Јас сакам да имам машко дете да биде милениче на мама Ќе си го дотерувам, ќе го галам и ќе му купувам играчки Добро ќе го воспитам и ќе го терам да учи и да биде одличен ученик за да биди добро награден на крајот на секоја школкска година
Не викам дека нема да ми летне некогаш раката да го плеснам по газ, зашто ќе ми летне. Нека се јави родител што никогаш ама никогаш не го удрил детето. Плус по газ не боли многу Од искуство Не викам дека ќе сум совршена но ќе се обидам неговиот живот да е совршем, онолку колку што можам. Ќе се обидам да го воспитам најдобро што можам. Да го научам кои се вистинските вредности во животот. Да не биде наркоман, проститутка, пијаница, убиец, било што што не би сакала. И најважно, никогаш, ама никогаш нема преку детето да си ги исполнувам моите неисполнети желби. Во ова сум 4320 проценти сигурна. Јас на моите им викав јас кога ќе имам деца нема да ги мачам само кога ме тераа грашок да јадам, и кога се обидуваа пиперка да ме натераат да ставам во уста, што е нали невозможно. И кога ме ремпаа(испрашуваа) за во школо, и кога имав многу малку излез. Межутова, јас добра сум искочила(до сега), па се надевам и од мене нешто добро че искочи
Извини ама просветли ме каква е оваа облека Постои мајка која сака да го го облече во грда облека детето, со претпоставка дека мислеше на таква. Јас изгледа сум изрод и не сум размислувала на темава многу многу. Ќе го сакам и воспитувам на најдобриот начин кој можам, ќе се потрудам да бидам добар родител, добра мајка за да стекнам доверба од моите деца. Довербата ми е некако на прво место, едно дете треба родителот да го смета за пријател а не за лице од кое ќе се плаши и ќе бега и нема да ги кажува проблемите. Разговорот е најбитен. Ќе се потрудам да спортува тоа ми е една од најбитните работи за да израсне во здраво момче или девојка. Брза храна нема да му забранувам зашто тоа и мене не ми го забранувале, ама нема поубаво од храната на мама па и јас ќе се потрудам истото тоа да го кажува и за мене. А технологијава како оди напред којзнае што ќе се случи за неколку години така да не размислувам дали ќе има компјутер, дали мобилен, дали ќе му дозволувам да седи пред телевизор итн. Јас не знам за 3 години до кај ќе е технологијава а не па за 10-15 па за да кажувам што ќе правам како родител за да се справам со иновацииве. Мож уште од прво одделение ќе работат на компјутер.
Кога јас ќе имам дете никогаш, ама никогаш нема да го изложам на трауми (зборувам за трауми кои можат да бидат предизвикани од родителска страна) од кои понатаму нема да може да се опорави цел живот. Секогаш несогласувањата со партнерот(кои се надевам ќе ги има поретко) ќе ги решавам далеку од неговите очи, тоа не смее да се замара со такво нешто...Се знаат детските обврски кои се и тоа и треба да останат! Ќе ја чувам неговата/нејзината психа здрава, тоа ќе биде мојот најголем предизвик како родител, се друго е променливо и поправливо...
Koга ќе имам дете ќе му кажувам дека го сакам Ќе бидам отворена со него за се кога ќе порасне, сакам да имаме добра комуникација, да може да ми се довери, а не да се крие, па јас да бидам последната што ќе дознава што се случува со моето дете.
Кога јас ќе имам дете НИКОГАШ нема да се поставам со него како мојот татко со мене! Значи апсолутно НИКОГАШ нема да ги направам тие работи што тој ми ги прави мене цел живот !!! Ќе гледам да му го посветам сето мое време. Пред се да ме гледа како пријател и да мо же да ми се доверува (како јас и мајка ми) Добро ќе го воспитам. Ќе му дозволам да бира што сака да биде во животот и ќе учи и за да биде некој и нешто ! Нема од 2 години да седи на фб, како денешниве дечиња...
Кога ќе имам дете нема да дозволам да се најде во оваа ситуација во која сум сега......ќе биде најсреќно и ќе има доволно храна,облека,и се ќе направам да се чуствува среќно,ќе има неизмерна љубов од моја страна, ќе се потрудам да има семејство како што треба......ќе му овозможам да се образува и да го види светот да отиде таму каде што ќе посака.....ќе го носам со мене на терени да ги запознае сите култури што чекореле по земјава и што оставиле.....ќе направам да се гордее со мене како мајка.
