Разочарана од неинфомираните и глупавите деца во врска со природата и животните, си ветив.. Никогаш нема да им дозволам да повредат улично куче или маче-скитник. Ќе ги научам да се однесуваат пристојно и добро кон животните..
Кога ќе имам дете, ќе бидам жена која заработува, која пред се ќе има време и нерви за да тоа најубаво нешто во животот да порасне со љубов и најдолемото внимание, секогаш да можам да бидам покрај него, да го научам на основните принципи во животот, култура, манири, и секако, да бидам во состојба да му обезбедам удобен живот. Знам дека ќе бидам слична како моите родители, тие се најдобрите, ех да можам да бидам како нив, животот би ми бил одма мед и млеко, а и на детето секако Но реков, додека не завршам факс, додека не се вработам, не го ишетам светот, и не видам се што сакам да видам, дете не,пошто тоа е голем чекор за мене, но од како ќе го постигнам врвното задоволство во мојот живот како девојка/жена без дете, нема што би ме спречило и поради што би жалела за нешто, и се впуштам во домаќинските води, основање семејство. И сакам тие мои деца,што ќе бидат некогаш, да можат истото да го кажат за мене, како јас за моите родители, а јас ќе го вложам целиот мој труд за да го остварам тоа.
Јас кога ке имам дете ке бидам многу блиска со него/неа исто како што сум јас блиска со мајка ми. Подобра другарка од мама немам.
ќе го правам најдоброто за него ќе расте покрај мене а не у градинки и покрај бебиситерки нема да го разгалувам ќе го правам среќно нема да го малтретирам и ќе му докажам дека може мене да ми верува
Не разбирам што има погрешно во тоа детето да оди во градинка? Зарем и во училиште нема да го пуштиш?...Или детето е дете само до 5 год.? Или само невработените мајки се мајки?
Ќе го научам на основни манири, нема да му дозвола да стане глупаво без општо познавање на некои работи, да не научи англиски или општо за компјутери, нема да го лигавам и уште од мало ќе го учам да биде самостојно и да се снаоѓа. Исто така ќе му дозволувам додека е мало да трча со другарчињата , да се валка во кал и нема да го карам ако му видам некоја рана на ногата , затоа што знам едка тоа е детството
Знаејќи дека она-никогаш не вели никогаш многу често држи вода, а и од примери околу мене на мои блиски, кои до детали знаеле да прераскажуваат што би и што не би дозволиле за своите деца, или тие никогаш нема да бидат вакви или онакви, а на крај излегло спротивното...просто си молчам од страв... Си имам нормално надежи за неа, ја воспитуваме на наш начин, како јас и мм знаеме и умееме, ја чуваме како очите во главата, но најбитно од се и на што најмногу се молам и надевам е Господ да ја чува од зло...
Кога бев помала ова беше мојата најчесто користена фраза. Најмногу пати поради фрустрација од мајка ми. Кога ќе имам дете? Ќе го сакам најмногу што можам и него и таткото. Без разлика дали заслужил или ме оставил, ќе морам да го сакам затоа што ми дал такво прекрасно мало суштество. Ќе се однесувам онака како што сакам моите родителите да се однесуваа спрема мене. Нема да му ги попречам соништата, нема да му ја искорнам секоја ронка надеж дека таму некаде може да успее. Нема никогаш да го присилам да учи и да се плаши од мене и мојата реакција. Сакам да го воспитам да сака да учи само по себе. Ќе го воспитам онака како што мене мајка ми. Да бидам отворена и најмалата ситница да и ја имам пренесено. Да изградам доверба и добар однос. Ќе се трудам да бидам добар родител, моето дете не да ме сака, туку и да ме почитувам и не се срами од своите родители и нивните постапки. Нема да му забранам технологија како што прочитав некаде. Како се движи светот, не сакам дете заостанато за разлика од неговите другарчиња, но ќе го научам на добрите и лошите страни. Ќе му готвам за да биде здраво и живо, ќе го гушкам најсилно што можам и ќе си играм со неговите обравчиња. Нема да му пеам песнички, но ќе го успивам секоја вечер затоа што тоа мало прцле да ми биде во прегратка е нешто драгоцено.
...-нема да му викам и да го тепам за секаква глупава ситница која ќе ја направи погрешно -ќе се потрудам да ги има основните нешта за живот, а во зависност од ситуацијата ќе добива колку што ќе може -ќе го научам на трпеливост -ќе го научам на убави манири, култура и почит кон секого -ќе го научам да живее со животни и да знае како да се однесува со нив -ќе се потрудам да изградиме доверба еден со друг и да може во мене да види и другарка, не само мајка -ќе му покажам дека секој труд се исплаќа -никогаш нема да му викам за лоша оценка во училиште: ќе вложам се од моја страна да биде добар ученик, ама нема да барам по секоја цена да биде одличен -ќе се потрудам и да бидам добра мајка и нема да дозволам тоа да се срами од мене.
И јас порано викав јас кога ке имам дете ке биде вака,вака и вака.Е сега кога имам дете сваќам дека не можам да го чувам по ,,правила,,.Сега можам само со сигурност да кажам дека го сакам нај многу на свет,дека за него правам и ќе правам се и ке се трудам да го научам да биде првенствено добар човек.За се што му треба јас ке бидам покрај него. Ме растужи оваа мајчинска љубов сега кога го гледам како си нанка до мене срце на мама
Кога Ние, ќе имаме дете... Тоа ќе биде. Јас и Тој ќе бидеме, и нашето дете ќе биде сакано. Не сакам сама да одгледувам дете, зошто растена сум во функционално хармонично семејство, и да сме живи и здрави, во иднина сакам детето да ми има двајца родители. Пред се’ Љубов! Многу... Воспитување какво што добив јас. Можеби повеќе избор од она што јас сум го немала или сум сакала да го имам а не знаеле или не можеле моите да ми допуштат. Во свое време, еден убав мал Човек сакам да одгледам со мојот иден маж.
Најпрво да кажам браво за отворенава тема! Алал да тие што ти текна, навистина . Епа вака: Најпрво што е ќе родам нормално, ќе го зачувам со мене и ке расте помеѓу својата мајка и својотт татко.. Ќе функционираме како добро сеемејство со семејни проблеми. Ќе се грижам најдобро за него, ќе го штитам од се и сешто, нормално како и секоја мајка која што има такви грижи и обврски кон детето. Ќе го пораснам како фино, воспитано .. Сега според тоа што мнооогу е раааноо да се каже ама ке гледаме да ги одбере најдобрите манири... ке кажам за мене а за таткото ќе почекаме и тоа доолг период Пример: да се дружи, да не е скржав, да советува, да се извини, да прости и др.. Обеќавам ке бидам добра мајка, како што мојата е !
кога ке имам дете: ке ја има целата љубов, внимание, и поддршка решавање на проблемите со разговор и договор-без повишен тон и котек по мозност надвор од Македонија
Кога ќе имам дете: никогаш нема да кренам рака на него, ќе ја има најголемата љубов на цел свет и ќе биди најсаканото дете на светот, секогаш ќе има разбиирање зато што ќе знам како му е бидејќи и јас сум врвела низ истото, ќе имаме пријателски однос,нема да имаме тајни.