Прекрасен е филмов иако ни јас не плачев на крајот, затоа што пуштив по некоја солза додека траеше се смеев кога требаше и навистина уживав во секој момент.
Книгата е прекрасна, на книгата се убив од плачење и буквално не можев да заспијам. Таму ликовите и нивните односи секако се поразработени, а исто така во филмот испуштени беа некои битни работи па затоа има доста недоразбирања околу целта на патувањето на пример. Спојлер Во книгата Лу се откажува од работното место кога дознава која е намерата на Вил и зошто токму таа е земена на тоа работно место, па мајка му на Вил оди да ја посети Лу за да ја разубеди во намерата и да побара помош од неа. Затоа и беше реализирано патувањето патем, со намера Вил да искуси нешто ново, да се прифати себе си, да сфати дека може да живее нормален живот и во неговата состојба... Ми се допадна љубовта помеѓу Лу и Вил, особено глумата на Емилија Кларк беше одлична. Баш така и ја замислував Луиза додека ја читав книгата - со откачен сенс за мода и carefree. Мене ми се допадна и филмот, но книгата мноогу повеќе. Баш ме интересира дали ќе има втор дел од филмот.
Го гледав филмов пред да ја прочитам книгата, сега кога се потсетив, следна неа ќе ја барам за читање. Да споредам што е подобро. Ми се допадна филмов, актерката малку иритантна со сите тие гримаси и чудно однесување ама добро. Не очекував таков крај, но тој крај го прави подобар, да не е обична типична љубовна приказна со среќен крај. Сум го оценила со 9.