Ако некогаш одлучам да имам свое детенце ке се трудам да бидам СЕ само не она што беа моите родители!!
Леле темава, хахха , секогаш ама секогаш кога ке поминам покрај бебешка продавница за колички, облека, патики, на фемина кога читам за бебиња на интернет коа ке видам, абе се си планирам што ке му купам Порано запнав дека бебето ако ми биде женско ке се вика Клара Сеа сум околу патиките, каква марка ке носи абе не сум со сите
јас кога ќе имам дете ќе го воспитам да биде вистинска личност со свои цели во животот нема да бидам строга мајка,ама да ми се лигави и плаче за глупости -е тоа нема никогаш да го дозволам
Во последно време темава често ни е за разговор со другарките. Јас кога ќе имам дете,машко повеќе сакам да биде,ќе го направам право раперче,ќе го научам да ги почитува жените,уште од мал ќе го запишам на курсеви за јазици,или пак нешто спорт,важно да биде активен уште од мал. Ама дека има уште бааагиии време за јас деца да имам,а другаркава гледам нешто цело време се вртка со дечко и муабети за деца,свадба,и кажав и нејзе ако има син,прав рапер ќе го направам.И баш додека за ова правевме муабет и ѕвони дечкото и она му вика ЦИА ми рече синче да сме имале,ти шо сакаш?
јас кога ке имам дете... како прво нема да можам да си спијам спокојно како сега по 12часа конечно ке имам слаба точка, нема да можам да шетам и да излегувам кога ке ми текне, ке постои на светот некој што ќе го сакам повеќе од мене, и се надевам дека ке бидам добра мајка да го воспитам како што е редот нели, и нормално ке му оставам нешто да живее комотно
Тоа ќе биде нешто најсакано и најмило за мене на светот.Уште од сега сакам да си чувам братучетки,роднини,како помала си го чував брат ми,а кога ќе си имам детенце... жими се уште од 15 години се радувам Ќе си гледаме Барса фамилијарно
Ќе го научам да ги почитува сите што треба,ќе му кажам како да се пази од дволични личности,ќе му кажам се што треба да знае за тоа како треба да се однесува со постарите и со жена,ќе го научам да си има хоби,да живее здрав и безбеден живот. Ќе ги сака Барса како и јас и заедно ќе си гледаме фудбал,ќе му покажам се за модата за хигиена итн...и никогаш ама баш НИКОГАШ нема да дигнам рака на него. Најбитно ми е да го научам да поштува и да не заборава брзо некои битни работи. Си планирам и за облека секогаш да биде тип-топ моделче на мама
Единствена желба ми е кога ќе имам малечко(во случајот женско)да не биде разгалена примадона,ќе имам строг став кон неа,ќе ја воспитам на начин на кој животот ќе и го претставам во вистинска смисла(не сакам да живее во бајка-грешка на мајка ми, која ме научи да бидам разгалена маза,и кога дојде време да се соочам лице в лице со животот јас бев губитникот). Не ми целта на животот да гледа песимистички,само не сакам да очекува дека секој секогаш ќе стои позади неа и ќе ја штити,дека некогаш ќе мора да се брани сама,да се бори сама,да успева сама,да се докаже сама без ниедна подршка од никого(ако сака во нешто да успее нека внесе целосен труд)....тоа не значи дека јас нема никогаш да превземам нешто за неа(се разбира дете е,мое е)но ќе се трудам да помогнам во најмала рака.....сакам да ја виде и научи суровата страна на животот....бидејќи и таа ќе биде еден ден мајка ќе треба да воспитува свои деца....а не како мене сега:ме страв да имам дете,напорно ми е порано да станам,напорно ми со самото тоа дека мајка ми не е овде после ручекот да ги измие садовите(нејзина кривица, никогаш не ми даваше ние со сестра ми да ги измиеме)и сега што секоја обврска како сопруга и мајка ме и напорна.....но не се жалам на тоа гледам како лекција се трудам да се сменам,и дека ќе и дадам по добар пример на ќерка ми....не ја укривам ни мајка ми, таа само сакаше да ни пружи безгрижно и среќно детство,без тешкотии....детство кое таа го немала.....Од тој аспект и јас на моите деца ќе има пружам детство кое и јас го немав! -Да гледам на животот од реалната страна,да не живеам во бајка и под стаклено звоно!
Ќе гледам да го воспитам правилно, нема да биде премногу разгалено, но секако дека нема да му скратам некои задоволства. Мислам дека најтешката работа во животот е да го изнесиш на правилен пат своето дете.
