Oдлична тема... Kога ќе имам дете: ќе го воспитувам онака како што моите родители го направија тоа, ќе воспоставам пријателски однос, но сепак ќе бидам родител ќе се трудам на секој начин детето да го добие она што е соодветно за негови години ќе бидам негова поддршка во било која ситуација, дали треба да се исправи на вистинскиот пат или пак да го охрабрам да продолжи она што го прави никогаш нема да дозволам да се засрами од мене ќе го мотивирам да се образува и да стане свој човек и уште многу многу нешта кои сепак мислам дека кога ќе дојде вистинското време, ќе сфатиме што е правилно а што не
Јас, кога ќе имам дете: Нема да му забранувам ништо што не им забрануваат родителите на неговите другари. А, кога ќе побара нешто невозможно, ќе го научам зошто е тоа неправилно. Јас сум доживувала неправди од родителите, но тоа нема. Детето ќе ми биде најсакано на цел свет. Облеката ќе му биде скромна, убаво искомбинирана и со стил. Болката која ќе ја доживува, ќе го научам да ја сподели со мене. А, кога ќе има потешкотии со нешто, ќе направам се за да му помогнам. Ретко ќе му викам зошто се се решава со разговор. Разговор, разговор, тоа е тоа што треба со деца. О, колку би сакала ваков однос со моето дете. Да биде се добро организирано И да не се мешам таму каде што не ми е местото. Техниките на воспитување(современи) да ги знам. Ете, тоа сакам да бидам за моето дете. Лично и персонално, НАЈДОБАР РОДИТЕЛ.
1. Секогаш ке му овозможувам се што ке посака, но најпрво ке го научам да цени и да биде скромно. 2. Колку што можам ке ја поттикнувам креативноста во него. 3. Нема да му забранувам ништо, но прво ке го научам да разликува добро и лошо. 4. МНОГУ ке го поттикнувам да учи. И ке му го месам мозочето со интересни логички игри. 5. Ке го научам за вистинските принципи и морални вредности на човекот. 6. Ке го научам да сака и да се снаоѓа во денешниот свет. И секогаш ке имам време за него, за игра и дружба. И ке го научам да ги сака приказните и бајките а со самото тоа и читањето како што тоа го направија и моите за мене.
Кога ќе имам дете Пред се ќе градам доверба уште од најмали нозе, Нема да дозволам да има се што ќе посака,ипроста причина-колку повеќе даваш толку повеќе ќе бара,никогаш нема да го изолирам и прикривам од надворешниот свет, слободен збор - секогаш да има слободен збор и да му биде дозволено ДА КАЖЕ што сака, ќе му бидам огромна поддршка и никогаш нема да дозволам да се посрами од мене
на сето ова само би надополнила, дека недај боже доколку доаѓа до расправија дома, би гледала децата да не се присутни, и никогаш (освен епте ептен кога ќе е потребно) нема да кренам рака на дете-само казна , со казна ќе го заболи многу повеќе
Кога ке имам дете ке му купувам се и сешто!Ке го шетам насекаде низ светот.Најубав/а ке биде мајке ми
Ќе се обидувам да го хранам најпрво со многу љубов. Знам дека од неа произлегува се и добро воспитание и сите морални вредности и соочувство кон туѓата болка и безрезервна и безповратна помош... Ќе ги учам да го ценат најмногу исконското и човечкото, а потоа се друго да биде само предмет и материјално средство за опстанок во животот. Но не цел, која би ја уништила нивната душа.
И за жал, кога ќе имаме дете нема да се придржуваме до 80% од напишаното, поради оваа или онаа причина
Ја кога ќе имам дете ќе гледам да бидам поише дома за да не се деси да не го препознаам откако мајката ќе го украси како новогодишна елка.
