Епа само јас изгледа можам да се расплачам на форум, Сањаева и Геа, срам да ви е , и секоја чест што сте прекрасни мајки, и верувам дека токму вашите деца ќе бидат прекрасно воспитани, затоа што раснат со толку љубов, уште еднаш секоја чест . Јас кога ќе имам дете многу ќе го гушкам и бакнувам, и многу често ќе му покажувам колку го сакам, толку често што знам дека и ќе му бидам досадна. Ќе го воспитувам заедно со сопругот, затоа што според мене секое дете подеднакво треба да прима љубов од двајцата родители, и секое дете заслужува да биде безизмерно сакано, и на секое дете му се потребни мајка и татко. Јас за детето конкретно не сум размислувала многу, зошто тоа ќе биде отом-потом, повеќе сум размислувала за каков ќе биде сопругот како татко, зошто денес ретко кој татко ја пружа потребната татковска љубов, а како што кажав секое дете има потреба од неа. За моја среќа Петко ќе биде одличен татко, и нашето дете ќе биде пред се сакано и среќно, а потоа сами по себе ќе дојдат работите за мобилни, компјутери, облека, строгост или разгалување.
Често пати кога ќе видам некои плави, немирни деца кои немаат никакво воспитување, ни па основна култура велам- моите деца ако се вакви ќе бидат во соба и само на леб и вода.. Но како поминуваат годините сфаќам дека сепак на леб и вода треба да се родителите. Кога ќе имам дете ќе му ја пружам сета моја љубов и разбирање. Ќе го научам да верува во себе, да учи од туѓите , но и од сопствените грешки. Многу е важно детето само да искуси некои нешта, аи забранетото овошје е послатко. Кога ќе имам дете нема да заборавам дека и јас некогаш сум бла дете и сум посакувала да правам работи кои не биле за мојата возраст. Кога ќе имам дете ќе го научам да јаде се, како што мене ме научила мајка ми. Кога ќе имам дете нема да му дозволам материјалното да биде примарно во животот. Кога ќе имам дете ќе го носам во село, на планина. Не сакам да биде гратска маза која нема да знае коза што е. Кога ќе имам дете нема преку него да ги исполнам моите неоставрени желби, нема да сакам тоа да биде ЈАС, туку ќе му дозволам да има СВОЕ ЈАС. Само да имам дете.
Кога ке имам дете ке се трудам да го воспитувам како сто мене моите ме воспитувале. Ке се трудам да му овозмозам се сто ке му биде потребно , но и ке треба секогас да знае за граница . Нема да го удирам никогас . Ако имам девојце ветувам дека ке се трудам да има сто помал број на ствари во розева боја. Па стварно ми е одвратна кога гледам дека секое бебце, мало девојце е во розе од глава до пети ....
Кога ќе имам дете, нема да дозволам целиот мој свет да се врти околу него и да го заборавам и запоставам мојот маж. Би сакала фино да го воспитам, да е културно, реално, приземјено, со еден збор да биде човек. Би се обидела да му влијаам врз навиките за спортување и читање книги, затоа што и двете според мене се многу важни уште од мали нозе, ама ако не сака, со сила убавина не бидува. Во превод - нема моите нереализирани желби да ги реализирам години подоцна преку моето дете. А да, и нема да му влијаам врз изборот на факултетот.
Само да ми се живи и здрави. Се друго може да се среде. Од мене ќе добијат максимална љубов. Сега за сега, само тоа можам да го ветам. А и како што сум гњаватор бр. 1 цело време ќе ги гушкам и бацувам
Јас кога ке имам дете, ке јаде ќотек ко магаре в'зелки. Одсекогаш имам чувство дека ке ми се машки, и со сознанието дека јас ке им сум мајка поврзано со мојата истоија на палвштини, има да се каат што се родиле. Зафрканција на страна, немам поим што да пишам. Башка и не сум многу мала, а немам поим нити имам размислено како би било воспитано моето дете. Почит за сите родители на форумов, зошто најтешко е своја креција да ја застанеш на нозе, и да ја изнесеш на прав пат. Најверојатно кога ке имам дете, додека е мало ке немам идеа како да постапам, и ке читам литератури и само ке прашувам како да се однесувам. Знам дека ке бидам прелашена за нивното здравје, и само и да кивнат. Понатаму сигурно би дала се од себе да ги научат вистинките вредности на животот, и да се развијат во добри, самосвесни и сигурни во себе луѓе. Ке се трудам да се да се култуни, и проблемите да ги решаваат на мирен и културен начин, и да се малку политичари. Има да буфтаат секој ден на тренинг, сигурно би ги запишала некаде кога ке се мали. Кога ке се тинејџери сигурно ке го натерам маж ми, кој и да е, да ги следиме да не тргнат по лоши патишта Поим немам, уште еднаш секоја чест за сите мајки на форумов, темава сташна е.
