1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Јахја Кемал (Yahya Kemal College)

Дискусија во 'Образование' започната од Avril.09, 26 март 2011.

  1. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Има ли некој што учи во ова приватно училиште? Сум била овде на натпревар и ми се допадна како организација, но не ме влече да се запишувам :?:
    Дали знаете за стипендии и интернатско сместување?
    За приемниот испит?
    :wasntme:
     
    На Lostedlove му/ѝ се допаѓа ова.
  2. white.kitten

    white.kitten Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    76
    Yahya Kemal College

    Јас до сега 2 пати бев овде на натпревар и училиштето е навистана супер опремено има кабинети по информатика, хемија биологија и незз што уште. Една моја др е овде и цел ден е на училиште затоа што одмор помеѓу часовите е половина час и всушност таму си ги учиш лекциите. И знам дека ако на натпреварите си помеѓу првите 10 добиваш попуст.
     
    На Lostedlove и Avril.09 им се допаѓа ова.
  3. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    175
    Yahya Kemal College

    еве овде разгледај си http://www.yahyakemalcollege.edu.mk :)

    приемен испит
    -математика,општа култура и проверка на интелигенција
    -се полага на македонски,турски ,албански или англиски јазик
    стипедии(за првите 18 места од приемниот испит )
    1. 2200 евра
    2.2200
    3.1980
    4.1760
    5.1540
    6.1320
    7.1100
    8.880
    9.880
    10.880
    11.880
    12.660
    13.660
    14.660
    15.660
    16.440
    17.440
    18.440
    сместување
    -најдобрите 10 ке имаат попуст во сместувањето
    -битола,могила,новаци се сметаат како еден регион.цената се пресметува според вкупниот успех на 3 општини
    -учениците со стекнатите стипендии можат да учат само во јахја кемал-струга,а не и во останатите училишта на јахја кемал во македонија
    -оние кои сакаат да се запишат во јахја кемал во скопје,гостивар или струмица,можат да полагаат приемен испит на 8 мај
     
    На Lostedlove му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Yahya Kemal College

    Ако не те влечи,зошто прашуваш о.О?
    Енивеј да ти одговорам.
    Yahya не е тоа што беше пред 5 години, со првата генерација.
    Тогаш повеќето ученици што се запишаа, добија и стипендии во уневерзитети во странство.
    Сега претежно се запишуваат снобски деца кои ги мрзи да учат, често и со слаб успех(барем колку што сум информирана) и најчесто као демек да не учат во мизерни услови, кога можат да си дозволат светски буквално.
    Училиштево во Струга е прекрасно во секоја смисла на зборот.
    Зборувам за ентериер.
    Учениците колку што знам се поделени според успехот во неколку класови, имаш клас со јаки ученици,со послаби и тако даље.
    А и односот на професорите е сосема подруг, нормално твоите пари ги пикаат стрикно в џеб.
    Колку што знам се учи на англиски таму.
    Ако си добра ученичка или па можеш да си го дозволиш школувањето(финансиски) запиши се.
    Верувам дека ќе имаш помалку маки,отколку во државниве училишта,кога се во прашање професорите и начинот на оценување.

    Ги имав тестовите од првата генерација, не се воопшто тешки.
    Тогаш уште се полагаше и хемија или физика,биологија шотијазнам сега ги отфрлија тие предмети, оставија само математика, интелегенција и општа култура.
    Ако си заинтересирана да одиш на тестирање
    за интелегенција овој тест многу ќе ти помогне http://www.iqtest.dk/main.swf
    бидејќи вака некако се и прашањата поставени.
    Математика, општи работи, најчесто повеќе внимание обрни му на материјалот во осмо што го учиш, а општа култура..Која година Македонија стана независна?
     
    На jovanova10 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.820
    Yahya Kemal College

    Мислам дека првите две години наставата е на англиски, а во меѓувреме го учат и турскиот јазик, за од трета година наставата да се одвива на турски.
     
  6. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Баш затоа што не ме влече ја отворив оваа тема, да се распрашам :)
    Инаку одлична ученичка сум, најверојатнио доста интелигентна, но :!: снобови? Баш приметив некои такви на натпреварот и денот ми го упропастија :tmi:
    Фала ви на одговорите, ќе размислам, па ќе видиме. Сепак и финансиите се тука. :?:
     
  7. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Hipica јас све мислам дека наставата се одвива само на англиски,а турски и македонски си се учат како посебни јазици.
    Уствари стрикно цела настава на турски сигурна сум дека не ја учат 100%.

    Аврил душо, кулирај. Снобови-не снобови, нека не те запира тоа.
    Оди на тестирањето, ништо нема да изгубиш, а сега реално слаба е конкуренцијата, така да во плус си.
    Ако си добиеш стипендија и таму се докажеш како солидна ученичка и да учестуваш на некој натпревар, училиштето ќе се погрижи да добиеш стипендија во странство што е уште еден огромен плус за твојата иднина :)
     
    На Avril.09 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. teddybear8935

    teddybear8935 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    7
    Па девојки јас добив стипендија, зедов трето место што значи дека ќе треба да доплатам само 10%! Скоро сум сигурна дека таму ќе се запишам, таква шанса не пропуштам.Па ми треба совет од сите што учеле таму! Колку часови има дневно? Од интернат те пуштаат да излезеш само со дозвола? Оценуваат од 1-5 или на некој др начин? Тешко е да научиш турски? Фини се останатите ученици или пак се понашаат како подобри од тебе затоа што имаат повеќе пари? Тешко е да си одличен?
    За почеток само ова хахха ако ми текне уште нешто ќе допишам.
     