Кога јас еден ден ќе имам дете незнам што попрво би направила.... Знам дека ќе му ја дадам сета моја љубов како мајка, и што е најважно од се ќе се обидам да го воспитам, да знае што е култура и добро однесување , да знае што е добро а што лошо, да има доверба во мене , како мајка, да може да ми се доверува, да знае да ги процени луќето околу себе. Ќе седам и ќе пишувам домашно со нив, ке цртаме убави цртежи, едноставно ке им го посветам целото внимание и сите тие работи, кои мојата мајка со мене не ги правела .... Сакам да го изнесам на прав пат, никогаш не би му се противела на неговите, или нејзините желби, ке делам совети кои ке бидат корисни за нив... И едноставно че ги сакам
Веќе имам дете, сега засега едно, понатаму ако даде Господ ќе биде барем уште едно, ако не и две. Додека сфатив дека ќе станам родител, времето летна - и веќе во раце држев едно малечко беспомошно суштество кое зависеше од мене. И тогаш илјадници мисли и прашалници ми се вртеа во главава, се прашував дали ќе бидам добра мајка, и мислев дека ќе потфрлам некаде. Денес не сум оптоварена со такви стравови, знам дека ќе се потрудам на моето дете да му овозможам пристоен (не луксузен) живот, се надевам дека ќе го воспитам правилно, пред се' да биде човек. Да знае да биде свој човек. Се надевам дека ќе го научам на вистинските вредности, да разликува добро од лошо, да има здрав и реален поглед на животот, да знае да се грижи за себе и своето семејство кога ќе дојде време, и со сопствен труд да ги остварува своите цели и амбиции, а не да гази преку лешеви. Моите мене ме воспитале на тој начин, така и јас ќе ги воспитувам моите деца. Искрено се надевам дека заедно со татко му ќе успееме во тоа.
јас кога ке имам дете нема да го тепам,малтретирам,нема да го разлигавував,нема да биде трт дрш нема да го присилувам на нешто што несака,ке си го воспитам добро и нема да има фб уште на 6 год
Кога ќе имам дете никогаш нема да употребам шамар како воспитна мерка,од мало ќе го учам да биде паметно,самостојно,културно.Никогаш нема да го седнам со сила и да го напнувам да учи па на крај да му стане одбивна книгата,туку ќе го наведам самото да сака да го прави тоа.Секогаш ќе бидам негов најдобар пријател и на негова страна и сите проблеми ќе ги решиме заедно.
Изнасмеавте со вашите размислувања. И ке ви кажам нешто ,Никогаш не вели никогаш,. И јас велев кога ке имам дете никогаш нема да дозволам да ми се треска од земја во продавница, ке го воспитам да ме слуша, да имам авторитет и мојот збор да биде закон. Но си дочекав друго, и мене ми се трескаше дете во продавница и за да не правам скандал морав да излезам не испазарувана, и еве керка ми како расте ми вика ти многу знаеш што е модерно, што е во тренд и си наметнува нејзино мислење. Така да додека не си дочекаш на глава неможеш да збориш.
Кога ќе имам дете (ако е женско) ќе се потрудам со сите мои сили да не стане како оние шмизличкине што уште од 5то одделениа се муваат и искачаат во диско од 7мо. За друго не сум размислувала,сеуште ми е рано
Абе само ќотек, од рајот е излезен се шалу нормално Ќе бидам пред се другар со него, ќе го воспитувам, ќе му овозможам безгрижно детство, нешто што јас го немав, проблемите од работа ќе ги оставам на прагот пред да влезам дома, никогаш нема да се почувствува запоставено, ќе го охрабрувам и ќе му бидам најголема поддршка, ќе поставам граница на можности, ќе го учам на принципи, ќе го заштитувам, никогаш нема да го оставам.
Сега кога имам дете можам со сигурност да кажам дека сите оние мисли што сум ги имала во глава пред да имам дете паднаа во вода. ... освен две - ќе го сакам најмногу на свет и ќе бидам секогаш тука за него Сето останато со тек на време се менуваше. На пр. мислев дека ( а така и ја воспитував од мала) треба се да решава со разговор а не со , арно ама кога така воспитана некој ќе ја удреше, мое се повлекуваше и тоа го кажуваше на наставничката... но, кога видов дека од аздисани деца неможам да очекувам да ја послушаат наставничката , седнавме и научивме нова лекција - ако некој те удри ти два пати да вратиш. Погрешно или не тоа си го земав за право затоа што ја сакам најмногу на свет (едно од оние две работи кои нели не паднаа во вода) Некогаш мислев дека нема шанси моето дете да има мобилен од 10 год , арно ама има од многу помала... грешка? НЕ! Времињата се менуваат. Контактот со нејзе во секое време ми е потребен, важен (ќе бидам тука секогаш за нејзе.....и кога на работа ми е хаос на тој повик мора да се одговори) Свесна сум дека колку и да се трудиме и јас и мм да ги задоволиме нејзините желби и потреби, секогаш нешто ќе ни промакне. Кога на едно дете ќе му дадете буквално се, бидете сигурни дека тоа СЕ и не е баш СЕ. Ја праша некој - имаш ли неостварена желба? Имам! Да се возам со автобус !!!! А ние мислевме дека чувајќи ја во стаклено звоно и развозувајќи ја секаде со кола, го правиме најдоброто. Трудете се децата да го научат и зборот НЕ, да знаат и што е НЕМА, да облечат и облека од постара сестра,брат,братучетка, да бидат во друштво на деца од различна вера, благосостојба, да ги видат сите страни на животот. Дозволете им да имаат право на глас, одлука. И сакајте ги, гушкајте ги ..... и тоа многу пати на ден
Многупати сум ја изговорила фразата „јас кога ќе имам дете..“ кога мајка ми нешто не ми дозволила или сме зборувале за деца. Многупати сум ја кажала за безвезни работи, но дури сега сум свесна што глупости сум трескала. Јас кога ќе имам дете ќе го воспитам најдобро што можам. Моето дете секогаш ќе ја има мојата поддршка, секогаш ќе ја има мојата љубов без разлика каде ќе стигне во животот, што и да направи, секогаш ќе го сакам бидејќи на крајот од денот тоа суштество ќе ја има мојата крв без разлика на се. Не велам дека нема да има телефон, компјутер или не знам што, бидејќи за 15-20 години многу работи во технологијата ќе се сменат, целиот свет ќе се смени, можеби и моето мислење ќе се смени. Никогаш не велам никогаш, така што не знам дали некогаш ќе го удрам, иако ќе се трудам тоа да не се случи. Но не би го повредила или навредила на било кој начин.