Кога ќе имам дете, прво и основно ќе си го сакам нејмногу на свет. Ништо нема да ми биде поважно од него. Секогаш ќе ми биде во прв ред, а за другите работи после.И секогаш ќе бидам тука за него. Ќе се грижам за него, ќе го советувам, ќе го изведам на вистинскиот пат, за да не се кае после во животот. Ќе го научам на основна култура. Ќе го научам да не почитува нас како родители и сите други, а не како денешните деца уште мали да се караат со сите и да ги пцујат. Нема да го разгалувам, и се што ќе види да ми тражи. Ќе гледам од него да направам вистински човек, на кој сите ќе му се восхитуваат и почитуваат.
Еден ден здравје во далечна иднина кога ќе имам ќе го воспитувам на начин на кој мислам дека е најправилен за да се развие т.е постане вистински успешен независен човек. Ќе го научам на добри навики ако треба ќе го повторувам нештото 100 пати, ама има да му се всади во главата(на пример дека треба да се мијат рацете, забите, лиценцето) ама претходно ќе се обидам јас да ги мијам за да стекне некоја навика па после само да бара да си ги мие. Па понатака во добра навика го вметнувам да си го суредува само креветот(тука барем јас ги гледам првите чекори на независност). Кога ќе имам дете ќе бидам најдобриот родител и мајка каква што секој би посакал. Ќе му овозможам да има пристоен живот и сигурна иднина. Ќе го научам на скромност иако ништо нема да му биде скратено и дека духовното е неспоредливо со материјалното. Ќе го научам да ги цени и почитува вистинските вредности. Ќе му пружам неизмерна љубов и поддршка, ќе бидам секогаш тука за него, да му помогнам во секоја ситуација, рамо за плачење на кое ќе може да се подпре секогаш. Ќе му бидам пример за успешен човек, се надевам. Ќе го научам дека образованието е важно, но ништо со сила нема да го терам, самото ќе сфати што ќе биде тогаш вредно, а што не. (Необразованоста е товар што се носи цел живот, па ако не сака цел живот да носи товар, нека одлучи) Никогаш нема да го уценувам за ништо(некои мајки го прават ова), ќе му посветувам доволно време и внимание колку што треба. Ќе го научам дека ако сака нешто да успее мора да се потруди за истото и да вложи труд, ќе го научам дека скрз нозе не се постигнува ништо. Ќе го научам да се цени самото и да не верува на секого, да биде добар, но воздржан пријател. Кога ќе имам дете еден ден ќе ја почувствувам привилегијата да се биде мајка и сите пропратни благодети, ќе бидам мајка на мој плод кој сум го носела во мене и ќе бидам пример на други мајки бре.
Најискрено ќе се трудам да знае секогаш дека сум тука за него што и да се случи и дека никогаш нема под никакви услови да ја чуе за мене најодвратната реченица изговорена од страна на родител „ќе се откажам од тебе„. За се‘ останато немам а-приори пристап, тековно би носела одлуки.
И во една друга тема напишав, кога ќе имам дете/деца....нема да им ставам модерни (кучешки) имиња....лео,лука,лина,линда Ќе бидат нормални, наши, македонски, убави
Кога ќе имам дете ќе се однесувам со него исто како моите родители со мене ... Тие се најдобрите родители на цел свет ... Знаат дека дете до ќотек и казни не се воспитува ... Знаат да дадат добри совети и да пренесат добри навики нна нас ( на мене и моите сестри ) ... Ќе се потрудам барем малку да заличам на нив
кога ќе се роди моето бебче ќе гледам да му овозможам добар живот се разбира според можностите кои ќе ги имам.. се надевам нема да има потреба да кренам рака на него ќе се потрудам добро да го воспитам..и нема да му бранам некој работи и нема да го казнувам за некој глупости да му велам е тоа направи сега нема излегување или нема тоа правење.........
