Јас кога ке имам дете, ако биде машкото ке биде најголем женкар во градот.. (како што ми тргна се само со такви некој да си имам работа, ваљда и маж ми идниот ке биде некој таков ) Искрено не сакам многу деца ама знам дека моето ќе го сакам повеќе од се на светот, нема да го учам да биде добро и поштено, наивно и да верува зошто во овој сурев свет така не се успева.. можеби не е добро да го воспитувам како да биде расипник ама барем да знае да се снаоѓа во животот и да не очекува од никој ништо затоа што денес сите си го гледаат својот г*з со извинување... И ќе го учам токму така, да се снаоѓа во животот и да си ја гледа само сопствената среќа.. затоа што поинаку не може да успее. И секако ќе му дозволувам се, до мерка да не го преразгалам.. ама барем да има среќен и исполнет живот, и да има убави мигови од своето детство.
се надевам дека ке имама,ке го сакам и многу ке бидам радосна со него. ке се обидам да има родители какви сто имав јас ако може и подобри,со уЧење и да има се.
Па вака: 1.Пред се ќе го научам на култура. 2.После тоа следува училиштето,секако треба да има солидни оценки. 3.Нема да му бранам да излегува од дома во никој случај. 4.Ќе му биде дозволено се,но се разбира не дрогирање,курварање и такви работи. 5.Ако има проблеми со оценките итн. ќе ги решавам најдругарски без викање,тепање-бидејки тоа не доведува до никаде. 6.Да ме прифати како најдобар другар,да ми кажува што и како прави но до одредена граница,значи да си има своја приватност. Значи сакам да кажам ќе му биде се дозволено,ако ме почитува како родител,си ги извршува обврските,а секако најважна обврска тогаш што може да му биде-училиштето.
- Нема никогаш да викам и да се карам со сопругот пред него - Ќе го научам никогаш да не се откажува - Ќе го научам како да се бори за да ја постигне целта - Ќе го научам да не се доверува на секој - Ќе го научам да не ги гледа другите животи, туку да се бори за својот - Ќе го научам да не се нервира за ситници Односно, ќе го научам на сите работи кои јас ги научив во текот на животот, и кои сфатив дека ми го упропастија животот
Моето дете ке го воспитувам по исти принцип како таткоми што ме воспитуваше мене ... благодарение на него ( нормално и на мајками ) денеска јас и моето братче и сестричка израснавме во добри и културни личности .
Јас кога ќе имам дете никогаш нема да дозволам да се засрами од мене, никогаш нема да го тепам туку ќе му објаснувам, е сега ако не ме слуша ќе си учи од сопствените грешки, ќе се трудам да му овозможам се, и она што јас сум го немала, секогаш ќе го поддржувам, ќе го научам на бон-тон, нема да биде разлигавено, туку баш така како што треба, ќе го заштитувам и секако најмногу ќе си го сакам
Ке се трудам да го воспитам на ист начин како што мајка ми мене ме воспитала, па ако е барем и малку паметно на мене ке успеам И нема да му допуштам се што ке посака, да го разлигавам, после на глава да ми се качува...
Јас кога ќе имам дете ќе се трудам да ги има најдобрите родители.Ќе го научам дека сум тука за него секогаш и кога ќе се радува и кога ќе тагува,и кога ќе згреши и кога ќе направи како што треба.Ќе му ја предадам цела љубов која се крие во мене и ќе го научам какви се не има луѓе има во светов.Ќе го научам дека животот е еден пат по кој нема враќање и дека треба да гледа во мене како еден сопатник кој би го дал животот за него.Се надевам дека нема да го мини детството низ кое минав јас.. И секако следат таму бројни нешта кои сум ги ветила дека нема да ги направам како на пр. излегување до доцна,носење одлични оцени,будалења итн.Нешта кои не ми успеале во животот,а несакам тоа да ги пребродува едноставно
Ќе го сакам најмногу од се на светот,ќе го чувам, заштитувам, негувам, разгалувам. Jас и тоа ќе си бидеме најдобри пријатели,ќе си ги решаваме неговите проблеми заедно,со разговори. Тоа ќе биде многу паметно и затоа ќе му биде дозволено се! ЕДВАЈ ЧЕКАМ!
ќе го сакам најмногу на светот ќе го модерам ќе му посветувам мн време ќе го заштитувам нема да му дозволувам да си го расипи детството со компијутери ќе му купувам мн играчки ако треба ќе си играм со него ама само за да го доживее зборот детство...
Ќе му овозможам се што ќе посака, ќе му ги оставарам сите желби, ќе биде сакано, воспитано но не разлигавено!
Ќе биде моето најголемо богатство. Ќе го сакам без разлика на се... Ќе правам се само за него. Знам дека ќе бидам добра мамичка...
spored mene naj mnogu taka mislime site koga sme deca deka ke mu dozvoluvame se da pravat no so tekot na zivotot ova pravilo se menuva... koga ke svatime kolku svetot e surov... ABE SE VO SVOE VREME
ее сега да се цитирам не само што спијам по 10тина часа го научив и малото да спие (може се буткаме на спалната 3цата ама битно е спиеме ) само кога врне надвор и кога е ладно не излегуваме инаку секој поруцек се шетаме и можам да се пофалам дека сега имам и причина за шетање (нели треба детето да се изнеси на воздух не се седи цела ден во стан) син ми е најсаканото и најубавото дете во светот неможев ни да замислам дека волку љубов можам да му пружам на некој.
Ќе се трудам барем да се однесувам приближно исто како моите родители со мене и сестрами и ќе се трудам да му ја обезбедам најдобрата иднина
Прво, нема да го чувам во стаклено ѕвоно како што прават некои и затоа после имунитетот на 0 им е. Нема да го направам разгалено дете, мразам оние што се лигават и дрецкаат од земја за да им се исполни секоја желба. Мислам (барем засега) дека немат да бидам толку строга, не сакам моето дете да седи дома додека повеќето деца се надвор или излезени негде зависи од ситуација. И да, го мразам она: ќе те кажам на татко ти или само ако те види татко ти, што разлика има од мајка до татко? На пример татко ми повеќе ми дозволува од мајка ми не гледам разлика треба 2 цата да знаат исто (освен за женски работи) а не да се влева страв во детето од таткото.. И секако се ќе прават да имаат убаво детство и натака во животот сепак за нив ќе живееме од како ќе се родат