Appleseed - гледам дека никој не го спомнал досега, а е стварно добар и вреди да го гледаат и оние кои не се љубители на овој вид анимирани филмови.
Dragon ball -му нема рамен И самата не знам колку епизоди имам изгледано и колку долгометражни филмови од цртанов.Мислам дека нема дете по постарите генерации кои не го има гледано барем 1 едпизода.Сега пак почнав да ги гледам од прва епизода. Исто и Покемон (го имам Пикачу како играчка што се полни со сунѓер) и Јуџио (уште си ги чувам картите) ми беа и ми се омилени -мажот кога бев малечка ми беше Гоку
значии неможам да верувам дека наруто мангата завршии а се ближи и крајот на анимето супер енд..само што јас очекував некој смртен случај али то е то
Вреди ли да се гледа Наруто? Ја го имам почнато неколку пати ама некако не ми фати око. Незнам дали да почнам да го гледам, имам слушнато дека има многу филер епизоди, па ако има некој да ми даде листа со епизоди без филерот би била пре благодарна.
наруто шипуден е поинтересна почни ја (според мене едно од подобрите аниме е) јесте дека е малку развлечено али гледај
Е како да почне да гледа Шипуден кога не му/и е гледано Наруто? Двете се поврзани, и вреди да се гледа доколку си newbie во гледање на аниме, барем јас уживав додека го гледав и не зажалив што потрошив толку време на едно долгометражно аниме. Крајот го прочитав во мангата и завршниот дел е многу лош, воопшто не ми се допадна.
Не сум newbie во аниме, далеку од тоа, но кога и да почнев да го гледам нешто не ми штимаше. Никогаш не успеав да се поврзам со ликовите и приказната и појма неам. Последен пат пробав да го гледам пред скоро 3 години. Ќе си најдам листа со епизоди без филери пошто мака ми е со се нив да гледам трилион епизоди па коа ќе имам време ќе пробам пак. А на друга тема, незнам колку Аватар the last airbender се класифицира како Аниме, али денес го изгледав финалето на Korra, и ептен сум тажна. Дефинитивно крај на еден пре добар серијал. Можби еден од најдобрите и најквалитетните анимирани серијали (поготово за деца). Срцево ми се крши што заврши една прекрасна ера али дефинитивно ќе си продолжам со стриповите. Од новите Аниме серијали од 2014та ништо немам начнато, а годинава помина веќе, плус немав време покрај други серии, но му се спремам на Tokyo Ghoul, aко има некој гледано нека пише импресии.
Повеќе гледав кога бев помала, повеќе даваа на тв па повеќе извори за гледање имав, сега повеќе читам „манга“ него што гледам „аниме“ ама можам да кажам дека моментално останав на Наруто, кога веќе мангата ми заврши редно е да се навратам кон анимето малце Колку што знам се класифицира како аниме. и со Анг и со Кора мене ми беше доста интересно, често пред да излегвам секој ден на Ник по две епизоди гледавме со брат ми
Не те разбирам, првин Шипуден го гледаше? Треба најпрвин Наруто да го почнеш и мислам дека баш тогаш е најинтересна приказната и повеќе детали има отколку во Шипуден каде борбите се едноставни. Пример: Kage Bunshin + Rassengan -неуспешно Kagebunshin + rassengan - пак неуспешно и така се додека не победи... Сепак треба да му се даде, во топ 3 долгометражни шонен серии е, иако One Piece (број 1) е далеку подобро содржински и дупло повеќе фанови има од Naruto.
Ех сеa дaли е Авaтaр aниме... дoстa рaспрaвии имa зa тoa.. Зaвиси штo пoдрaзбирaте пo aниме... Акo пoд aниме пoдрaзбирaте вид нa aнимaцијa, прикaзнa, зaпoчнaтa вo Јaпoнијa, тoгaш е aниме. Акo пoд aниме пoдрaзбирaте јaпoнски цртaни, пa дури и дa ги немaaт тие типични кaрaктеристики, тoгaш не е aниме. Инaче aниме нa јaпoнски вooпштo знaчи aнимaцијa, тaкa дa зa јaпoнците, и цртaните нa кaртун нетвoрк се aниме. Јaс мислaм декa Авaтaр е извoнредн цртaн, и имa кaрaктеристики сo кoи мoже дa се нaрече aниме, иaкo е oд Америкa.
Ги имам гледано само тие дигимон,покемон.Ми се допаѓа како се нацртани и гледав туторијали како да нацртам манга,аниме лик.
Од Наруто почнав, Шипунден никогаш не сум го гледала. Иначе ќе пробам да му дадам уште една шанса кога ќе имам повеќе време. Се надевам дека ќе успеам да го изгледам (без филери).
следев неколку(не ми текнуваат сите сега), death note i kurositsuji беа последните што ги гледав сега дека скоро цела година зафатена бев со сликарство немав никако време ни за аниме ни за манга. а за манга имав страница каде што ги читав, но сега ја изгубив, и неможам пак да најдам која страна беше.... знаеш некоја добра страна да ми препорачаш за манга?......
Ги следев Hellsing и Trinity Blood едно време. Интересни се за пополнување на времето. Неверојатно многу труд има вложено во нивната изработка и тоа е она што најмногу ме привлекуваше.
До пред неколку години имав лошо мислење за аниме, затоа што мислев дека се детски пошто само такви даваа на нашите телевизии. Кога сфатив дека сум грешка, сега почнав се да следам од аниме, манга до VN и LN. А омилено аниме ми е HxH 2011. Можеби малку претерувам, ама подобар ми е и од FMA Brotherhood.