Ќе го сакам бескрајно, повеќе од себе! Приоритет би ми било да го научам на моралните вредности на животот, за да еден ден од него/неа биде пред се добар човек. Да бидам покрај него, за се и секогаш кога ќе му бидам потребна, но истовремено да се учи сам/а на индивидуални избори во животот. А околу дигањето рака, (иако во животов не сум била удрена од моите, сепак не го сфаќам тоа толку трагично) ако малце го пернам по раче или газе за да му кажам дека нешто шо праи е погрешно, откако неколку пати веќе сум му/и напоменала со збор не го сметам тоа за уау дешавка (во никој случај не мислам на некое крвничко тепање). Сакам кога децата од мали се учат да се изградуваат како личности. Се надевам дека еден ден ќе бидам добра мајка. п.с. доколку по некоја случајност биде "испуштено од раце" секако... крив ќе биде татко му/и!!
Јас кога ќе имам дете ќе си го сакам најмногу.Ќе биде обсипано со мајчинска и татковска љубов.Ќе го научиме да сака.Нема да го тепам само ќе го карам.Ајде кога ќе имам дете ќе пишам што ќе правам,а што не
За сакање, сигурно ќе го сакам, не треба муабет да правам за тоа. И мислам дека би била мајка која е многу современа и отворена за разговор. А за чудо, кој познат и да ја начека темава на муабет ми вика „многу ќе бидеш строга со детето, нема да му даваш да мрдне.“ Ќе поттикнам почит и однос како кон една помека форма на авторитет (родител сум, не фирер), но да го спутавам детето ко шо праат некои, нема шанси. Прво и основно, ќе се потрудам да му ја развијам самодовербата, нема да го потиснувам, ќе го сослушувам внимателно за се' што сака да разговара со мене. Е не, ко вујко ми шо викаше „Шо, љубов? Ја на тие години на татко ми да му спомнев за љубов, ќотек ќе јадев.“ Бре! Јас сум против тоа. Ќе створам поотворена комуникација да може отворено да разговара со мене за се' што го мачи. Секое негово мислење би било доволно вредно за моето внимание. Самодовербата (секако ако не прејде во екстремни форми на однесување кои би се потрудила да не ги дозволам), е нешто кое многу ќе му помогне во средина во која полека но сигурно, искреноста и духовното се губат и се навраќаме на теоријата на синџирот на чичко Дарвин. И да, сметам дека би го заштитила со таквиот пристап повеќе отколку со оној заканувачкиот. Зошто? Затоа што најголем број на грешки на децата пуштаат корени од многу прашања кои не им биле одговорени на време и од вистинските луѓе, а од родителот посоодветен човек за тоа нема. Ако ми текне на уште нешто ќе се навратам на темава.
Јас кога ќе имам дете ќе го сакам најмногу од се!Никогаш нема да кренам рака на него и никогаш нема да дозволам да се посрамоти од мене!
јас кога ќе имам дете...и -јас имам дете се многу различни..... многу е поразлично......многу работи што сум велеле дека никгаш нема да ги дозволам или правам на моето дете- еве се случуваат.... сум велела никогаш нема да бидам премногу притресна мајка, која за се едно нешто паничи- па еве сум.... не сум сакала кога ќе видам мајки , на пр. во парк, кои постојано викаат по своето дете - сине немој тоа... сине немој тоа ќе се повредиш.....итн итн... има милион такви мали примерчиња зависи и од детето колку е темпераментно, премореноста на мајката од обврските итн итн работи кои претходно не сум мислела дека ќе влијаат на мојот однос со детето
Никогаш нема да дозволам да е обесправено, да го напаѓаат, да се срами од мене, и НИКОГАШ нема да дозволам да биде идиот и ред други работи
Сонувам за овој момент.Сакам многу деца.Ќе им го овозможам сето она што јас го немав подеднакво од моите родители : љубов,ќе бидам мајка која ќе ги направи децата да се гордеат со неа,ќе давам љубов кон нив и ќе ги заштитувам во секој момент.Сакам големо семејство... Спојлер ЉУБОВ ДО МОЈАТА МАЈКА,таа ми докажа колку се децата најскапоцениот дар од Бога за секоја мајка,
