Се согласувам. Само што го изледав филмот. Многу ми се допаѓа. Ако го имате гледано и ви се допаѓа, сличен на него е Howl's moving castle.
На 28-ми септември 2013 ќе излезе и новиот филм Kara no Kyoukai-The Garden of Sinners: Mirai Fukuin . П.С Во превод името на филмовите е Boundary of emptiness-the garden of sinners. http://www.youtube.com/watch?v=EVV8XWOtG8s http://www.youtube.com/watch?v=kSBRfykVv3Q Исто така и последната епизода на Attack on titan ќе излезе на 28-ми.
Мислам дека јапонското аниме е многу подобро од американските цртани. -Аниме не е наменето само за деца до 10 години. Приказните се посериозни и многу подобри од американските цртанчња. -Има подобри ликови и додека трае филмот/серијата дознаваме многу за ликовите за разлика од американските цртани во кои не знаеме ништо за ликовие -анимацијата и стилот на цртање е далеку подобар од оние глави во форма на триаголник кои ги среќаме во американските цртани -Има прекасна музика. Добро, и некои филмови на Дизни имаат убава музика... Јас сум најголемиот отаку во светот. Нема никој што сака аниме повеќе од мене...Можеби сум фрик, но...
Еден бивши многу следеше манга и аниме, па и јас покрај него почнав. Бев скептична на почетокот искрено, ама за негова љубов гледав и го сменив мислењето па после јас го буцкав да гледаме нешто вакво. Ги имам гледано FLCL, Cowboy Bebop, Black Lagoon, Death Note, Baccano!, Blood+, Mezon Ikkoku, Kane Kano, Neon Genesis Evangelion. И морам да спомнам филмови како Ninja Scroll, Perfect Blue, Princess Mononoke, Wicked City, My Neighbor Totoro, Neon Genesis Evangelion: The End of Evangelion, Spirited Away, Howl's Moving Castle... Ми притекнуваат уште па допишувам. Претпоставувам дека ако не сите барем скоро сите ви се познати. Шубаи спомени ми се навраќаат. Морам да седнам да изгледам уште нешто, немам гледано долго време.
Едни од омилените цртани . Интересни со добра содржина добар музика , ликови.Преска случајно ми текна го пуштив да го гледам Death Note и забележав тука тема па ајде да пишам да не останам покусо. Наруто еден од омилените ми беше од детството и по милиони пати да го гледав .Tsubasa chronicle го имама загледледано на некое каналче , Покемон , Ѓоко ( Сун Џоко . Повеќе што сум ги гледала не сум памтела насловите
Здраво, огромен аниме, манга и манхва отаку тука (дискретно покажува кон корисничкото име ) Јас тотално рендом се запознав со целата таа култура - другарка ми којзнае како и којзнае зошто ја симнала од торент Vampire Knight мангата ама не можела да ја чита зошто била од десно на лево, па ми кукаше по чет и ме заинтересира! И ај ми го прати по мсн (ова беше пред некој добри 6 години) првиот волјум (како се преведува ова кај нас? Том?) и толку ми требаше, упецана бев Симнав се што имаше да се симне од торент, последните тогашни чептери ги најдов на Манга фокс, па од VK се префрлив на Loveless и тука си ја научив лекцијата што значи да се зачиташ стрип кој е уште онгоинг (толку години подоцна, уште не е комплетиран ) и така се започна Во принцип поориентирана сум кон манга отколку кон аниме т.е кога гледам аниме преферирам да биде оригинална серија kako на пр. Cowboy bebop, Neon Genesis Evangelion, Darker than Black, Ergo Proxy i moeto najomileno Samurai Champloo Не знам дали ги имате читано , јас најтопло ви ги препорачувам Hellsing и Berserk (исто имаат и аниме, за оние кои не се љубители на манга форматот само мислам дека има некоја разлика во однос на оригиналната приказна) Со корисниско име Наусикаа нели нема потреба да кажувам колку ми се супер филмовите на Студиото Гибли ама дефинитивно морам да споделам една мала тајна- кога за првпат го гледав, пред 2 ипол години Nausicaä of the Valley of the Wind јас, која никогаш не плачам на филмови и се смеам кога има на екран патетични сцени, се расплакав при крајот на филмот Можеби бев преуморна од работа, можеби беа хормони во прашање ама како и да е, цмиздрев p.s Иако го спомнав претходно Vampire Knight, во никој случај не го препорачувам зошто јас бев скроз разочарана од моментот со Спојлер инцест и го баталив одма после тоа.
