1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Јас сум гласникот (Маркус Зусак)

Дискусија во 'Книги' започната од Guillotine, 24 јануари 2013.

  1. Guillotine

    Guillotine Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    75
    [​IMG]
    Ед Кенеди случајно присуствува на грабеж на банка. За цело време, додека тој и неговите пријатели се држани како заложници, Ед размислува за тоа како автомобилот на неговиот пријател Марв е паркиран на место каде што е дозволено само петнаесет минути паркирање.

    Времето истекува полека... Кога само ограбувачот би побрзал, за да не мора потоа да го слуша Марв како се жали дека ќе мора да плаќа казна.

    Ед Кенеди е деветнаесетгодишен илегален возач на такси, кој не смее да вози токму поради тоа што за да возиш такси не смееш да бидеш помлад од дваесет и една, чита многу книги дури и повеќе од тоа што би требало и е апсолутно вљубен во својата пријателка и колешка Одри.

    Не се запишал на факултет, не се труди да постигне нешто во животот, а такси почнал да вози токму по предлог на Одри. Одри пак, од друга страна, го смета Ед само за пријател и не сака да има ништо со него, иако скоро со секој втор има спиено, или пак поради тоа што Одри одбива да сака некој воопшто, бидејќи израснала во семејство кое многу го сакала, но тоа само ја повредувало. Марв, неговиот пријател пак, е многу често непријателски расположен и со него Ед постојано се препира токму околу неговиот автомобил.

    Но да се вратам на приказната зошто таков ограбувач на банка сигурно досега не сте виделе ниту пак сте слушнале. Зошто? Затоа што тоа по сѐ изгледа е најнеспособниот човек на земјава. Како прво: му исчезнува автомобилот за бегство, второ: кога доаѓа до автомобилот на Марв излегува дека тоа е најголемиот крш од автомобил, трето: го губи пиштолот по патот и четврто: автомобилот не сака да запалаи пришто Ед има време да дојде до пиштолот и да го спречи ограбувачот да побегне.

    Станува познат и веќе не е денгубецот Ед Кенеди. Набргу по грабежот Ед добива карта - ас каро, на која има напишано:

    Едгардова улица број 45, полноќ,
    Харисонова авенија број 13, шест часот попладне,
    Македонска улица број 6, пет и триесет наутро.

    Но што треба ова да значи? Дали картата му ја пратил некој кој знае дека често игра карти со пријателите? Но морам да признаам дека не го бидува баш многу за играње карти. Затоа одлучува прво да се увери дека никој не му ја испратил картата на шега, па потоа да ги провери адресите и да види за што се работи.

    На првата адреса сведок е како мажот ја злоставува својата сопруга, пред детето! На втората адреса се наоѓа осамена старица, додека на третата е една прекрасна девојка, Софија. Е сега откако открил што се случува на секоја од адресите прашањето е што се бара од него да стори и најважното, кој го бара тоа од него?

    Картите продолжуваат да доаѓаат и сега веќе Ед знае дека нема враќање назад, нема повлекување.
    Превземено од http://www.sakamknigi.mk

    Инаку книгава и ја препорачале на мајка ми како книга за во слободно време,но од кога ја прошитав морам да кажам дека има навистина силна порака и ви ја препорачувам, зошто со секој нареден збор ќе ве влече се повеќе и повеќе и токму кога ке мислите дека знаете се за тоа кој е тој скриен праќач страниците ќе ве одведат на сосема друга страна. :)
     
  2. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    ^Колку чини и дали навистина е добра? :?:
     
  3. Guillotine

    Guillotine Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    75
    За цената ќе те излажам,јас ја земав од библиотека.
    А,дека е интересна нема дискусија,мајка ми што е пребирлива и што ретко која книга и на двете ни се допаѓа за оваа се сложивме.
    Голема е книгата навистина,преку 400-тини страници,но колку и да си викаш ај уште оваа глава,барем јас така си викав,и пак ќе наидам на нешто што ќе ме натера да продолжам... :)