Ќе му ја подарам сета своја љубов, да знае дека е сакано, дека може да се потрпе на мене и дека ќе си бидеме потпора во животот. Кога ќе имам дете ќе го научам да љуби, да помага, да има разбирање. Ќе му помогнам да ги види вистинските вредности во животот, ќе се потрудам да му пружам колку можам повеќе, ќе работам на тоа, да се гордее на мене, да е среќно што ја сум му мама. Најбитното е што, ќе го сакам најсилно, со сета душа, од тоа никогаш да не се чувствува запоставено или осамено.
1. НИКОГАШ нема да кренам рака на него 2. Би го пуштила да се тетовира (НЕ премногу) 3. Би го пуштила да биде свое и индивидуално (скејтборд, фризури, стил на облекување) 4. Не би го терала да учи ден и ноќ (ама мора да има добри оценки) 5. Не би му забранила обични работи (излегување, слатки и слично) 6. НИКОГАШ не би го посрамотила 7. НИКОГАШ не би го навредила 8. Секој ден би му кажувала колку многу го сакам 9. Би била ИСКРЕНА со него 10. Би го подржувала во СЕ што прави
Јас кога ќе имам дете... целиот мој живот ќе му го посветам (нема на млади години да го родам, така што ќе имам време прво за мене, па за него ) и ќе го сакам најмногу и секогаш ќе ја има подршката од мене
Ех кога јас ќе имам детее ќе му подарам се знам дека ќе биде секогаш на прво место, сакам да му бидам најдобар пријател, многу сакам да имам дете
Јас кога ќе имам дете ќе се трудам да му бидам најдобриот пријател, со кој ќе може да разговара за се и кој никогаш нема да го изневери, бидејќи токму тоа во одредена мера ми фалеше мене Ќе го научам на добри манири, ќе го научам да се однесува со почит спрема другите, ќе го научам да го добива тоа што го сака, но со свој сопствен труд, а јас ќе му бидам морална поддршка. Ќе го научам дека образованието е доста важно за да успее во животот, само затоа што тоа е единственото нешто кое нема да може да му го земе никој. Се надевам дека ќе имам нормално семејство, со современи сфаќања, и ќе успеам да му овозможам се што ќе заслужи И за крај, се надевам дека ќе имам барем една ќеркичка
Најверојатно нема да дозволам, да стане возрасно уште на 12 години. Не би го ударила, колку и да погреши Би го учела да се однесува пристојно, да ги почитува старите да знае кој дете а кој возрасен.
Ех колку убава тема Кога ќе имам дете, ќе го сакам најмногу на цел свет! Ќе го галам но не и разгалувам. Секогаш ќе се борам да му обезбедам солиден материјален и семеен живот. Ќе му давам совети и ќе го критикувам, но никогаш нема да одлучувам во негово име. Ќе го почитувам неговиот живот и инитима. Секој ден ќе го учам и подучувам на нешто ново. Ќе го предупредам дека животот во 99% од случаите не е фер, но дека заради тој 1% ВРЕДИ се да се иживее и преживее, а ако ме праша ’зошто?’ ќе му одговорам „Бидејќи животот е убав!“ Ќе го запознаам со најубавата музика на светот и ќе му укажам на тоа колку е потребно да се биде физички активен, ќе го научам да готви (барем основните работи ) да се грижи сам за себе, да сака да биде независна личност, да сака да учи за да знае да решава крстозборки (меѓудругото) )) да ги следи своите соништа, да верува во себе и во Бога, да знае дека освен здравјето најважно во животов е семејството. Ќе му ги ставам во плеј листата песните сите песни од Тоше, Битлси и Што и да е ќе помине- Владо Јанески. Ќе му купувам многу многу книги, бидејќи тие се бесценето богатство! Ќе му кажам дека во животот ќе налета на многу порази и подеми, но и дека секогаш ќе биде така, бидејќи човекот не може да биде цело време среќен, а ниту пак цело време тажен - тој баланс мора да постои. Ќе му укажам на тоа колку е важно да има вистински пријатели покрај себе и секогаш да прави компромиси. Секогаш ќе бидам таму за да го фатам кога тој/таа ќе падне и ќе се изгуби некаде во животот. Ќе му бидам пред се НАЈдобриот другар кој никогаш нема да го напушти. Јас никогаш нема да го напуштам своето дете, во ниту една област од неговиот живот. Ќе го подржувам и ќе го туркам сам да се избори за своето место во светот. Ќе го научам да си ја сака својата земја и јазик и да ги почитува сите луѓе околу него и различните ставови на истите. Ќе му ги пренесам најважните вредности и морали и уште тооолку многу работи за кои е потребно денови да поминуваат додека да ги изнапишам. Го читам постов и се некако ми звучи како да ќе бидам совршена мама.. но знам дека ќе бидам далеку од тоа, едноставно бидејќи совршенството не постои (и тоа ќе му го кажам ) Само можам да си ветам себеси и еве овде на форумов, дека ќе се потрудам да бидам сето ова, бидејќи мојата љубов ќе нема граници...