Ужасно изгледам со нив, а вака одделно да ги анализирам не се лошо направени. Се надевам ќе добијат поприроден изглед со тек на време. Во спротивно и јас ќе се каам што сум ги направила P.S. А уверена бев дека полошo од моите природни не можело да биде
Здраво Вчера правев јапонско исртување и не сум задоволна. Сакам пто побрзо да ги отстранам, дали може совет, која клиника би ми ја препорачале за ласерско отстранување ?
Да не беше или најде некоја што била? Мене многу ми е страв да не ме упропастат. Сакам да изгледаат најприродно што може. А колку лоши веѓи имам видено, стварно жално
Луѓе, направив термин за веѓи за утре, а уште неможам да се одлучам меѓу микроблејдинг и powder brows. Де дајте ми ваше мислење шо е подобро. Мене повеќе powder brows ми се допаѓаат.
Ме уништи таа, ме уништи. Ви се молам кажете ми каде во ск праат ласерско отстранување на ова чудо??? Ни друг козметичар ова неможе да го поправи.
Каде прравеше? Татијана прави ласерско отстранување ама не избрзувај, на почеток изгледа малку страшно, вистинскиот ефект ќе го видиш после една недела отприлика
Во германија ги правев, полоша изработка неам видено никаде, не се ни powder brows само ме нашљакала со боја од почеток до крај. И кажав дека се катастрофа, па дојдоа уште 2 да ме убедуваат дека се арни. А клиентката шо беше тамо, само молчеше кога ги виде какви ми се лом, не сакаше да каже нешто ради нив. Ќе видам тука за отстранување шо како, ако е многу скапо ќе идам во мк. Морам да ги средам, срам ми е вака да шетам. Ме унакази. Срам да им е, а 20 дипломи закачила на зид.. На едната лакот и е подебел а на другата потенок. На почетокот се катастрофа, нерамни. Едната е полукружна, другата не. Колку пари е ласерско во мк, кај таа татјана? А излегува ли целата боја? Како уопште да не си праела веѓи?
Искрено не знам, немам правено. Видов дека имаше објавувано дека прави ласерско отстранување, а она е една од најдобрите. Пиши и на инстаграм: phi_master_tatijanas
Ми иде да одам и да ја убијам таа шо ми ги праеше. Абе растур да и напраам во салонот. Ќе ги отстранувам ласерски со Пико, ама ми кажаа дури после 2 месеци бивало. Добро е шо кажаа дека може со еден пат се да излезе, во краен случај два пати да одам.