Па скоро сите мои другарки имаат дечковци,а најмногу ме изнервира најверната другарка кога си фати дечко,и немавме испаднато којзнае колку време,се кај него дома одеше,човек да е на умирање немаше да може да ја најде,ама си најдов јас другарки од школо и сега со нив си испаѓам.Они немаат дечковци и затоа знам дека скоро секогаш ако ги побарам за испаѓање или некаде да отидеме,нема да ме одбијат поради дечкото.А најверната другарка и уште 3 други,со кои сум многу блиска,имаат дечковци,ама ич не ми смета тоа,често ни се случува кога седиме заедно да почнат да зборуваат нешто поврзано со дечковците,па и јас си се приклучувам во разговорот,не се чувствувам нешто како отфрлена или незнам ти што,поради тоа што немам дечко.
Во врска сум долго. Предходно имало периоди сите другарки да бидат со по некој а јас сама. Но не ми пречело воопшто. Секој со својата среќа. Ако односот на пријателките кон тебе не се промени кога ќе стапат во врска нема зошто да ти пречи. Е сега ако почнат да те избегнуваат, запоставуваат, постојано да немаат време за тебе тогаш веќе во прашање е дали ти се навистина добри пријателки.
Сингл сум подолго време додека речиси сите другарки се во врска. Е сега далеку од тоа дека се чувствувам лошо, непожелно во друштво или отфрлено но имало моменти кога ме нервирало однесувањето на одредени другарки. Замислете дека имам другарка која е повеќе од година во врска и оттогаш ниту еднаш не излегла со другарки сама. Значи цело време дечкото е со неа кога излегува а дололку ја викнеме секогаш наоѓа изговори најверојатно поради неговата љубомора. За мене ваквите врски се затвор Но нели никогаш не сум и рекла ништо за да не излезе дека сум љубоморна на нејзината навидум совршена врска... Не ми е целта да се фатам со било кој се додека не наидам на некој што вистински ми се допаѓа а муабетите од типот па ајдее колку време веќе си без дечко до мене не допираат... И да, ко ќе бидам повторно во врска никогаш нема да се однесувам како другарки да не ми се потребни бедејќи секогаш може статусот сингл да се врати...
Во иста ситуација сме Имам две најдобри другарки и двете имаат дечковци.. едната од кога се фати со него почна да не одбегнува, да не збори многу, поретко да излегува со нас....... ништо не кажува во врска со него... Изгледа дека тој има големо влијание врз нејзе али да го оставиме тоа на страна.. нели и е тешко така кога неможе да и каже на другарка што ја мачи или сл.
Не да ме нервира ова... Значи другарките скоро секогаш ме напнуваат со прашањето “Шмоило кога ке си фанеш дечко??“
Абе мене чуството ми е глупо пошо они имаат шо да праат ја ко теле глеам беше тоа до пред некое извесно време ама сеа се и они сингл...инаку нема тука нешо шо ми смета едноставно си барам некој што ќе ми одговара
ми се има случено тие у врска јас сингл но не припаѓам и не се патам од тој комплекс кога е така имаат дечко океј ! не викам ништо но најмногу ме болеше што најверната другарка ме замени за дечко и со кој не се ни бацуваат кога ќе се видат ни се муваат ни ништо ко другари се дури ни она не го нарекува дечко.
Многу пати сум се нашла во таква ситуација порано.Многу ми беше незгдно кога ќе почнеа да се бакнуваат пред мене и јас сега што да правам нз каде да гледам (комедија бев) . Инаку нема ништо лошо тие да имаат а ти да немаш ако другарките ти се добро организирани и културни.Пример за ова е кога ќе ти затреба нешто тука да биде за тебе и не целосно да се посвети на дечкото 24 часа со него , и + кога ке испаднете заедно 3 да не почнат патетиките за тоа колку се сакаат и слично.
