И ја сум фан на анимево. Можи сум фрик за некој ама ете... Кога ќе се загледам заборавам да станам. Инаку Naruto, Death Note, Bleach, Fullmetal alchemist i Fullmetal Alchemist brotherhood би ги препорачал за тие што ги немаат гледано. Death Note посебно има подобра приказна од 90% од филмовите што излегуваат на денешницава... Naruto сепак ми е најомилено поради тоа што има добра приказна ама и до детали раскажана за речиси секој од ликовите. Омилени ликови... L и Lisa од Death Note, секој еден што има Sharingan во Наруто а посебно Itachi и од Bleach - Rukia и брат и
Aбе за мене е како посебно пошто имам 21 година...ама ич не ми е гајле да ти кажам... Дај туку кажете некое интересно да гледам оти се живо изгледав
Така ќе му дојде работата. Често добивам коментари како „Што, повторно ли ги гледаш/црташ тие јапонците/вонземјаните“? Или пак „ау, колку многу гледаш цртани...аниме, де, аниме“.(им се дерам кога велат „цртани“). Ама ич не ми е гајле. Ќе си гледам аниме, ме сметале за фрик или не.
На мене омилени аниме што најмногу ги гледав се: Detective Conan (се уште трае и го гледам), Kamikaze Kaitou Jeanne, Sailor Moon, Digimon И јас сум во оние што ги викаат фрик бидејќи имам 20 год. а гледам аниме....Anime 4 ever
Веќе полни 18 а обожавам аниме. Другарките постојано се чудат на тоа, но што да правам. Ги обожавам Покемон, Диџимон, Ју-џи-о, Драгонбал, Death Note, но дефинитивно сум најголем фан на Наруто. Го обожавам секој дел од анимето, опседната сум со него. Сега сум до Наруто Шипуден до 287 епизода и имам уште за гледање со оглед на тоа што серијата не е завршена, you know. Човек да ме остави и цела недела без престан ќе го гледам. Го знам скоро секое џутсу, кекеи генкаи и историјата на цел филм. Believe it!
Amaterasu!!! Eхх Itachi... Абе ја 21 имам и пак гледам без осет. Незнам што им е толку чудно на луѓево. Па аниме е 10 пати поинтересно отколку да гледам како Џеврие го излажала Џевдет оти Севдет не ја зел за жена Фатиме... Глупости... А и приказните во повеќето animes се добри. Death Note i Code Geass се ремек дела, Naruto исто така има добра сторија. И трагично е што те сметаат за No-lifer ако гледаш вакви цртани или пак заостанат.... свашта.... Tуку дај препорачајте да гледам нешто интересно. Веќе незнам што да гледам па ако знае некој башка од овие: -Fullmetal Alchemist: Brotherhood -Code Geass -Death Note -Naruto, Naruto Shippuden -Bleach -Fairy Tail -Yu-gi-oh -Digimon -Dragon Ball
Daj mu shansa na: Monster Attack on Titan Berserk Gungrave.... Izgledaj gi ovie, pa pishi povtorno ovde, valjda ke bidam na forum.
И јас голем љубител на јапонски анимирани филмови мене пак кога ќе ме прашаат што гледам јас цртан им викам некако полесно ми е отколку да објаснувам што е аниме Омилени ми се: Death Note Спојлер иако никогаш не успеав да ја преболам смртта на Кира ,Code Geass (ме воодушеви крајот и тоа што секој може да го протумачи како што сака Спојлер иако за мене факт е дека Лелуш остана жив и среќно си живеат со ЦЦ (љубителот на пици ) и Serial Experiments Lain Со втората песна за отварање на Death Note вечно сум опседната. И до колку знаете препорачајте ми некои анимиња како Death Note и Code Geass од сите што ги имам гледано неспоредливи ми се со овие.
Не ги пратам многу, освен тие стандардните серии (Dragon Ball, Pokemon, Digimon) гледан ми е Princess Mononoke. Многу многу многу ми се допаѓа филмот, прват го гледав кога бев помала но знам да си го пуштам и до ден денес. Ако може да ми кажете некој филм сличен на овој би ви била благодарна
Fate/Zero Незнам дали има потреба нешто да кажам после трејлеров. Fate/Zero е за Аниме она што е Game of Thrones за серии. Анимација перфектна, ако не и најдобра, музика перфекција, ликови перфекција, приказна перфекција. Што повеќе можеш да посакаш?! Дефинитивно ми беше откритие на годината! Нема да должам премногу, ги има едни од најкомплексните ликови. Најмногу ми се допаѓа тоа што нема добро и лошо, црно и бело. Сите се движат во една сива ареа, со свои филозофии, свои желби, убедувања и внатрешни конфликти не подобри или позлобни од оние на другиот спроти нив. Дефинитивно не е серијал за тепање време, бара доста концентрација и внимание да посветиш бидејки се куп ликови, со куп комплексни односи, дијалози, филозофии и слично. Доколку сте љубител на Аниме, Fate/Zero е од оние кои мораат да бидат на листата на изгледани! Од мене 10/10, моментално ми е број 1 на листата најдобри Аниме серијали. П.С. Причина повеќе за да го погледнете е интерпретацијата на ликот на Александар Македонски кој е шармантен аs hell, и ми беше еден од омилените ликови од почеток до крај