Понекогаш си мислам дека е смешно што дури сега размислувам на оваа тема (имам неброени планови за својата иднина ), сепак тоа е сонот на речиси секоја девојка. За сакањето нема да зборувам, тоа се подразбира а за воспитувањето? Па, само знам дека нема да биде воопшто налик на начинот на кој луѓето околу мене ги воспитуваат своите деца. Делот во кој кажуваш дека некој познат ти вели дека ќе бидеш строга со детето ме потсети на едни комшии. Пред да имаат деца муабетот беше како ќе ги сакаат бескрајно, ќе бидат вакви, ќе бидат такви.. Сега веќе приказната доби друг тек. Имаат две деца и да ги слуша човек како разговараат со нив е навистина тешко за слухот. Според нив сега, не може да се најде начин детето да те послуша за нешто ако не му пискаш цело време, нема да биде човек од него ако не го удриш понекогаш (ги цитирам: Ќотекот е излезен од рајот!) Пробав да ги сфатам некако, ама слабо ми оди. Одговорот на тоа им е: Имај свое дете па ќе те видиме како ти ќе се однесуваш со него. Абе ајде ти се молам! Не можам да сфатам како воопшто можат да бараат оправдување за нивното однесување! И уште да ми кажат дека и јас така ќе се однесувам со моите деца. Секако! Разгали го ти уште на почетокот, пробај со викање и тепање да му ги објаснуваш работите, и тоа секако ќе биде пример за однесување кога ќе порасне. Кога ќе погледнам какви се луѓе чуваат деца, му благодарам на Бога за моите! Можеби не успеале да ми овозможат се што сум сакала, но секако сум имала се што ми е било потребно. Со мајка ми отворено си зборувам за се и сешто, за разлика од некои другарки кои се тресат од самата помисла да кажат дома дека само им се допаѓа некој (на 21 година ) Се на се, моите деца ги очекува мноогу љубов, разбирање, искреност и отвореност. А за друго, ќе видиме некогаш кога навистина ќе имам свое дете.
Јас само знам дека од тоа дете сакам да направам сериозно и самоуверено суштество. А за разгалување, не сум таков тип е во тој аспект сум можеби малку строга, но затоа што сум била строга и кон себе. Така ме воспитале. И кога сме имале повеќе и кога сме имале помалку, моите не ми дозволувале да се облекувам така што ќе штрчам во средината како таа со најскапа гардероба. Никогаш! Мразеле такви работи. Спојлер Ме научиле кога ќе имам(мада како тргна времето посоодветно е да се каже ако имам) повеќе финансии да ги насочам кон повредни и попостојани работи: образование, дом и тн. Сме имале повеќе еднаш, но гардеробата ми се состоела од најмногу два фустани (еден кежуал, еден за свечености), 4-5 блузи/маици/џемпери, 2 пара фармерки, една сукња, една потенка и една подебела јакна, едни зимски патики и чевли за потопло време. Тоа било се'. Можеби вака набројано изгледа многу, но да протераш цела година со овие парчиња, па и не е баш. И никогаш не сум се чувствувала помалку комотно или помалку вредно. Пре би одела со ефтини и позајмени алишта 15-20 години и би пропуштила годишен одмор неколку години, ако знам дека што се стискам за тој период ќе вреди, утре ќе имам свој кров над глава. Моите секогаш ми викаа: „Најважно е човек да се задоволи со потребата, само така ќе му се радува на малиот луксуз. Во спротивно, ќе плачеш зошто малиот не е голем луксуз.“ И излезе на крај дека тие си го сменија ставот и дека ним им станаа важни работите кои ме учеа мене да не ми станат али ете...тоа значи дека добро ме воспитале, подобро и од нив самите, на нив влијаеше новото време, а на мене не. Но тоа е доказ колку ги бива во воспитување на деца. Затоа и потсвесно знам дека нема да си го разгалам детето. Затоа што од малечка ми е вроден тој отпор кон такво однесување. А за ќотекот...нема шанси. Доколку ги поставиш правилата на игра од старт, доколку не го разгалиш до немајкаде (како што прават мои роднини), збор-два и лут поглед се доволни.
