1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Јас пред тебе (Me before you) [2016]

Дискусија во 'Филмови' започната од Dream-Girl, 8 јануари 2017.

  1. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.307
    Пол:
    Женски
    Филм за кој доста се збореше последно време. Денес решив да му дадам шанса и го изгледав. Добар е, малку ме разнежни и ми се допадна крајот што не беше типичен ко за секој филм. Инаку е сниман според книга која исто така има доста пофалби. Па, дали го имате гледано и ваше мислење?
     
    На ЕденЧлен, Victorian и Ketchup им се допаѓа ова.
  2. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.222
    Допаѓања:
    13.153
    Пол:
    Женски
    Го уклучив пред некој ден, ама не ми остави некој позитивен впечаток и бидејќи ми беше досаден некаде на средината го исклучив. Тотална утка според мене... :|
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.417
    Мене ми се свиѓаше, само некако не ме погоди многу, бидејќи во последно време скоро сите филмови се исти.
    Заљубен пар и на крај еден од нив умира.
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.725
    Допаѓања:
    14.321
    Пол:
    Женски
    Според мене- ПРЕЦЕНЕТ. Кога решив да го гледам сите ми викаа да се спремам за плачење, немало да спијам вечерта и не знам што. Плачка сум и на реклама за прашок за перење знам да се расплачам, ама овојпат... :?:
    Искрено, убава приказна, но далеку од тоа дека ме трогна затоа што тежината и поентата не беше доловена. Книгата не сум ја читала, ама филмов ми имаше половично разработено сценарио. Не ја сфатив поентата на патувањето?! Отидоа затоа за таа да си го направи меракот или?! :!:
    Главната актерка правеше прееемногу гримаси, гестикулации... Се на се (n)
     
    На crazylady, Mr.Awesome и PaLaVa им се допаѓа ова.
  5. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    5.574
    Пол:
    Женски
    Јас малку каснев со гледањето на филмот, не ја фатив таа првична еуфорија, а за да биде ситуацијата уште потрагична го немав изгледано ни трејлерот и врска немав за што се работи.
    Сепак по препорака на другарка го гледав и така у 3саат сабајле ја извадив сестра ми од памет кога почнав да липам.

    Мене ми се допадна филмот ептен, не му пристапив од многу филозофски аспект затоа што ни не очекував многу од него, мислев дека е уште една романтична комедија (стварно мислев дека е комедија).
    Ми се допадна приказната, само се разочарав од крајот... Не знам зошто очекував Вил да се предомисли, па да и даде и на Луиза еден "трајал период" од 6 месеци. Секако смртта не му бегаше, можеше да и даде шанса ама ај...

    [​IMG]

    :clap::clap::clap: за глумата на Сем Клафин (после филмот he's on my list if celebrity crushes, just look at that smile :inlove:).
    Што се однесува до Емилија мене не ми беше толку лоша, мислам дека супер ја долови Луиза. Целата беше таква bubbly, весела, срцкаста, позитивна... што всушност и му требаше на Вил. Тоа што со комбинациите ми беше како кловн тоа е друга работа.

    [​IMG]

    Што се однесува до еутаназија моментот во филмот, Ви кажав дека го гледав у 3 саат сабајле и не му пристапив толку филозофски, па го глеав само оној романтичниот дел (плус што немам некој цврст став за неа па би направила каша-попара од постов).

    П.С. Само јас ли го гуглав Сем Клафин после чисто за да се уверам дека е добро (не дека не знаев) за да престанам да плачам ?

    @Avery патувањето не беше за Луиз туку за Вил, за да му докаже дека и покрај тоа што е "quadriplegic" пак може да ужива во животот и се надеваше дека така ќе го одврати од идејата за еутаназија.
     
    Последна измена: 10 јануари 2017
    На Natali.3, Someonespecial, shz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. busavobebe

    busavobebe Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2015
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    834
    Пол:
    Женски
    Го гледав уште кога излезе мислев дека ќе биде одличен но се разочарав, мислев ќе се утепам од плачење, но на овој едвај солза пуштив... многу го преценија филмов
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Nalutena1

    Nalutena1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    498
    Допаѓања:
    1.762
    Пол:
    Женски
    I jas go gledav ovoj film... dobar e mn mi se dopadna ama ne Znaev deka e tolku popularen:nod:
     
  8. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.101
    Допаѓања:
    50.303
    Пол:
    Женски
    Премногу ми се допадна филмот и едно време бев затрескана во него. Само што на крајот се разочарав многу мислев дека Вил ќе се предомисли дека ќе си даде шанса на себе и на Лу :(
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  9. pretty-girl6

    pretty-girl6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    И книгата ја прочитав и филмот го изгледав кога беше премиерата на кино. Навистина е добар, но со тажен крај. Им го препорачувам на сите романтични души да го гледаат со своите половинки :*
     
