Како ти се сега веѓите? Јас направив уште еден третман и уште ми се црвени следно се мислам да одам на друго место изгледа таму кај што правев ласерот не им е за црвени пигменти…
Прашај ги дали имаат ласер за црвен пигмент. И моите уште се црвени кај опашката а напред посветли. Црвениот пигмент најмногу се задржува, најинатлив е. Тоа значи дека не сме праени со салам боја, односно таа шо ни праеше микроблејдинг , не праела со некоја шкрт боја. Сега овие денови пак треба да одам. Ама ќе им кажам да појачаат малку, нека боли, нека корне, само побрзо да ги снема.
Јас демек powder правев ама испаднаа како јапонски никакво омбре никаков облик едната веѓа права другата полукружна за 1 месец од кафеави сиви станаа..
И моите се powder Исто, кружни, нема омбре.... па и црвени сега, а на некои места посветли дупки.... абе ужас, косата ми испопаѓа од капи носење.
Апдејт. Бев пак. Пак исти се, црвени. Им кажав дека не сум задоволна, ми намалија на цена, ќе одам уште еднаш и ако нема ефект, ќе барам друго место. Или дирекно ќе одам на друго место. Да даде Господ цели поколенија на таа арапката шо ми ги праеше, да и станат црвени и такви во гроб да влезат.
Истиот проблем јас го имав со црвени веѓи. Правев јапонско исцртување, прво не остана ништо од бојата потоа пак правев и веѓите станаа сиво црвени. Потоа правев ласер и станаа скроз црвени. Повеќе пати ги направиј со ласер и само полошо стануваше. Последно на инста најдов luxbrows skopje и ги правев кај нив. Користат бои кои не се променуваат и сами се разградуваат со време. Конечно имам веѓи кои е тешко да се примети дека е нешто правено.
Ми рекоа дека во Белград има ласер за црвен пигмент, но не можев финансиски да си дозволам да одам, а не сакав пак врз црвенатаббоја да правам нови веѓи, затоа ми понудија пред да се направат нови веѓи да се направи третман со неутрализатор коректор така нешто беше кој ќе го собори црвениот пигмент да премине во кафена боја како влакното. Потоа за еден месец регулар ми ги направија и не се каам за парите што ги дадов. Имам убави веѓи, полни, не личат вештачки како тетоважа и никој не приметува дека нешто сум правела.
Ааа. Епа супер чим ти успеало тоа, јас неможам така да ги направам оти моите се во многу лоша форма. Морам да ги извадам. Имаат овие ласер за црвен пигмент ама мислам дека намерно го праат на послабо за да ми земат повеќе пари. Уште кога ги видов дека се арапишта, требаше да откажам ама тоа е. Тие на рецепцијата беа германки па затоа се понадевав. Ама веќе кај и да идам ќе си прашувам дали вработените се арапишта, без срам и перде.
Јас пишав ама немам одговор ако ми вратат ќе ти кажам Некако од сите изработки се мислам меѓу неа и Ивана ама Ивана гледам на породилно е
Ако ти врати баш прашај ја за мене, колку пари прави комбинирани веѓи со омбре напред, и дали прави врз извадени веѓи со ласер? Само да ви покажам како иде отстранувањето. Ова е истата веѓа. Првата слика е после првите третмани, втората е од сега, неколку дена после петтиот третман. До сега иам напраено 5 третмана со ласер од кои 4 во една клиника а 1 во друга пошо не бев задоволна од првата. Во втората клиника ми ги праат со некаков кванта ласер. Доста ги осветли. За жал, стануваат жолти, и не верувам дека тоа целосно ќе исчезне ама ќе избледе со тек на времето. Сакам да ви кажам ако се мислите дали да ги праете микроблејдинг и остали курци или не, ич не ги правете. Оти после пак ќе треба корекции врз нив цел живот, и плус нема нонстоп да ви изгледаат така добро после многу третмани и ќе мора да завршите на ласер и да се мачите како мене. Или веќе ако сте одлучени да ги правите, напрајте ги кај професионалец шо си ја знае работата, и обавезно да се распрашате со какви бои работи, слики да ви покажат од нивна изработка, слики од после оздравувањето на веѓите.... Многу се каам шо ги правев, ако успее да избледе доволно, никогаш повеќе нема да ги правам, ќе си ги цртам само. Ама ако не избледе, ќе мора пак да одам да ми праат powderbrows, ама овој пат кај некој салам ќе отидам.
Моја колешка направи и уште и се катастрофа. Сакав и јас, ама кога ја видов низ што поминува се премислив. Ако некогаш се решам ќе пазам во чии раце ќе паднам.