Јас кога ќе имам дете ќе се трудам да го воспитувам онака како што моите ме воспитувале.Ќе знае што сака во животот и ќе има свои цели.Нема да му се наметнувам и ќе дозволам да се осамостали,да биде самостојно.Ќе ги почитува постарите и најмногу своите родители.Ќе биде второ ловеро
ќE бидам најсреќна мајка на целиот свет.....ќе се трудам да го научам дека каков и да е животот , треба да се живее , да гледа позитивно во секоја ситуација..... и да научи дека се што правиш , така ти се враќа ... кога тогаш.....
1. Ќе бидам строга до одредена граница (несакам да испадне некое разгалено детуле) 2. Ќе се потрудам да биде социјализирано и да има доволно другарчиња за дружба (сигурно би го пратила на некои дополнителни активности каде може да запознава повеќе луѓе) 3. Нема да инсистирам да му бидат сите 5ки но и нема да дозволам да остане без познавање од општа култура... 4. Задолжително би му купувала многу книги, би се обидела да влијаам да стане зависник од читање и би му укажала дека библиотеката е прекрасно место... 5. Ќе се обидам да го оттргнам од пороци. Би му укажала уште од мало дека пушењето не е воопшто кул и фраерски ниту пак пијанчењето за викенд те прави фаца (мислам на претерани количества)... 6. Би го научила да има почит спрема секогу, да не се потсмева на туѓите недостатоци, да се однесува културно... 7. Би му укажала да внимава во когу има доверба. Наивноста е лоша особина... 8. Би му укажала која облека за каде е соодветна. Несакам да оди во школо облечено како за на журка... 9. Ако е машко би го советувала да ги почитува девојките... 10. Пред се би се обидела да имаме фер, искрен и другарски однос. Да нема страв од мене но да има почит кон мене...
Освен што ќе го сакам повеќе од сопствениот живот,би го советувала... Да не се плаши од предизвици, да го гушни животот и сите убавини што тој ги пружа, да има почитување спрема постарите, да биди секогаш искрен/а и секогаш да ја кажува вистината без разлика колку е сурова, да не ги зема сите работи при срце, да прифати дека некаде надвор не е се розово и дека не секој еден ќе го/ја сака и поштова, да не биди наивно, да не пуши,пие,дрогира, да му верува само на мама и тато,но не и да стани мамино синче или татина ќерка, секогаш да ја гледа духовната страна на работите, доколку е машко:да ги почитува девојките,да не биди насилник,да не ги навредува оние помалку среќните од него... доколку е девојче:да пази на кого му го дава срцето и дека не мора да носи микро здолниште и мрежести хулахопки за да се вклопува и да биди сакана... Најважното, да има љубов кон бога и религијата, да верува во чуда,бидејќи рајот,е место на земјата
Јас кога ке имам дете ке му дозволувам се што моите родители мене ми забранувале,ама секако до одредени граници.
Кога јас ќе има дете... тоа ќе биде најсаканото дете на цел свет. ќе има се, но нема да биде разгалено(малце звучи невозможно, но, моите родители ми дозволиле многу работи, па јас не сум разгалена) уште од мали нозе, ќе го учам на сите добри работи и како да биде човек, најдобар другар, да ги почитува родителите и најблиските. да биде најпаметено. :geek: (не генијалец, но, доста совесно и разумно) кога ќе порасне, ќе го учам како да се грижи за својот сопствен изглед. Ќе му ги давам НАЈИСКРЕНИТЕ совети. И, офтопик сакам да имам близнаци(машко и женско.)
Кога ќе имам дете ќе се смеам кога тоа се смее и ке плачам кога тоа ќе плаче. Ќе му бидам подпора и најсилната поддршка на светот. Ќе се трудам од него да направам човек, својата нервоза НИКОГАШ нема да ја истурам на него и ќе му ја пружам сета љубов на овој свет
Кога јас ќе имам деца, знам дека нема да ги направам добри до степен на наивност и глупоча, како што сме јас и сестра ми. Тоа ќе е она што ќе го сменам во начинот според кој јас сум воспитувана, а не чини во ова време-невреме.