Ќе бидам ко диктатор -Телевизија ќе гледа само по пола саат на ден, ќе определам термин (19.00-19.30) пред вечера. -У кревет одење 20.30, а до 21 дозволено читање книга, или слушање музика, приказни за деца. -Благце јадење само еднаш на ден, во мали количини(чоколатце, неколку бонбони..) само доколку предходно изеде морков, паприка... т.с како систем на награда. -Ќе проценам за што има афинитети, ако е паметно на мене ќе го пишам на јазици, ако е талентирано на татко му на спорт, уметност, цртање. -Ќе внимавам на речник да не причуе некое лошо зборче и ќе го научам на добри манири. -Систем на заслуга, дружба со другарчиња само доколку го напише домашното. Кога ќе потпорасне ќе гледам да остане на правиот пат. ОД мене ќе пружам што можам, удобен дом, храна на трпеза, одмор, јазичен курс во странство....а другото од господа.
Никој не рече како прво дека нема да му укажам, како друго сосема друга ми беше поентата на муабетот. Имам другарки кои никогаш не им кажувале на своите родители кога ќе напарават нешто лошо. Зашто, бидејќи од дома има не само да ги казнат, никогаш не ги подржуваа своите деца, се дереа ги омаловажуваа пред професори, ги тепаа силеџиски,зашто-скришило прозор, добрило 2ка, се закачало до другарчињата. Е тоа е искомплексираност драга моја, кога сопственото дете има ужасен страв од тебе, да ти каже било каква грешка и ти наместо да му укажеш но во граница на нормалата, не со средновекнови казни како каиш, да не мрда од дома месец дена итн. За тоа зборувам. Друго, имав дургарка во средно која постојано бегаше, и нормално мајка и ништо не знаеше. И ја фати кога тогаш, и што се деси, партал ја напраи пред цел клас, дерење, викање од дома не мрдна со недели, никакво разбирање, никаков разгоров, ја силеше ќерка и во се што може и неможе, немаше никакв разбирање за тоа дека не е совршена, човек си правиш грешки, избегала од час, седни со неа разбоварај зошто го направила тоа, бробај да ја разбереш и да и помогнеш, а не само да се дереш и да и се закануваш или да ја казнуваш со неискачање од дома, недавање пари или триста глупости. Со тоа на тебе му се ствара здрав разум и здраво размислување, па уште поискомплекрисано ќе биде утре, немасто пријател сздаваш полицаец кој само стори и казнува, а не дава некаква поука од целата таа грешка со пример кој не мора секогаш да биде строга казна. И да ќе го подржувам, како што мене ме подржувала мајка ми, дома ми давала лекција секогаш. Но знам и ден денес дека и да згрешам секогаш е тука да ме свати и да ми укаже на грешката, а не да ме исклучи од својот живот зашто не е тоа каок што она сакала да биде. Муабетот ми беше, и да напрви било што лошо, нема сигурно да употребувам прекумерна сила на него, да го заклучувам во соба, и нема сигурно да правам сцени пред професори да се караме, викаме дереме. Тоа за мене е никаков родител. Нормално дека ќе го скарам, ќе му одржам лекција, но несакам детето ое да се плаши од мене како да сум чудовиште. Со разговор и искреност и од моја страна ама и од негова, од мало да го научам дека не сум баба рога или полицаец, туку дека со муабет може се да се среди. Искрен, строг муабет. Имам колешка што на 21 години се плаши од мајка и, и ја лаже дека има уште 3-4 испита, таа само толку има положено. Зошто, е од такви примери. А за тоа ќе се трудам да има се што ќе посака, која мајка и татко не се трудат да му овозможат се на детето? Под се не мислам авион или разгалувања, мислам секакови курсеви, научни искурзии, патувања, дај боже да го школувам во странство! Ти не би го сакала тоа за твоето дете? Под се не мислам само на играчки и облека, мислам на некои работи кои ја хранат душата, како паувања, курсеви, книги итн. Друг пат, не ми ги вади зборовите од контекст, затоа што ми го изврте муабетот, а сеуште не ми ни знаеше цел изграден став и мислење!
