Колку ја гледав Дигимон на А1, се споулавував. Толку се имав опседнатно што за 10-ти роденден тортата ми беше со Такеру. Во средно помнам низ трафикиве излегуваа цедиња со по 5 епизоди од Дигимон 2. И тие ги купував. Пред некој ден си го најдов албумот со сликички, скоро цел ми е пополнет.
Првото аниме што го гледав иако бев многу мал тогаш не го фатив целиот замав на Дигимон, памтам само дека беше на јапонски со мк превод, после тоа моето омилено аниме почна да се емитува на А1, а тоа е драгон бол во далечната 2002, тортата за6ти роденден со Goku :3 и пред некоја година имаше иницијатива да се соберат дигитално сите епизоди што беа емитувани со македонска синхронизација и мисијата беше успешна. После драгон бол знам дека почна Покемон да се емитува и сите деца опсесивни бевме, па албумот кога излезе со сличињата во кроасани беше врв од хајп, уште 5 ми фалеа на него и тората за 7 години ми беше со пикачу. Штета што нема таква радост повеќе кај поновите генерации, мило ми е што ја искусивме таа радост како деца, и едно мн големо фала за а1 што ни го направи детството преубаво <3
Во моментов се опседнав со Jujutsu Kaisen. Ги истерав првите 2 сезони, сега се чека и третата која треба да излези на 7ми јануари (баш навреме за да сум одма во тек ). Ама навистина нај masterpiece аниме од она што досега сум гледала, дури повеќе ме навлече од Demon Slayer. Колку што разбрав, во третата сезона се чека Gojo vs Sukuna, а има и доста популарно фан видео за тоа: Gojo ми е краш, тоа очите во душата ми гледаат, ама и Сукуна ми е шармантен bad guy.
Не е лошо аниме, почна многу јако ама со тек на време станува "веќе видено"... иначе ако ти се допадна анимево, а како инспирација му се Bleach и Naruto па погледни ги и нив можеби ќе ти се допаднат.
Јас имам впечаток дека има многу хајп за ова аниме, и можеби дека го гледав наеднаш сето ми е интересно уште. Наруто од мала немам гледано, знам дека има многу епизоди, а за тоа другото немав чуено. Јас си правев паралела со Demon Slayer бидејќи двете се со "чудовишта против луѓе" basically, и специјални луѓе кои напорно тренираат за да ги уништат. Ајде ќе ја гледаме сега третава сезона па ќе кажиме впечатоци. Вакви типови на аниме ми се омилени за гледање, иако понекогаш сакам и нешто скроз лесно (последно такво ми беше Alya sometimes hides her feelings in Russian).
Shounen жанр значи ти е интересен.. Bleach ти е нешто со луѓе, богови и демони- чудовишта, супер моќи и мечеви користат. Hunter x Hunter би ти било интересно исто така да го погледнеш. Fullmetal alchemist Brotherhood ти е ремек дело се работи за тажна приказна, ама има и многу комични моменти, каде двајца алхемичари -деца сакаат да ја вратат мајка си во живот... и трагаат по Philosopher's stone..
Најдобро рангирана епизода на JJK досега, и меѓу најдобрите во историјата. Absolute cinema. Третава сезона веќе многу ми се допаѓа, само што една епизода неделно излегува.
Absolute PEAK. Се вклучив на IMDb за да ја рејтнам епизодава. Прејак начин на завршување сезона. Сезона 3 официјално заврши, сезона 4 е официјално потврдена но нема release date. Се шпекулира најрано јануари 2027. Спојлер And also this
Не ми правеше ќејф. Анимацијата не ми се допадна, постојано се менува. Само со Маки тепачката беше интересна.
Секој со своето, инаку и мене со Маки епизодата ми беше најомилена оваа сезона. Многу подлабоко значење има од тоа дека го закла Зенин кланот. Последнава епизода од трета сезона уште е на 9.9 со скоро 40 илјади ривјус, а анимацијата општо во трета сезона им е различна од првите две. Но triple domain expansion + heian Sukuna, тоа ми направи да ми е лично 10/10. Претпоставувам 4та сезона ќе заврши кога ќе го ослободат Гоџо, мислам дека ќе е поинтересна сезона.
Јас денес ја завршив трета сезона. Омилена епизода ми беше таа со Маки и последнава. Инаку, премногу агресивна ми беше сезонава ради играва. Фали Сатору.
Daddy наскоро ќе биде home, но за другото ќе си ја држам устата затворена. Факинг Кенџаку е виновен за сѐ, и уште не се знае зошто го прави сето тоа. Инаку јас најмногу се трауматизирав со Шибуја во втора сезона, ова некако ми е.. океј веќе видено. (ама дека читам и манга just be ready ќе речам). Маки омилена на сите.
Ептен фали. Многу досадна и монотона. Сега ја чекам Chainsaw Man 2 сезона треба да ја пуштат крај на година.