Не е многу пријатно,во секој случај но доколку тие се среќни нема никаква причина вие да не бидете среќни за нив
Ми се има случено и тоа не едншка..за нова година сите со де4ковци јас сама ама при тоа и горда...оти ги гледам завалиите ..девојчињата дозволуват на 15 години да ги фаќат секаде..а шо ке станат на 18 години? сите другарки после школо остануват малце кој со муа4,кој со де4ко..јас идам и чекам автобус..после у автобусо расправат како било..јас само се смешкам..др нема.. ама нема тука шо да праам..ама не ми смета ногу..сега на кој како му се погоде
Ми се има случено и не сум се жалела што знам ете таков е пеиродот. Добро на моменти ми дошло глупо ама не сум била очајна. Имам другарка 1 година е сама ама цело време се жали како сите ние другарки имаме дечко а она нема ама најтрагично е што и се пуштат онака момци ама ги одбива и тоа убави. Јас стварно не ја сфаќам еднаш дури и кажав што се жалиш кога тебе ти се пуштат ама пак сакаш да си сама сепак не е до другите проблемот до неа е .
А да не е крај на свет ако си ти слободна,а другарките во врска земи уживај не е толку битно па дечко да имаш
За сите сингл девојки и момци Колку пати сте се запрашале зошто не можете да си најдете момче/девојка? Дали привлекувате само слатки момци/девојки кои немаат намера да останат во врска? Што не е во ред со денешните луѓе? Денеска има сè повеќе луѓе кои не сакаат врски. Ако и вие го имате истиот проблем, понекогаш размислете. Можеби не станува збор за лош избор, туку можеби проблемот се крие во вас. Законот за причини и последици вели дека секоја последица е предизвикана од специфична причина. За почеток, анализирајте ги сопствените резултати во минатото. На пример, тоа што привлекувате само несериозни момци/девојки е последица, а вие треба да ја најдете причината за тоа. Не сте доволно посветени во пронаоѓањето на постојан партнер, а за тоа не сте свесни Со други зборови, можеби е посилна вашата потсвесна желба да останете сами. Запрашајте се што добивате од нерешениот статус и дали сте подготвени да се откажете од него за да започнете сериозна врска. Потребно е брзо решение за вашиот љубовен живот Партнерите „за една вечер“ нема да ги исполнат вашите желби. Тие секогаш ќе го зборуваат тоа што вие сакате да го слушате, но тоа е исклучиво поради воспоставување на таа „инстант“ врска. Ако престанете да се поставувате очајнички, ќе престанете да привлекувате момци/девојки кои ќе сакаат да го искористат тој момент. Се плашите од интимност Сексуалната интимност е лесна, но емоционалното зближување е тоа што вас ве плаши. Затворете ги раните од минатото и заборавете на оние кои ве повредиле. Морате да прифатите одговорност ако навистина сакате да се промените. Не губете време обвинувајќи ги другите и соочете се со своите проблеми и емоции. Кога ќе успеете да ги отстраните препреките во сопствениот ум, ќе ја пронајдете љубовта која искрено ја заслужувате.
многу пати ми се има случено тоа,уствари најчесто јас сум таа која е сингл во друштвото додека другите менуваат дечковци,секогаш сум ги ставала другарките на прво место,секогаш на сите сум им била рамо за плачење и сум трчала да ги утешам кога ке им раскинат,а секогаш тие биле љубоморни кога јас сум имала дечко а тие сингл,последниот пат претерав се си упропастив заради другарка и тоа самата си бев виновна,можеби ке звучам себично но следниот пат кога ке си фатам дечко ке му се посветнам нему и ке се потрудам да успее врската,а за другарките нема да се грижам како претходно,ке правам како што ми правеа
Се случува, моментално се случува. Не дека ми смета тоа, но ете некогаш се чувствувам непријатно. Особено се почувствував мизерно на Нова Година. Сите што бевме на масата во парови, освен јас, се разбира. Сите ги поканија на танц, а јас си седев сама. Тоа беше најмизерното чувство, толку беспомошно, како да ти се пресекле нозете. И на крај станав и јас поканив едно машко, поточно другар, на танц! Ех бе машки, загулени едни.. Потоа за Денот на вљубените, сите купуваат поклони, растрчани на сите страни, јас одам сама по улица и гледам, се радувам како дете пред продавница за играчки, на секое мече по излозите. И на крајот мечтаев за некој иден дечко, г-дин Совршен. Баш се радувам за другарките кои што се во среќни врски, и секогаш си раскажуваме се или барем јас мислам така, знам дека не споделуваат се со мене како некогаш, но тоа е нормално. А и плус знам дека сега нема вистински другарства. Некои ги чуваат дечковците некој да не им ги украде. Господ да чува и да брани!