Ја имам мрсна ,ептен мрсна преку лето, трета година како ми стојат. Избледени малку , не сум била на корекција уште ( двапати шо бев и толку), сеа да помине лето и у план ми е да идам да освежам.
Денес правев powder brows и многу сум разочарана. Бојата премногу ми оди на кај кафено а требаше да биде црна. Од влакната на веѓите ептен ми дели и не ми се ни симетрични веѓите. Ми доаѓа да плачам. На корекцијата се средува ли или тешко? Пишете некој што имал искуство.
Мене ми ја нудеа оваа техника, ама не се одлучив, сепак како што читав тој период бојата се менува не е конечна таа истата од денес. И да има корекција ама во формата мислам ако треба дополнуваат.
Кој период би бил најдобар да се прави? Сакам на мајка ми да и закажам, таму октомври, дали би било ок? И дали Ивана од Ѓорче е ок, да изгледаат природно?
Обично првите денови требало да е потемна бојата а кај мене е обратно. Утната нијансата. За еден месец имам корекција се надевам ќе заличат на нешто.
Била некоја кај Јета за јапонско исцртување т.е. microblading, близу Џамбо некаде работи? На инста многу добри слики видов.
Груби, неприродни, темни, дебели. И тоа не тазе направени, туку си има поминато време. Од неа и од Драгана сум видела најлоши изработки.
Не. Планирам мајка ми да ја пратам кај Ивана. А сум видела убави изработки и од Дадар и Татјана ама кај Ивана некако нај ок ми се. Таква ми е работата, со многу жени работам и за се фаќаме муабет
Абе за ова треба да се пази каде се оди. Доста трае и многу се битни материјалите, добро стерилизирани и квалитетни пигменти без метали. А и самиот талент и фат
Од она што јас истражував мене на крај изборот ми се сведе на Ivana_makeup26 или beautyacademy. Од двете имам по неколку колешки на работа и стварно добро работат, природо, трајно. Погледни ги ако не си видела. Јас останав бремена и ми се одложи, здравје боже планирам понатаму кај една од овие две.