Овие зборови многу често излегле од мојата уста, а верувам дека е тоа случај и со другите. Секогаш кога моите родители правеле нешто што јас не го одобрувам им викав: Јас кога ќе имам дете никогаш тоа не би му го направила! Што е тоа што вие никогаш не би му го направиле на вашето дете? На пример, јас кога ќе имам дете никогаш нема да кренам рака на него. Иако и многу други работи сум викала, ко на пример јас кога ќе имам дете ќе го пуштам да излегува до кога сака, нема да му бранам ништо Сепак сега, ова не би го рекла баш Исто така пожелни се одговори и од феминките кои имаат деца, во однос на тоа што мислеле пред да имаат дете и како потоа испаднале работите
Јас кога ќе имам дете, никогаш нема да дозволам да се посрамоти од мене. Во ниту една ситуација. Се колнам!
Никогаш нема да кренам рака на него, колку и да сум гневна или лута. Ниту пак да го засрамам на било кој начин. Ќе бидам се она што беше мојата мајка
Истото мислење го делам со Оffspring и само да додадам дека ќе се трудам колку што можам да има се што сум немала јас, а ми било потребно..... ќе си ги сакам најмногу на свет..
Ќе бидам се она што биле моите родители 1.Ќе биде до мене..и ќе расте со мене,а не со воспитачките од градинка 2.Уште додека е мало ќе ги учи бројките и буквите наместо да седи на фацебоок. 3.Ќе ме почитува како родител..и нема да му биде дадено се што ќе посака ниту пак разгалено. 4.Нема да го тепам ама Ќе му мавнам шамар во ситуации кога е потребно за да го уплашам малку 5.Ќе го терам да учи и нема да му велам дека сите оцени па дури и слабите се за децата.
Никогаш нема да го оставам моето дете со свекор ми само. Доволно ми беше ука што разбрав како си поминуваат со децата на золвата кога се сами.
Никогаш нема да го удрам колку и да сум му лута, ниту да го навредам.. никогаш не би дозволила да се срами од мене а пред се и од себе.. никогаш нема да дозволам да ја изгуби довербата во мене!
1. Ќе се обидам да му овозможам се што мене не ми било овозможено. 2. Нема да бидам скржава мајка. 3. Уште од мало ќе се трудам да ја зачува својата индивидуалност. 4. Ќе се обидам да ме прифати како најдобар пријател. 5. Ќе го поддржувам и ќе му ги почитувам успесите. 6. Има да го научам на култура и бон-тон уште од мали нозе. И ќе направам се за да се гордее со своите родители. Накратко кажано-се она што мене ми фалело. за темата RainBow
Јас кога ќе имам дете ќе се обидам да го изведам на добар пат ма да тоа тешко на денешницава ама сепак реков дека ќе се обидам. Нема да го разгалувам тоа никако мака ми е кога ќе видам невоспитани и разгалени дечишта ..... Ќе му дозволам што сака да прави ама сепак и тоа има граници ако претера сега тоа е негова работа ќе си учи од сопствените грешки ама барем да ги слуша моите совети за да не пати во животот. Можеби ќе го потплеснувам по малку не викам не ама не да претерувам. Ќе го терам да учи ќе бидам строга за тие работи. Ќе му овозможам да има се што немав јас Нема да дозволам никогаш да се срами од своите родители!!! И ќе си го сакам најмногу
Ќе бидам строга, ама фер и ќе се поставам така да може да ми каже буквално се, ама баш се и нема да осудувам и да солам памет во моментот, туку ќе барам излез од проблемот и како да му помогнам.
Ке се потрудам да бидам најдобар родител. Ке се трудам да го научам на основните вредни работи во животот. Се надевам нема да биде некое размазно, да научи пред се да почитува. Да свати дека во животот е многу битно школувањето. итн
Јас кога ќе имам дете... многу ќе треба да пишувам на оваа тема, затоа што често пати си го велам ова Кога ќе видам некои деца без разлика дали се паметни добро воспитани или пак се размазени јас одма во главата си запишувам и си велам здравје боже јас на моите деца нема да им го дозволам ова и ќе се трудам колку што можам моите деца да не го прават ова, да не бидат вакви или пак да бидат (во позитивна смисла). На прво место ќе се трудам убаво да го воспитам, (сметам дека домашното воспитување и домашната култура е најважна), ќе се трудам да му овозможам удобен убав живот, да го научам да ги цени нештата. Пред се ќе се трудам да го воспитувам со зборови а не со ќотек. Не сакам моето дете да биде размазено и да се треска од земја кога нешто ќе му се забрани ( се надевам ќе успеам во тоа). Ќе се трудам моете дете да биде гордо на мене во ниеден момент да не се почувствува засрамено, понижено од страна на неговите родители.
Ќе го сакам повеќе од себе си. Нема да го разгалувам, но нема ни да бидам многу строга. Ќе го воспитам на начин на кој јас бев воспитана
Јас кога ќе имам дете ќе бидам многу себична. Премногу сакам деца и кога имам некое на гости само јас сакам да го гушкам и да си играм со него. Ќе бидам онолку строга колку што е потребно за да бидам афторитет за моето дете. Не сакам распиздено дете кое ќе плаче за се нешто. Но, знам дека колку и да зборам каква ќе бидам има време и ќе видиме дали ќе биде така.
Еј па никад не сум помислила така на сметка на моите,мајке ми.Јас пак се прашувам зошто глупа јас не замаптив на кои финти ме фатија па да искочам вака добра! Какво сака нека биде,само нека не биде коцкар,наркоман,пијаница,радодајка,пропалица и нека си учи,све друго е варијабилно и непредвидливо и можам да го прифатам. Ќе им го дадам на моите да ми го воспитаат!
Прво ќе го воспитувам правилно, ќе му овозможам се но нема премногу да го разгалувам, ќе го образувам, ќе го терам да чита книги, нема уште на 4-годишна возраст на компјутер да го оставам, ќе поминува многу време со мене, ќе бидам строга, но и пријател во мене да гледа и нема да го оставам по лош пат да оди .
Кога ќе имам дете, никогаш, ама никогаш нема да си дозволам да го удрам. Колку и да сум изнервирана, гневна и лута. Проблемите ќе ги решаваме со разговор. Ќе го воспитувам правилно, ќе го учам на вистинските вредности во животот, никогаш нема да дозволам да ја изгуби довербата во мене и секогаш ќе бидам тука за него.
Јас кога ќе имам дете, сигурно нема да му купам компјутер уште во 1-2 одд. - нема да му дозволувам да јаде мн брза храна - сигурно нема да добие мобилен пред да наполни 13-14 - нема да го облекувам во крш clothing - и сигурно нема да му дадат крш име