знам дека нема да бидам мајка како мајка ми но затоа ќе бидам родител како татко ми - никогаш нема да кренам рака на моето дете па колку сака нека ме извади од такт - секогаш ќе зборувам со него отворено и нема да има табу-теми помеѓу нас - ќе со обидам да бидам најдобар пријател со него - ќе го насочувам на тоа да разликува што е добро а што лошо - ќе му бидам најголема подршка - никогаш нема да го споредувам со други деца - ќе го учам да биде свое со свои иградени ставови и мислења - никогаш нема да му се мешам во изборот на образование - ќе го терам да учи и да стане свој човек - никогаш нема да го лажам - ќе го научам дека никогаш не треба ништо да крие од мене и дека секогаш ќе бидам тука за него - нема да го осудувам - нема да дозволам некој друг да ми го воспитува детето - секој негов проблем ќе се обидам сама да го решам (нема да идам по комшии и да барам совет или по негови другарки/ри да се распрашувам за него) - нема да го понижувам - ќе се обидам да стекнам доверба во него - ќе го научам дека секоја грешка што ќе ја направи ќе му биде + искуство во животот - нема да го оптеретувам со мои проблеми - никогаш нема да речам немам пари и да се жалам - се што ќе добие од мене ќе биде според заслуга - нема да го оговарам Ако ми текне уште нешто ќе допишам
Јас кога ке имам дете ке се обидам да го научам: -Да чекори правилно -Да јаде културно -Да зборува мудро -Да верува во Бог(било кој) -Да почитува -Да љуби... Другото ке си го научи само, најверојатно ке греши, ке ме лаже, ке крие работи од мене, ке ме нервира, но ке се обидам секогаш да бидам во тек со тоа што му се случува преку разговори и разговори...и секогаш ке бидам покрај него... Е ако успеам во сето ова-стварно сум шампион
Кога јас ќе бидам дете, ќе го воспитувам да биде добар човек, квалитетна личност. Секогаш ќе знае дека во мене има и родител и пријател и сојузник. Реално ќе ги согледувам неговите мани, нема да го преувеличувам дека моето дете е нај нај. Ќе се трудам да му го покажам правиот пат по кој треба да чекори, но нема да го водам јас за рака, туку ќе бидам банкина која од страна ќе го следи да не застрани.
Кога ќе имам јас дете,ќе си го сакам најмногу на свет,нема да му дозволам да биде такво како мене разгалено ќе го научам да се бори за своите цели и да ги цени другите луѓе,да биде културно..нема да го терам да учи и ќе го запишам на тоа што тоа сака,јас нема да се мешам во неговиот избор..сакам исто така и да има доверба во мене и да ми кажува се...и ќе се борам за да го постигнам тоа и знам дека ќе успеам
Кога ќе имам дете ќе му дадам пред се слобода која секој ја заслужува, да си биде независна личност.. Секако дека ќе му поставам некои граници, но кога веќе ќе видам дека дошло до одредена граница на созревање, немам што повеќе да му се мешам.. Ќе му дадам право на сопствен избор, без да му наметнувам мои мислења само затоа што јас сум родител. Ќе гледам во одредени ситуации да се поставам дури и другарски, за да не му биде страв да ми каже нешто и слично, туку да ме гледа како личност на која може да и се довери знаејќи дека нема да биде осудено..
кога ке имам дете кога ке ми биде време и се тоа... - нема да му дишам у врат да бидам инспектор да го следам и слично... -ако почне да пуши пре рано ке биде казнет сигурно - сигурна сум дека 2рово нема да се деси бидејки ке настојувам да спортува - сакам машко да родам
Јас кога ќе имам деца,секогаш ќе го правам обратното од тоа што го прави мојата тетка!! можеби таа го прави во добра смисла,но го прави детето да е уште полошо
Можеби е прерано да се зборува, никој не знае какво е чувството да се има дете се додека не го добие. Вака сум слушнала. Па би требало да се во право. Но! Некои работи кои сега ги прави мајка ми мислам дека се многу погрешни. Се надевам дека нема да ги правам истите. Се разбира дека нема да го пуштам да прави што сака, од малечко ќе се потрудам да го научам на вистинските вредности во животот. И кога ќе научи, кога ќе сфатам дека пораснало, дека му верувам и знам дека нема да ме изневери, ќе го пуштам да живее. Тоа и е целта до негде, нели? Ама ајде.