Ја кога ке имам дете...хам..прво ке гледам за него , а после за мене, без разлика на што и да е...ке биде најмодерисувано .До 13 години излез до 10 саат , а после 15-16 до 1 .. и после до кога му се журките. После тоа.. ке го сакам највеќе на цел свет.. (се разбира тоа) , ке гледам сите денови негови ,сите моменти да му бидат исполнети со среќа.. несакам солза да пушти се додека не ја пуштило ради среќа... и тоа.
Јас кога ке имам дете.. ке го подготвам уште од најмали нозе за да може да се снајде во овој суров свет. Ке го претворам во една силна и издржлива личност. Ке му укажам на тоа какви се луѓето уште пред да дознае самото на болен начин.. за да немора да помине низ истото низ кое што поминав јас. Нема да има простор да развие наивност. Ке го научам и да сака вистински, но само оние луѓе кои ке го заслужат тоа.
Имам 15 години ама многу размислувам за оваа тема,чудо Многу сакам деца и добро се согласувам со нив,често чувам деца. Кога ќе си имам свое ќе му ја подарам најголемата љубов на светот,ама ќе го научам дека и ретко кој понатаму ќе му подари љубов.
Јас кога ќе имам дете...кхм... :geek: Ќе гледа само цртани од Дизни.(од оние постарите, се разбира) Спојлер овие денешниве цртани ме вадат од кожа жал ми е кога ќе го видам братучед ми како го гледа оној Бен Тен со голема страст и за друг цртан нејќе да слушне. Му го пуштам Кралот Лав и ми вика: Нејќам ова, не е убаво. Сакам Бен Тен. и така... да не спомнувам дека ќе биде сакано,добро воспитувано...
Никогаш не би го одгледала на начин на кој ме одгледаа моите.Ќе ја има сета моја подршка и внимание, секоја желба сослушана но не и остварена.
Секогаш си велиме јас на моето дете нема шанси така да му правам, да му забранувам...ама кога ќе бидеме родители еее друга прича Ама во главно би сакала на моето дете да му пружам пред се добри услови за живот, кров над глава, добро образование, не баш да има се што ќе посака, ама да се обидам да му пружам доволно за да има среќно детство. Не сакам да му забранувам да се дружи, сакам добро да се социјализира, да има пријатели, но се со граници (секако да се погрижам да не западне во лошо друштво)
Никогаш нема да го навредам и запоставам,може ќе немам пари да го пуштам да шета низ светот,ама секогаш ќе бидам тука за него да го поддржувам и советувам за се што носи животот...и да му го дадеш најголемото богатство на едно дете е небитно во споредба со љубовта и вниманието кое му следува
Иако ми еееее многуууу рано да размислувам за тоа ,искрено обожавам кога со другарка ми ќе се глупираме така ,кога ни е досадно си збориме за иднината.Моето дете ќе ми биде СЕ.Нема да го разгалам,ќе се потрудам да му удоволам за се,но при тоа да ја знае вистинската вредност на сите тие работи.И најмногу од се,ќе бидам тука кога ќе му требам,ќе бидам мајка а потоа и другарка.И никогаш нема да дозволам некој да го повреди,зошто на место ќе го убијам хихихихи
Јас кога ќе имам дете... Ќе гледам подоцна да го запознаам со технологијата, а не одма. Нема да го тепам. Нема да бидам груба кон него. Ќе го научам да ми се доверува и искрено и отворено да си разговараме.
Јас кога ќе имам дете ... Ќе го сакам повеќе од се на светот Нема да дозволам да се почуствува никогаш осамено и тажно Уште од мали нозе ќе го научам на искреност, во мене и татко му да гледа другари и за се да разговараме отворено Ќе се потрудам да му вметнам навика да јаде здрава храна Никогаш нема да кренам рака на него Ќе се трудам да ги задоволам сите негови потреби а при тоа да не биде разгален
Ќе бидам најсреќна во животот Безусловно ќе го сакам, негувам, чувам, и ќе му покажам кои се вистински вредности во животот Никогаш нема да го удрам, навредам, понижам, нити ќе дозволам друг да го стори тоа До пред 4 години си го имав зацртано тоа, и еве успешно 4 години го применувам
Нaјверoјaтнo ќе бидaм нaјсреќнaтa личнoст. Мoите децa вo истo време ќе бидaт нaјгoлемa рaдoст и нaјгoлем стрaв. Ќе се oбидaм дa живеaт и хрaнaт здрaвo зa пoубaв и пoквaлитетен живoт. Ќе бидaм кaкo другaр сo нив, без рaзликa дaли ќе биде мaшкo или женскo. Сaкaм зa сè дa збoрувaме oтвoренo. Никoгaш не би ги удрил, тoa не мoжaм. Би ги нaучил дa бидaт дoбри и пoштени луѓе. И ќе се пoтрудaм дa не бидaт рaзгaлени и дa пoмaгaaт нa другите луѓе. Кoлку oвa ќе биде успешнo, ќе видиме.
Јас кога ке имам дете,ке му бидам мајкаа ако од тоа дете направам чесен и нормален човек(во овој ненормален свет)сум ја завршила успешно мојата мисија зошто сум присутна на планетава!
Јас кога ќе имам дете (ако го имам ) - ќе бидам секогаш тука за него да му пружам љубов, да го ислушам, да го разберам и покрај генерациската разлика без оние „во мое време“ муабети. Ќе го воспитам во духот на важноста на образованието и интелигенцијата, но и на пружањето рака кога некому тоа му е потребно, толеранцијата, широкогледоста и прифаќањето на различностите кај сите. Неговата среќа и исполнетост ќе ми биде на прво место, ќе ги почитувам и поддржувам неговите избори. Ќе се потрудам да не дозволам ништо и никој да му ја разниша самодовербата. Никогаш нема да го споредувам со другите деца во околината, нема да му повишам глас и да му се обратам со лош збор во јавност, а за кревање рака во било каква ситуација не ни станува збор...
Не ми е желба да имам дете во иднина, но ако сменам мислење, би го тортурирала со dad jokes повеќе од татко му.