И јас сум фан на DB, ама гледам и многу други. Те советувам да ги изгледаш и другите делови од Драгон Бол, и да си продолжиш во Супер, многу е интересно (Мој совет за редослед - ДБ, ДБ Каи, па Супер)
Уф еве сега стигнав до моментално последна излезена епизода од Boruto. Знам дека се фатив на воз кој ќе оди до безконечност и кој некогаш ќе ме изнервира премногу, ама која носталгија ме фати, како да ги гледав почетоците на Naruto.
DBZ Kai е скратена верзија од DBZ. Супер почнав да ја гледам и ми здосади... Подобро Battle of Gods да го изгледаш и си скратуваш минимум 10 епизоди (барем до таму каде што изгледав беше иста приказна со филмот). Затоа ги мразам овие со по 100 епизоди... Ќе го должат, ќе го тупат и веќе се губи приказната. Наруто сега има Боруто, Гоку стана SSJнезнамкојвеќе. Кратки и слатки аниме, особено кога се ongoing ќе ги изгледам со мерак... ама тука станува збор за вкусови.
Точно, станува збор за вкусови, јас сум од оние што ако ме интересира нешто не ми е битно колку трае. А за ДБ, советот ми беше за тие што ги интересира да гледаат, глумата во Z Kai на англиски е 1000 пати подобра од Z а и музиката е соодветна, ако ви се гледа Z специфично јапонската верзија е најдобра. Па затоа го кажав тој редослед. Инаку за кратки и слаки аниме ги препорачувам Attack on Titan (за ова строго јапонска верзија според мене), Claymore, One Punch Man го фалат иако не ми е омилено, Tokyo Ghoul, Mai Hime, Re:Zero, Death Note, Fullmetal Alchemist (или FA Brotherhood), Hunter x Hunter, Code Geass :/ ... итн.
Исто и мене со носталгијата Работата со долгите аниме е што понатака стануваат подобри (најчесто, но има и исклучоци кои се цело време добри)
Кратко и слатко - Бакано! Ги сакам овие кратките ама нешто ме пецка да ги гледам и долгите. @Aneta97 ќе има ден во иднина со внуците кога последната епизода од Боруто ќе ја гледаме.
Сѐ над 24 епизоди ми е предолго. Сакам да се убедам да ги гледам сите моногатари серии, ама премногу ми се... Колку што сум ѕирнала имаат интересен стил, и начин на компомирање на кадар.
Епа Claymore и Mai Hime ти се по 24 епизоди, гледај и Code Geass ако не си гледала. Или па еден филм може да ти препорачам строго - Your Name. Го има надминато Spirited Away во гледаност (кина), што значи дека е најгледано аниме филм кога било направен.
Code Geass сестра ми го изгледа и ми го препорача, ми спомна дека ќе имало уште една сезона... но за Claymore ми кажа не било нешто посебно. Mai Hime звучи интересно, а Your name го имам изгледано. Повеќе аниме филмови сум изгледала отколку серии... мрза сум.
Cleymore е супер ако ти се допаѓаат огромни мечеви и луди и иновативни борби. Mai Hime ми остана еден така долг и убав спомен, има сé што треба едно убаво кратко аниме да содржи: акција, драма, романса, тензија, импакт и совршен крај
Ако го немаш гледано слободно ке ти го предложам Your Lie In April Fuuka (има и манга и аниме, но анимето е само 12 епизоди и има различен крај од мангата која е многу подолга)
Za se sto kaza vopravo si! Samo zalam sto ima luge koi ne davaat sansa na anime no sepak velat deka e glupo I za deca( istite luge seuste gledat masa I medo)
Пробав, ама заборавам. Ама сите анимиња ги има и на tvtime па таму бележам, башка ми стигаат известувања кога имам нови епзиоди.
jas koristam, Aisen adnete me. Ama odamna ne sum gledal anime (iako listata mi e nad 200 anime i 80tina magni ) Edinstveno momentalno sto gledam e Baki ONA.
Читам наназад како сум се бунела дека не сакам да гледам аниме над 24 епизоди и се смеам сега кога ги изгледав сите анимирани делови на Jojo's Bizarre Adventure. За петтиот дел едвај чекам нови епизоди. Не памтам кога последен пат се опсесирав волку со одредено аниме. Предобра приказна, иако не сум голем фан на шонен. Ако го гледате почнете од првиот дел па натаму, иако не е ист квалитетот со другите, добро интро е за сите наредни ЏоЏо ликови. Инаку, името кажува сѐ, многу е бизарно, чудни ликови, чудни осврти на настани, чуден стил, но има предобро развивање на приказната и ликовите. Нема филер епизоди, во секоја епизода има акција и нешто се случува што ќе го изгради ликот на протагонистот. Покрај тоа мангаката црпи инспирација од познати рок/метал/поп бендови и различни култури низ светот, па има и интересна музика и дизајн на ликовите. Ова се ликовите од анимираните делови. За мангата викаат дека е уште подобра, така да ќе почнам да ја читам кога ќе заврши 5тиот дел.