Ако е по мангата, има веројатност да заврши сезоната ко ќе се појави. Со другар дебатиравме за ова, ако прават пак по 12 епизоди, така би требало да е, а останатото во друга сезона и/или филм(ови). Јас сум Sukuna girlie, опседната сум со него. Но и Гоџо го сакам, а од последнава сезона Маки и Јута ги обожавам.
Каде може да гледам Блич новата епизода? И кажете ми некоја апликација за на ТВ ако треба и ќе си платам за да можам да гледам рајат?
На Disney+ ми излегува дека го има, за со плаќање. А за бесплатно гледам го дава и на Sanji anime само не знам дали се сите епизоди.
@Amellie13 тебе ќе те прашам може знаеш, каде да најдам аниме книги и манги? Ќерка ми бара, до сега земаше од литература ама послабо избор и има некако. Може оф топик е, ама дел од нејзините колекции . Сликиве ми се од пролетта, сега има уште некои книги, перници и др тракатанци, поима немам што се, јас само нарачувам кога треба.
Ааа супер колекција има. Јас манги имам земено од книжарница од Романија кога бев, конкретно зa Jujutsu Kaisen. Сега ми излезе некое време и за во Белград дека имаат манги поголем избор во Делфи книжарницата. Исто сум видела во Солун, во Паблик во космос но не некој преголем избор. Кај нас за жал нема скоро ништо, но можи да им пишиш на animestore.mk на Инстаграм да не имаат тие или да не можат да порачаат (и мене ме интересира). На Амазон има исто така но не би препорачала бидејќи јас ко пробав да порачам Jujutsu Kaisen volume 30 најновиот ми пратија по ДХЛ, што потоа бараат цело богатство, па морав да одбијам. Ако имаш некој во ЕУ порачај на негова адреса за без дополнителни трошоци па нека ти донеси тука.
@emiliana ќерка ти е многу кул. Патем, од каде ги наоаѓате работиве, вакво нешто немам сретнато по нашиве продавници.
@Amellie13 фала за инфо, Солун може да ѕирнеме кога ќе се иде натака. А ваму баш ќе и кажам за animestore нека праша да видиме што имаат па ќе пишам @MissChievous фала ти девојче Освен книгите се друго е од тему. Ама ако почнеш нема крај. @Mishela кај се наоѓа тоа?
Во Порта Буњаковец е, веднаш зад автобуската станица. Голема книжарница на два ката е (и мангите се на горниот кат), лесно ќе ја забележиш кога движиш од надвор.