    На Arthur и Victorian им се допаѓа ова.
  10. classy_M

    classy_M Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    538
    Книгата е многу поубава :l:
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.446
    Допаѓања:
    48.198
    Пол:
    Женски
    Го гледав филмов пред околу 2 недели, не ме удри од земја. Далеку од лош е но дека е нешто посебно не е. Ми се допадна различниот крај, за разлика од другите филмови од овој жарн кои што повекето се со хепи енд. Меѓу другото ми се допадна несебичноста на главниот глумец во целата приказна и покрај инсистирањето на девојката и изјавувањето на нејзината љубов да не сака да ја врзе за себе во таква состојба. За мене филмов е лимунадка, не плачев на истиот иако беше извикан дека со денови после него нема да се соземам. Напротив многу лабаво го доживеав и не се припотресов. Можеби јас сум ја изгубила чуствителноста па веќе не паѓам така лесно на вакви романтични филмови. Што знам...
     
    На crazylady, Lella, Antolinaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.520
    Допаѓања:
    47.693
    Пол:
    Женски
    Само што го изгледав,преубав филм не можев да не пуштам солза.Би го гледала пак ви го препорачувам на сите.Крајот не очекував да биде како што беше...

    10/10 од мене
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.519
    Пол:
    Женски
  14. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.177
    Допаѓања:
    23.118
    Пол:
    Женски
    Јас го гледав на кино и реално се изнаплачив, ама ништо онака посебно мислам одпочеток се знаеше дека едниот од нив ќе умри можев и дома да си го гледам искрено..,
     
  15. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.829
    Допаѓања:
    17.866
    Одамна го гледав, само што излезе торент.
    Обична тралалајка што ги викам јас. И јас ко @SuperGirl24 може отрпната сум:?:
     
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.786
    Допаѓања:
    81.014
    Пол:
    Женски
    Филмот сè уште не ми е гледан, ама книгата е прекрасна!
    Прочитајте ја прво книгата, убедена сум дека е многу подобра од филмската реализација. :)
     
  17. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    18.207
    Пол:
    Женски
    Мајка ми ја расплака. Мене не. Јас ден предходно си поплакав на Love is all you need? кој навистина до срж ме потресе. За овој не најдов причина за потресување, бидејќи на дечкото, колку романтики и да му приредуваше таа, реално не му остануваше уште многу живот, а и тој малку живот ќе го поминуваше во константна болка и депресија. Па, се случи тоа што се случи.
    Плус, многу сум реалист, буквалист, како сакате кажете, па цело време низ глава ми се вртеше и мислата: да бидеме реални, во вакво денешно општество во кое живееме, колку време таа девојка би останала со него, со некој за кој мора да се грижат како за бебе? И не е дека сум злобна или нешто слично, туку само поради професијата се имам изнагледано се и сешто, па затоа ми се вртеше ова низ глава, што за жал, е многу реално, ако размислите за тоа.
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Го гледав филмов минатава година и си плачев во поголемиот дел од времето додека го гледав .. дали беше ПМС во прашање или тоа што го гледав кратко време по раскинувањето со мојот бивши или беше во прашање годината што беше депресивна или можеби филмот беше навистина трогателен навистина не знам, ама секако мислам дека вреди да се гледа :)
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    На секој што ми спомнал дека сака да го гледа филмов, прво сум му ја препорачала книгата. Колку и да е добар филмот, не може да ја долови приказната на таков начин како што тоа го може книгата. Затоа некои од вас филмот го доживеале како лесна лимонатка, а всушност кога ќе размислам, романсата воопшто и не беше во прв план на приказната. Имаше нешто многу подлабоко, посуштински во неа. Мене не само што ме остави со солзи, туку и неколку дена по ред не можеше да ми излезе од глава. Ме натера да седнам пред компјутер и да читам статии, да барам филмови со слична тема, да гледам видеа, ме заинтересира да истражувам и не можев да престанам да размислувам за неа.

    Што се однесува до филмот, мене воопшто не ми беше лош, можеби затоа што очекував катастрофална реализација на книгата. Обично не сакам да гледам филм откако ќе ја прочитам книгата, ми се руши целата замисла во глава. Ми се допадна изборот на актери, за кои мислам дека одлично си ја завршија работата и ги доловија ликовите баш онака како што треба.
     
    На Mishela, Anna-Banana, Victorian и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.516
    Допаѓања:
    27.313
    Пол:
    Женски
    Во скоро го гледав филмов.
    Ппреубаво:) Каква романтика.
    Ама крајот не ми се допадна.
    10/10 давам јас:D