Elfen Lied е НАЈДОБАР!!! Има 13 епизоди, и сите ги изгледав во ист ден, една по една. Стварно е нешто посебно, според мене. И секако, „класиката“ Death Note И да, ќе заборавев! Ми беше абсолутно најомилена на времето, Theme Song од Elfen Lied http://www.youtube.com/watch?v=qA3oPpH7KVg и пијано верзија дека обожавам пијано http://www.youtube.com/watch?v=tdRzphj_-cE
Во следните десет дена (колку што остана од распустот) ќе „организирам“ аниме акција, односно ќе гледам аниме како забегана.
Обожавам аниме, ама искрено во последно време некако слабо да излезе некое со асален квалитет. Лимонадите не ги гледам, повеќе сакам Shounen со добра акција и добра приказна. Од долгометражните голем фан сум на Студио Гибли, ги обожавам сите нивни филмови! Од сите на Гибли нај омилени ми се Princess Mononoke, Spirited away и Grave of the Fireflies. Само последниот The Wind Rises го немам гледано сеуште, a слушнав дека е ептен емотивен. Miyazaki е цар! 5 centimeters per second e аниме на кое се имам истурено од плачење. Bleach ми е гилти плежр, го имам изгледано од прва до последна со се филери, уште филмовите ми останаа. Моментално сум импресионирана тотално од : Attack on Titan - Shingeki no Kyojin Значи почнав да го гледам со скептицизам бидејки никако неможев да налетам на асален аниме серијал во последно време. И тотално се заљубив! Го изгледав за 3 дена, и веќе следниот ден бев во криза по нови епизоди што дури се нафатив и мангата да ја читам, што е многу добар знак бидејки тоа пре ретко се случува. Приказната, дијалозите, акцијата, дизајнот, карактерите, полн погодок. Ремек дело. Toлку cliffhangers немам видено во нитуеден серијал од било каков тип. Музиката маестрално одбрана, сеуште ми се поголем дел од траките на плејлиста. Да не должам, приказната се врти околу три пријатели Eren, Mikasa и Armin кои стануваат дел од специјална единица која се бори против Титаните. Монструозни џинови кои личат на луѓе, немаат полови органи, немаат никаква интелегенција и навидум изгледа како нивна единствена цел е да убиваат луѓе од непознати причини (значи не за исхрана). Несакам да откривам повеќе еве ви трејлер и линк од саундтракот, и МОРА ДА ГО ИЗГЛЕДАТЕ, сега за сега е само една сезона, дали ќе има втора сеуште нема никакви информации и покрај огромната популарност. П.С. тоа што нема dubbed верзија да не ве одвраќа да го гледате бидејки анимево е дефинитивно ремек дело! http://www.youtube.com/watch?v=EMQeGubna3E http://www.youtube.com/watch?v=dXCGXnFf6dM Madoka Magica - Puella Magi Oва ми аниме ми беше едно од најголемите изненадувања за 2013. Навидум на прв поглед изгледа како просечно Magical girl, Shoujo аниме, жанр кој не ми се допаѓа премногу ама тоа е само навидум. Позади таквиот изглед се крие многу темна, тажна приказна за едно пријателство, за тоа дека ништо во животот не е бесплатно, и дека да се биде херој кој се бори против се што е зло за доброто на човештвото не е толку прекрасно и има своја тема страна и цена која мора да се плати. Најдоброто психолошко аниме кое го имам изгледано во мојов живот. Прави тотална деконструкција на magical girl жанрот. Стилот на целото аниме и те како е контрадикторно на приказната и дејствието. А крајот, каков пресврт, тотален mindfuck ми се случуваше, неможев да се освестам неколку саати. Анимето е прилично кратко, мислам дека е околу 20тина епизоди. Јас го изглдав наеднаш бидејки тотално ме маѓепса. Плус музиката што е еден огрооомен плус! Значи обожавам аниме со добра музика што е дефинитиво реткост бидејки не ми се допаѓа премногу јапонскиот стил на музика. Саундтрак : http://www.youtube.com/watch?v=QwquipMpsiQ
Доколку сакате сериозна и доооолга приказна, дајте му шанса на Monster. Се состои од 74/5 епизоди, жанрот е sci-fi трилер. Воведот е добар, во германската болница работи еден успешен јапонски хирург кој се најде на раскрсница да одлучи дали ќе го спаси детето кое е погодено во глава или инспекторот (не сум баш сигурен, дали му беше ова функцијата) преку врски? -На Вас останува кого ќе одлучи да го спаси и што се случува понатаму. За мене е едно од поомилените аниме серии што сум ги изгледал, иако сум фан на шонен сериите.
Го најдов мојот пост! Јас сум тотално опседната - не само тоа, туку читам и манга, и слушам тоухоу- односно тоа е Јапонската музика создавана за Аниме. Naruto, Fairy Tail, Death Note, Elfen Lied, Mirai Nikki, Free! Iwatobi Swim Club, One Piece, Samurai Champloo, Shingeki no Kyojin, и уште мнооогу... дефинитивно ми го одзема животот ова.