Кога ќе имам дете ќе го научам да има самодоверба.Да научи дека ќе има луѓе кои ќе го повредат,но секогаш на лошото да возвраќа со насмевка.Да научи дека во животот ништо не е лесно,за се треба труд и упорност. Да научи да верува во своите соништа и никогаш да не се откажува.
Ќе направам се за да ми верува, ќе бидам отворена за секакви теми, ќе го гледам како еквивалентен член на семсјтвото, а не ја сум главна- како ќе кажам така. Ќе има простор да ги со искаже мислењето и желбите. Нормално ќе пресечам ако нешто е навистина лошо, и ќе има забрани исклучиво за работи со кои би си го уништило животот(дрога, немање достоинство..) Нема да го ограничувам со: излези до 11, не може дечко до 17, секс пред брак никако, не може на журка и слично. И секогаш ќе објаснам зошто нешто не е добро. На прашањето- Зошто? никогаш нема да добие одговор- Така.