Ќе ми се степаш бе уште малку и несум ти драга Ти лошо ме прочита али ај нема везе. Во првиот дел на твојот пост од живи примери што пишуваш не се искомплесирани родители (и тоа го напишав во претходен пост и немаше потреба да крепиш со примери) ?!? а за доверба да не зборам на кое ниво е и уствари дали ја има. А кој тоа не го посакува најдоброто на своето дете?!?! Ако има таков кој не сака тогаш не заслужува да биде родител. Сите ние сакаме ама во рамки на могуќноста која ни се пружа во животот. Сите сакаме да ги изведеме децата на прав пат и по можност да бидат уште подобри од нас. Можеби друго си мислела ама така напиша и јас така те сватив
Па и јас не верувам дека во блиско време ќе биде тоа ама кога би било. Отсекогаш сум сакала да имам син. И женско сакам ама син повеќе, но сепак што и да ми се погоди ќе бидам среќна. Дали ќе бидам попустлива или построга не можам уште од сега да кажам поради тоа што не знам. Мислам дека во умерени количини е најдобро. Ќе се трудам да му приуштам се што сака (не да биде разгалено туку едноставно да има работи кои ги сака во било каква смисла и работи кои јас не сум ги толку имала). Во никој случај нема да го тепам затоа што мислам дека дете можеш да воспиташ и на друг начин а не само со караници и викање. Секако кога веќе е неизбежно да се скара океј, ама не претерано. Уште од мало ќе се обидам да го заинтересирам да има некое свое хоби, би сакала да биде спортист или по можност фудбалер . Ќе го дотерувам типски уште од мало за сите женски да се вртат по него . А исто така без разлика дали машко или женско дете да имам би го учела да не биде наивно и да не верува толку на луѓето околу него. Мислам дека тоа е една од најдобрите лекции.
slavica999 ме цитираше мене, не некој друг нормално си помислив на мене дека мислиш. Ај што ми ги извади зборовите од контекст, ми напиша некои реченици кои немаа врска со мојот став. Секогаш кога некој ќе ме посоичи си го бранам ставот, каков и да ми е, секогаш го поткрепува со аргумент. Нема да те истепам не сум таква , ама ме изнервира што баш тие зборови ми ги циираше со глупо образложение(извини ама немаше врска твојот пост со моето мислење) Ако сакаше да дадеш пример општ, немораше мене да ме цитираш. Нормално си помислив дека за мене се однесува. Не беше ништо против тебе, изивни ако така свати, само си ги бранам ставовите и мислењата П.С и баш си ми драга, иначе, ако ти не ми веруваш Тruce
..ќе го сакам. Ќе го почитувам неговото мислење. Ќе го учам да верува во себе, да почитува и цени. Ќе го терам да јаде брокули и нема да го носам во МекДоналдс.
Нема да одам во екстремности, ќе пробам да бидам златна средина. Да не му дозволувам премногу, но ни премалку. Нема да користам тепање, како метод за да го смирам во никој случај, ќе го ислушам кога му требам, ќе бидам тука за него, ќе се трудам да му овозможам пристоен живот, а најважно: безусловно ќе го сакам. Уствари, кога ќе имам дете, ќе бидам мајка како мајка ми.
Ќе го сакам, ќе го учам на сето она што треба да го знае, да верува во себе, да почитува и цени. Нема да го гојам со храна за да не ми биде дебелко детето. Ќе му помагам во сите можни негови проблеми. И за крајот ќе го терам да гледа серии заедно со мене за да може после да си ги прераскажуваме
ке го сакам најмногу, се ке правам за него, ке бидам неговата златна самовила во добро и зло,ке му ги чувам тајните и се надевам дека ке бидам најдобрата мајка во светот
Сгурно нема да направам ништо од тоа што сега го мслам, освен секако дека ке биде мојот живот и ке го сакам ... викаат тој момент од раѓањето па до крајот го знае само мајката во мометнот кога ке искочи чудото од неа, и после тоа веќе се се менува ... којзнае
сакам две работи да допишам...кога гледам како младинава гине со тоа моторите, знам дека додека јас го хранам(живее од мои пари),од мои пари нема да му биде купено мотор.А утре кога ќе има свои финансии,можам само да сугерирам.Но јас на ризик да ставам свое дете НЕ. Второ, ако имам ќерка, ќе се трудам максимално да сум што поблиска со неа. Да не се плаши да ми каже ништо, да ја има блискоста и довербата во мене како најдобра другарка. Бидејќи гледам примери околу мене дека тоа може така да биде.
Најпрвин ке го научам дека на мама и на тато може се да каже, ако не на тато на мама, дека ние сме тие кои секогаш ке бидеме покрај него , без разлика какво е и што и да направи. Ке го научам да цени некои работи во животот. Да не биде разгалено , затоа што може да има многу последици понатаму. Да ги почитува постарите од него. и најбитно од се да свати дека образованието е најбитната работа во животот. Што ке си посееш тоа ке си жнееш.. Ке го научам да не се кара да решава се на мирен начин, но и да има свој став и свое јас ! и како што кажа Stoimenovska ке бидам се што е мајками
А од моја гледна точка јас имам деца и единствено што сакам е да ме сакаат и да ја ценат мојата "пожртвуваност" што ја даваме и правиме и јас и мојот сопруг.
Кога ќе имам дете ќе се потрудам максимално да разговарам со него за се, секогаш, на секоја тема. Никогаш нема да му речам „не можам сега“...
Како Ананди се осеќам кога го пишувам ова,жими се,на 15 години за деца мислам. Се договоривме ние,машкото ќе биде Петар,женското Ана Марија
Јас кога ќе имам дете ќе направам се што можам да го направам човек и да не ме гледа како лоша личност ни еднаш! Ќе му го подарам цел свет! Но, тоа дете може да почека! Уште сум млада!