетот и коските и заклучил дека главната причина за широкиот обем на половината е разидувањето на карличните и подребрените коски. По низа експерименти тој емпириски ја докажал неговата хипотеза и развил метода за брзо губење на наслагите на стомакот.

    Што точно треба да направите?

    1. Прво треба да направите ролна од крпи и да ја преврзете со некаква соодветна лента. Ако имате проблеми со грбот се препорачува помека и помала ролна.

    [​IMG]

    2. Потоа треба да легнете на рамна и тврда подлога, не се препорачува на кревет, туку подобро на соодветна подлога на подот.

    [​IMG]

    3. Ја поставувате ролната под грбот, точно под половината, односно под папокот. Ролната треба да биде малку поширока од ширината на грбот

    [​IMG]

    4. Опуштете се. Поставете ги нозете во ширина на рамениците и свиткајте ги стапалата така што ќе се допираат само палците на нозете

    [​IMG]

    5. Рацете треба да ги испружите над главата, да ги свитката дланките надолу и да ги споите малите прсти

    [​IMG]

    Позицијата можеби ќе ви изгледа малку непријатна, но на почетокот испружете ги рацете колку можете и погрижете се да се допираат палците на нозете и малите прсти на рацете – тоа е најважно.

    Лежете во оваа позиција пет минути.

    Можете да лежите и три пати дневно по пет минути, но првиот пат само пет минути е сосема доволно.

    Тоа е тоа.

    Изгледа страшно лесно, НО ... Ако правилно се изведе вежбата, вашиот скелет ќе почне да се враќа во својата природна положба и можете да почувствувате болка. Ако ви е тешко да издржите пет минути, можете да почнете со две и постепено да го зголемувате времето, но на крајот морате да дојдете до целните пет минути. За најдобри резултати потребно е секојдневно да вежбате, поточно да лежите. Ако ја поставите ролната под градите – ќе ги поткренете градите, а ако ја поставите под ребрата – половината ќе стане уште поизразена!

    Важно е по сеансата да станете многу пополека. Прво свртете се на страна, па седнете и потоа станете, избегнувајќи нагли движења.

    Дури и ако не верувате во оваа метода, немате што да изгубите ако ја пробате. Нема да ве чини ништо, за разлика од различните чаеви и препарати за слабеење. Измерете го обемот на половината и висината пред и по вежбата и ќе бидете прилично изненадени.

    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... whgpv2k8a0

    Јас ќе го пробам ова утре... ако стварно е вака.. ухууу!!! :D
     
    didicool likes this.
  2. TheEkaterina

    TheEkaterina Истакнат член

    Joined:
    Jan 16, 2013
    Messages:
    345
    Likes Received:
    337
    -3cm за 5 минути.. мислам дека знам зошто се три а не четири имено десната нога ми е фалична пошо како дете го имам скршено зглобот и мислам дека тоа е проблемот.. инаку не извишав.. :( само се намалив во половината.. :)
     
  3. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Joined:
    Nov 26, 2012
    Messages:
    5,595
    Likes Received:
    5,940
    баш ме заинтересира ама утре мора да се проба :D
     
  4. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Joined:
    Feb 15, 2014
    Messages:
    17,045
    Likes Received:
    183,995
    е утре ке пробам и јас одамна ова го читав ама не сум помислила да пробам
     
  5. Marossa

    Marossa Популарен член

    Joined:
    Sep 8, 2012
    Messages:
    2,398
    Likes Received:
    6,869
    Gender:
    Female
    Абе ич не ми е верно ова, тие што пробале нека пишат, баш ме интересира :D
     
  6. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Joined:
    Feb 14, 2013
    Messages:
    2,226
    Likes Received:
    5,276
    Прв пат слушам за методава, ама ме потсети на многу јога вежби кои се прелесни, а решаваат еден куп проблеми и на физички и на психички план. :)
     
  7. rak1

    rak1 Истакнат член

    Joined:
    Jun 19, 2010
    Messages:
    212
    Likes Received:
    45
    Штотуку ја направив вежбичката неможев да дочекам до утре :D Но легнав на земја. Може ли така или не е ефикасно на земја?
     
  8. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Joined:
    Feb 14, 2013
    Messages:
    2,226
    Likes Received:
    5,276
    Ја направив на под, не е тешко, малку си оптегнат :lol: , се мерев со метро пред и потоа, немаше разлика, но многу убаво ме опушти и растегна вежбава.
     
  9. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Joined:
    Jan 29, 2010
    Messages:
    3,871
    Likes Received:
    101,835
    Gender:
    Female
    Мене ми е одлична за растегнување.Толку сум укочена што дури и ме боли кога се оптегам.Ја правам вежбава но не сум дисциплинирана,туку повремено некои 3 месеци.Првпат кога ја направив болка се појави на некои места,на кои не ни очекував дека ќе ме заболат.Очигледно покажува колку неправилно го држам телото. Не сум се мерела но не ја практикувам редовно,така да не можам да кажам дека има резултати.
    И секогаш се прави на под,никако во кревет.
     
  10. baby-star

    baby-star Популарен член

    Joined:
    Feb 8, 2012
    Messages:
    2,478
    Likes Received:
    10,927
    Ја пробав методата,ми се појави мала болка во грбот,мене ми е совршена за истегнување,особено наутро.
    Не се мерев,така да не знам дали е ефикасна за тоа.
     
  11. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Joined:
    Jul 30, 2012
    Messages:
    2,893
    Likes Received:
    11,287
    Gender:
    Female
    Јас одамна ја меркам too good to be true :D
    Можни ли се некакви негативни последици ?
     
  12. stojanovskata

    stojanovskata Истакнат член

    Joined:
    Dec 9, 2011
    Messages:
    472
    Likes Received:
    121
    Сум ја правела и јас методава.Па што да кажам немав некои резултати послем 3 пати вежбање а послем тоа и сама се откажав.Бидејќи све мисалм дека не е ова добро за телото.Како прво приметив дека едната рака неможам скроз да ја свртам како другата :^) второ ми се кочеше зглобот на едната нога и како трето и најстрашно имав пилично голема болка во рбетот.Во мојава фамилија скоро сите имаат проблеми со грбот па наследно а и како помала паднав од едно како ѕидче повисоко на кое стоев качена на него со нозе ,паднав право на тој дел опашка што го викаме.И послем правењето на методата многу ме болеше грбот тој дел.Па незнам од друга страна ми се многу неверојатни резултатите па и не ја препорачувам посебнмо не за луѓе како мене со болки во грбот :!:
     
  13. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Joined:
    Feb 14, 2013
    Messages:
    2,226
    Likes Received:
    5,276
    Па ти си фатена ма срцка. :lol: Затоа не ти е добра методава.
    Иначе стварно истегнува и исправува. :)
     
  14. Црвче

    Црвче Истакнат член

    Joined:
    Jul 1, 2015
    Messages:
    132
    Likes Received:
    563
    Gender:
    Female
    Дали вежбава се препорачува за деца? Јас мислам дека не е ништо опасно, ама сепак да бидам сигурна дека може сестра ми да ја прави
     
  15. Црвче

    Црвче Истакнат член

    Joined:
    Jul 1, 2015
    Messages:
    132
    Likes Received:
    563
    Gender:
    Female
    Дали имаш проблеми со опашната коска инаку?
     
  16. macence4

    macence4 Истакнат член

    Joined:
    Feb 18, 2012
    Messages:
    292
    Likes Received:
    416
    Се што имам видено и слушнато за слабеење пробав па и ова.Не се мерев пред и потоа но добро ми дојде .Сега се ме боли :D:D:D:D:D