Дали некој има искуство со салонот? Разгледав по други места, гледам сега за 8-ми март, имаат попусти.
Ооо а вака што слушам ја фалат, не ми изгледаат лошо на инста. Прв пат ја отварам темава, ги читам Ивана, Татијана и Исмаил, прв пат ги слушам. Знам само за Јета и Даниела од Аеродром
Ако мислиме за истата,потврдувам. Пре пре презадоволна сум. Пред 3 години ги правев не сменија боја,не изгубија форма и најбитното што ми беше не се размачка бојата за да изгледа како тетоважа. Ви ја препорачувам и јас
Не знам колку е активна темата, би ми значело многу да добијам препораки за добро исцртување за веѓи. Имам правено во Афродита пред 6 години, ама не бев воопшто задоволна. Сега се мислам за Ивана, Татјана и Исмаил. Ако имате искуство со нив, или ваша друга препорака, ве молам споделете.
Јас бев кај Татјана, мислам дека таа е инструктор и повеќето се нејзини ученици ( на пример Исмаил). Но тоа не значи дека ученикот не може да биде подобар од учителот. Талент, желба за работа, вежбање и осет за естетика се важни. Јас сум навистина задоволна од Татјана.
@zemzela91 @Dentina @Mimics многу ви благодарам на споделените искуства, ми значи секое ваше мислење.
Дали некој правел јапонско исцртување во бременост? Каква анестезија ставаат? Ако е локална без адреналин зошто не би смеело во бременост?