Кога останав бремена, имав некоја замисла каков родител би била, се убедував себе си дека ќе ја воспитам да биде свој човек, да се снаоѓа во животот, дека ќе стојам зад секоја нејзина одлука, дека ќе бидам главна потпора на нејзиниот свет...Замислував ситуации, симулирав очекувани сцени, спремав дијалози...правев идеална слика на родител кој секој би го посакал.Си ветував дека ќе ја научам да ја сфати вредноста на стварите и тежината на зборовите уште од мали нозе... И во еден момент, се случува нешто, што остава длабока трага, влева страв и немир и ја замаглува целата имагинација... Почеток на седми месец бременост лекарска соба... загрижени лица...и пат накај Скопје кој ми се виде вечност. Уште во глава ми се вртат зборовите кои ме подготвуваа на најлошото: Ако почне раѓањето, мајката ќе ја спасуваме,бебето ќе го жртвуваме.Мајката пак ќе роди бебе, бебето не може да ја роди мајката! И си ветив дека ќе ја родам по секоја цена,па и по цена на мојот живот,само не овде и не сега, туку во девети месец. И лежев во болница и цел ден бев приклучена на секакви апарати и успеав во целта.Првото утро од месец мај, со очи преполни со солзи ја гледав љубовта на мојот живот во форма на бебе и знаев дека само таа љубов е вечна - дојде на свет мојата принцеза воин,мојот борец! Со ноќи стоев над нејзиното креветче да ја слушам дали дише.... Деновите поминуваа, а ние се запознававме, си го диктиравме темпото на секојдневието и се воспитувавме меѓусебно.Јас научив од неа што е одговорност,а таа од мене што е топла прегратка,што е неизмерна љубов, што е нежен допир ... Никогаш ни во сон не помислив дека животот ќе ме стави пред еден голем тест на мајчинството.И оттогаш наваму ништо не сакам пред време да планирам.Детето се воспитува секој ден, секој миг, од постапките учи,од постојаните ситуации се извлекуваат причините и последиците.Детето е огледало на самите родители и ако му се пружи доволно љубов, многу бргу ќе научи да биде во хармонија со самото себе си. Сега за сега сите имаме слика во главата како ќе го раснеме своето дете, но теорија е едно,а пракса е друго. Сакам само да е жива и здрава и се ќе направам колку можам да и пружам убаво детство,рамо за плачење, позитивна енергија, чиста мисла,срце на дланка и ќе ја раснам во тој дух,а таа опкружена во таков амбиент,самата ќе ги препознае основните човекови вредности и кодекси на однесување. Ви ги читав постовите и верувам дека повеќето ќе бидете прекрасни родители и дека ќе се гордеете со своите деца, исто како што јас се гордеам со мојата единствена М...
Само ние децата растени во бракови без љубов знаеме колку е битна љубовта во фамилијата,во семејството и помеѓу неговите членови. Не велам дека нема да му викам на детето,или да му се дерам,да го зашлакам на сред продавница оти ми се лигави за благо од кое само ќе му се расипат забите ( сега и благодарам на мајка ми што не ми купувала на секое мое лигавење работи,барем забите ми се петка ),не велам дека нема да му попуштам многу или дека нема да го разгалам,тоа не знам. Ептен ми се чини далеку времето кога ќе станам мајка. Светлосни години од тоа каде сум сега. Но едно знам. На моето дете не сакам да му недостига љубов. Велам не сакам,а не нема. Затоа што не сакам само јас да му ја пружам таа љубов. Треба и мојот сопруг истото да го сака. А за тоа треба прво да има взаемна љубов и почит меѓу нас двајцата. Јас по природа сум таква,со тие што ми значат,сакам да ги гушкам,да ги бакнувам,да има ја покажувам мојата љубов. Грижлива сум и сигурна сум дека од таа страна детето мое ќе биде доволно обезбедено. Тоа е она што им недостига на моите родители,односно она што не го направиле. Затоа и јас толку сум голем зависник од љубовта,затоа што ја немав во домот,а кога пораснав сватив дека е една од суштинските работи. И затоа и нон стоп си ја барам и неможам без неа. Тоа би било.