Не знам во која состоја ти се веѓите сега, но тоа што имаш во план да го направиш мене ми звучи многу ризично. Пред да направиш епилација, консултирај се со лицето кое ќе ти ги исцртува веѓите дали е потребно трајно да ги отстраниш влакната. Инаку, доста разгледував и најдобри ми се чинат Ивана Атанасовска (побарај на на инстаграм како ivanamakeupatanasovska, а веројатно има и фб профил) и Софија Каракаева во Студио Сикрет (sofija_sofi на инстаграм). Цената им е горе-доле иста 100-120 евра влучено со прва корекција.
Девојки имам добиено награда јапонска метода на исцртување веѓи во мое студио Дадар.. Во дилема сум дали да го искористам.. кога во еден момент си речам “да” нареден мислам на негативните работи, дали не би ми ги утнале веѓите ( пошо после утка тешко може да се скрие, а од друга страна мислам дека работат професионално) или на пример ако после тек на време на пример после 3-4 години се откажеш од исцртувањето дали нема да останат белези на местото на микроблејдингот... секое мислење и информација е добредојдена ви благодарам и убава вечер
Zdravo zenski sakam da prasam dokolku nekoj ima praveno japonsko iscrtuvanje na vegite, na kolku vreme treba da se pravi korekcija?
Доколку си природна девојка к Јас методава не ја препорачувам иако направив. Да можам да го вратам времето не би го направила тоа. Веѓите се темни првите денови и јас како личност која не прави огромни промени во изгледот бев шокирана После 2 години поминати, бојата е сеуште тука полуизбледена на одредени места. Никогаш повеќе нема да направам. Читај искуства, гледај видеа и размисли. ☺️
Zdr devojki bi sakala da ve prasam koj sega vo brzo vreme pravel vegi so japonska metoda koja e cenata i kolku vreme traat i kade e naj kvalitetno da se napravat vi blagodaram
Татијана, Ивана и Дадар се најдибрите по ова прашање. Под најдобри рачунам поминати едукации и нивоа на знаење, а и работата им е природна, а не како со маркер да се цртани.
Мене премногу ми се допаѓа работата на Татијана, ептен е природно и не се ни приметува дека имало некаков третман на веѓите. Планирам да одам кај неа
И јас планирам да правам, гледав на инстаграм стварно мислам нема утка. Ти направи, како си задоволна ако имаш направено?
Па има и за 4000, има и за 6000 и повеќе, зависи кај кого. После месец има една корекција, после зависи од кожата на колку време ќе се коригираат. Конкретно кај Татјана се 130евра.
Јас правев и после година ми се избледи и замислете за првата корекција ми побара уште 50 евра, и не направив Си нарачав машинче за тетовирање на веѓи и ќе си направам самата како што сакам јас
Јас ги правев во Тетово, во еден салон случајно што ми искочи на инстаграм и не се разочарав воопшто. Првите неколку дена ми беа темни и помислив дека ми промашиле боја , но после сами почнаа да бледеат, пред корекција некои влакненца ептен беа бледи, но после корекција ептен убави дојдоа. Ми објасни девојчето дека процес е микроблејдингот, после корекција е финалниот резултат. 4200 денари со вклучена корекција, али попуст начекав
Мене ми рекоа дека веѓите имаат трајност на мрсна кожа 8 месеци, 1 година макс. Може до типот на кожата е, затоа ти избледеле за 1 година