И да знаеш така е, посебно она ,,никогаш нема да кренам рака на него,, а кога го плеснеш по газе е тоа не се важи, или ,, ќе му дозволам се да има, ама ќе го учам скромно да биде,,. Уали го (па после соседот ни бил крив ) се да има па после го учи на скромност и која скромност на дете кое ги сака сите играчки од продавница Епа ако е девојче ќе мора да ги има сите шноли, стегачи т.е цееел детцки аксецорис, да биде модерна на мама и убава на тато
Ке се трудам,и знам дека нема да бидам родител како некои поединци, се што сум во можност да му дадам се ке има, ке го воспитам најдобро што можам и ке воспоставам другарски однос со него..и најбитното ке го сакам најмногу
Јас кога ќе имам дете нема да го тепам Ќе се обидам да бидам со него добар пријател ќе има сешто сум немала јас
Јас кога ќе имам дете никогаш нема да кренам рака на него, ниту пак ке му цркам без потреба. Никогаш нема да го засрамам.. Ќе бидам се што е мајка ми
Кога ќе имам дете ќе се трудам да му дадам она што јас не сум го имала никогаш нема да го оставам нема рака да кернам на него колку и да сум лута ќе направам се да го помине своето детство безгрижно и никогаш нема да го оставам да го чуваат неговите дедо и бабааа ќе му дозволувам да прави што сака ама до границаа...со ова сакам да кажам дека неќам моето дете да биде разгаленоо и дррр не ми текнува сега...
Ќе се трудам да му овозможам се што му е потребно, нема да дозволам да биде разгалено, и никогаш нема да кренам рака на него
Ако дојде ден јас да имам дете би го сакала најмногу на светот,би се трудела да бидам добра мајка која ќе го научи детето за вистинските вредности во животот ,секогаш кога ќе биде тажно ќе бидам покрај него да го гушнам , секогаш ќе го сослушувам кога ќе има некој проблем и ќе го советувам,ќе му помагам,кога ќе треба и ќе бидам малку построга кон него за негово добро,ќе го воспитувам добро да се однесува и да биде културно дете , се надевам дека нема да биде плачко како мене туку ќе борец и храбро дете и ќе успее да се избори со сите неправдини што животот ги приредува , се надевам ќе има сета радост и среќа што јас ја немам,ќе има вистински добри пријатели и се друго што јас немам.
Најмногу би сакала да се чувствтва слободен/а пред мене,да може да седне со мене да пиеме кафе и да ми се жали,да ми се пофали,да ми побара совет односно да знае дека мајката може да биде најдобрата другарка на своето дете. Ќе се трудам да го воспитам на начин за кој што подоцна нема да зажалам,пред се да биде чесна и искрена личност,да знае да почитува и да се бори во животот. Искрено знам дека ќе се соочи со многу неправди во животот, а нема ништо полошо за еден родител кога знае дека на детето му се случуваат неправди а неможе да му ги објасни и да му даде на знаење дека без тоа животот не би можел да помине. Себеси не се замислувам како строга мајка,но сепак би постоеле одредени принципи, не за да изигравам лоша мајка туку за свати дека домашното воспитание и домашните принципи се гледаат од далеку. И се разбира ќе се борам за да има се во животот,незнам колку тоа ќе ми биде пружено финансиски но секогаш последното би му го давала. Незнам дали би кренала рака,се надевам дека нема. И никогаш нема да дозволам неговите баби да го воспитуваат,за да не се чудам на крај дали е ова моето дете и што направиле од него
Јас кога ќе имам дете ќе дадам се од себе да му овозможам првенствено добро детство исполнето со љубов и сите неопходни работи, а после се и материјални стари со кои ќе успее да застане на свои нозе и да тргне по патот на животот. А што е најважно од се, да му оставам чист образ и да не дозволам во било кој момент да се засрами од мене!
Неверувам дека ќе биде тој ден блиску, но сепак би сакала многу да имам син. Кога ќе бидам мајка, ќе го оставам некои работи сами да ги прави, уште од мало, ќе го научам да биде посамостално, незвисно од никој, снаодливо во секоја ситуација. Ќе се трудам да биде искрено со мене секогаш, па макар и кога ќе направи нешто лошо, ќе го бранам и ќе го штитам, па макар и да згрешил. Некогаш ќе го правдам ако побегне од час само да не му прејде во навика. Ќе се трудам да има се што ќе посака, и пред се да има едно фино семејство, без кавги, расправии, една складна хармонија, да се чувствува сакано и спокојно. Уште од мало ќе го запишувам на јазици, и би била најсреќна на свет ако има интерес за музика, да свири на било кој инструмент. Ќе му бидам најдобар пријател, и во добри и во лошо.
Е баш ова е најголема грешка кај повеќето родители, наместо да му укажат на грешката за да свати и повеќе не прави така тие му ги лижат гомцата од газот А ако сака да му купиш вистински авион ?!?! Ајде ќе правиме муабет за некоја година кога навистина ќе имаш дете па некако работите ќе ги гледаш ваљда од друга перспектива Ова не се однесува на тебе али веќином родители лечат комплекси преку своите деца