Јас имам талент (Ja imam talenat) А1 Сношти за во финале се пласира едно девојче што пееше убаво испеа девојчето мало едно, и една оперска пeвачица ( според стилот на Тасо ) хехе фаворит му е изгледа таа.
Јас имам талент (Ja imam talenat) А1 http://www.youtube.com/watch?v=j1z5PMiP ... ture=feedf неверојатни се незнам по кој пат го премотувам видеото, навистина се супер, навивам за нив, аххх каде беше песнава у мое време ...
Го гледавте вечерашново финале на оваа емисија? Или сите бевте на фреквенција на Сител? Јас комбинирано гледав и тоа и тоа, и го фатив моментот кога ги прогласија победниците, Ненад и Милица, дечките кои инаку се глуви. Многу се израдував што токму тие победија!! Не од сожалување кон нив, туку навистина браво, секоја чест.
Да не бидам погрешно сфатена, победниците и тоа како имаат комплициран живот и вложиле премногу труд за настапите, но да не беше проблемот што го имаа немаше да победат, бидејќи имаше подобри. Могу сакав да победи малото девпојче, кога кажа дека парите ќе им ги даде на мама и тато да ги вратат долговите ми го осови срцето Како и да е и овие што победија и те како заслужија и ќе им дадат поддршка и ќе ги охрабрат сите со сличен проблем.
Јас искрено не мислам дека требаше да победи девојчето што свиреше на хармоника. Оние што имале можност да идат барем на еден концерт на хармоникашите од нижото училиште во Скопје, кои се на иста возраст како и неа, знаат дека материјалот кој го свиреше девојчето и не е така тежок за нејзина возраст (за некој кој редовно посетува часови по хармоника). Од друга страна не ми се допаѓа што сите таленти беа пеење и играње. Немаше нешто поразлично како девојката која победи на украинското шоу Spoiler http://www.youtube.com/watch?v=HOMgDbcA84A , или дечките што победија на норвешкото пред некоја година. За мене искрено поголем талент од речиси сите кои влегоа во финале беше дедото кој свиреше цели симфонии со уста, а од танцовите групи најмногу ми се допаднаа дечките што беа облечени во црно со наочарите, не знам како се викаат , но и победниците, затоа што ова нивното е навистина талент, да не можеш да ја слушнеш музиката а така добро да се усогласиш со ритамот.
Искрено очекував многу многу повеке.Немаше нешто посебно што ке ме фасцинира и да речам вауу туку некако сите ми беа слични или пејат или танцуваат.Победници навистина имаа талент за нив е тоа многу тешко и треба многу труд но некако не ми праваат задоволство но сепак нека им е со срека и заслужена победа.А најмногу ми е жал за ови дечки бидејки танцуваат прекрасно а кореографијата им е топ http://www.youtube.com/watch?v=Whe7oCBDzm0
Со среќа нека им е, талент си имаа. А и подобро да победи еден или двојка одколку група од 20 души и по 5000 да делат. Вака овие барем ќе видат нешто од парите.
Не победи сировиот талент, туку храброста и околностите. Беше испратена доволна порака со тоа што момчето и девојчето влегоа во финале. Победата беше дури и нереална, покрај толку извондредни вокали, феноменални танчери, бескрајно надарени инструменталисти. Сепак мило ми е што освоените пари драматично ќе им ги променат животите
Да, се слагам со тоа дека имаше подобри од победниците, но јас сметам дека во вистински раце се додели победата и оние 100.000Е бидејќи на овие деца ќе им бидат потребни тие пари и не ми е мака што победија. Носеа многу добра порака со себе, пошо и покрај тоа што се хендикипирани уште имаат воља за живот и не се предаваат. Ретко кој ја има оваа храброст под овие услови да се пријави на едно шоу од ваков тип. Браво за нив !!
Само сакам да кажам едно големо гоооолемооо Браво за победницитеее ...е ова веќе е стварно Талент и тоа како што веќе кажав многу гооолем.Тие не ја слушаат музиката како нас , туку играат на такт за кој треба многу вежбање...во финалето бев за нив и за братот и сестрата Тамаара и Душан и морам да ви признаам кога го даваа нивниот прилок дури и ми потекоа солзи на очитеее.Браввво Честитки за побдениците и се надевам дека ќе уживаат во парите и дека ќе породолжат да се знаимаваат со танц, музика и понатаму!
Мило ми е што победи друг талент, а не пеење. Но, да бидам искрена, имаше многу подобри од нив!! И вокали и танчери. Совршени кореографии, перфектно отпеани тонови, а победниците не ми беа посебни! Добро, праќаа некаква порака цело време, но јас на вакви шоуа не гледам со срцето, не ме трогнаа тие и можеби затоа сметам дека победата е нереална!!
моментално го следам и морам да го искоментирам изгледот на водителките кој е страшно очаен стилистот кој ги средувал фризура и шминка под хитно отказ ептен не личат на себе, а не им стои ни на цртите на лицето. Греота што направиле од нив, за облеката не коментирам, солидно.
Баш вчера се натерав себе да погледам малку. Еден час требаше да чекам додека ми почне Criminal minds и ај реков ќе погледам... Катастрофа! Колку ми се виде досадно. Не ми е прв пат да се обидам да гледам, ама овој пат. Премногу лошо! Жирито, водителите? Мора да се сменат. Особено па таа нешто како од Македонија што е.