    На pink4ever му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.026
    Допаѓања:
    7.882
    Од извори блиски до власта :D имам другарчиња што учат таму. Тројцата ги запишаа таму со една цел- да ги превоспитаат. Во осмо почнаа да пушат, пијат слични пубертетски ствари и од дома одма рестрикција. И да, дечките се криеја по вециња и таму пушеа ама не е тоа сега муабетот.
    Според мене е доста добар избор посебно ако треба да доплатиш некои минимални 10%.
    ПРвите 3 месеци имаш само 4 предмети- Англиски,Турски и ги заборавив другите 2. Акцентот на овие 3 месеци е стваен на изучувањето на турскиот јазик. Потоа наставата продолжува на турски. Единствено македонски јазик, социологија и историја се учат на македонски. Хемија, физика, математика се учат на турски а некои предмети се учат на англиски.
    Стогоста е на високо ниво, наставата почнува во 8 мислам беше, вратите се отворени до 15 до 8.Потоа се затвараат, поминува секретарот ги запишува отсутните од секоја паралелка и се известуваат родителите веднаш. Доколку сакаш да влезеш т.е. си задоцнил единствен начин е преку канцеларијата на секретарот.
    Други подробности не ми текнуваат, ако се сетам ќе пишам.
    За тешко навистина е меѓутоа нуди одлични услови.
     
  10. Missy16

    Missy16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    17
    mn loso e!!!ti da plakjas tolku pari i nekoi da se izivjavat so tebe?hmm sigurno nikoj ne bi sakal..1000%boje e vo drzavno ,ja mislev tuka da se zapisam ama koa vidov kako gi tretiraam moite drugari i drugarki se otkazav i si se zapisav u privatno ama vo NOVA bare tamu estrogo ama znaes deka e kvalitetno obrazovanieto i imaat eden ubav visok odnos sprema tebe te tretiraat kako oformena osoba a ne ko delikvent
     
  11. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Од кај овој муабет сега? Школото е строго, можеби не толку во оценување но во однос на дисциплината, да. И така треба да биде. Извини вака, ама јас вистински не познавам ниедна личност што на 15 години е оформена личност(секоја чест на исклучоците како тебе, нели), и баш тие 4 години во средно се многу важни за понатамошното однесување и карактер.
    Инаку ме интересира, што поточно им правеле на твоите другари во Јахја Кемал што било толку брутално?

    Според мене школото си е сосема на место, веројатно најдобро во Македонијава наша. Камо да имав финансии таму да се запишам, немаше еднаш да се пожалам.
     
    На stetoskop, Leala и Independent.girl им се допаѓа ова.
  12. Missy16

    Missy16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    17
    pa kako prvo tocno e deka treba da bide strogo za deca adolescenti ama ne da se dnesuvaat na nisko nivo.prvimer reku razgovor da se res toa a ne vaka.na pr vo toa skolo nesmee da ima nikoj vrska i na pr da se gusne da se muva so devojkata ni na odmor,potoa nesmee drugar da si doneses na cas da vidi kakvo e skoloto,pa ako kasnis treba roditelite u skolo da ti doagjaat i te ostavaat u ab vo skolo,potoa nekoi gi fatile kako pusat nadvor od skolo i mi kazuvaa deka so crevo gi prskale od skoloto,pa deka nekoi prof otkacuvale gi vregjale ,isto i koga ima tepacki gi prskaat so crvevo za da gi razdvojat.mislam da plakjas i da te macat ne ide zaedno .aj da e besplatno pa neka te vospituvaat a ovde po pravo treba da bide opusteno so sakas da prais zs oni zaviat od tie pari a ne ti od niv ako nemaat ucenici nema da opstoi skoloto ,a se pomalce deca sakaat tuka da se zapisat,mene moite koa mi rekoa tuka da se zapisam otidov vo skolo i gi gleam site mirni zakuteni i ako ja vidat direktorkata lele brzo begaj celi se tresat.treba roditelite da si gi vospitaat decata a ne koga ides vo skolo da se treses i so strav da ides ,tuku so keiv da ides em da ne e mn strogo em da naucis nesto ,da ne bide diva liga sekako ama do volku nooo!!!

    [mod-kirilica:2atbhnkm][/mod-kirilica:2atbhnkm]
     
  13. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.820
    ^ А по таа логика одиш ти значи? - Ако се плаќа, значи мора професорите нозете да ти ги бакнуваат, а?
    :D :D :D :D :D ...

    Па не смееле да се гушнат, да се бакнат со дечкото, не знам ти што. А за тоа ли се оди на училиште?
    Ќе си се гушкате и бакнувате по часови, кога ќе одите на кафе. Simple as that.

    А за носење другарчиња... што мајка бараат другарчиња во твоето училиште? На екскурзија ќе ги носиш? Јас во државно средно учев, па ни таму не смееја да влегуваат деца кои не учат во истото.
     
    На iskwitche, TheKiketoo, IwyDior и 2 други им се допаѓа ова.
  14. s.u.n.s.h.i.n.e

    s.u.n.s.h.i.n.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2010
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    32
    За ЈК знам дека до 4 година се изучува англискиот јазик целосно и тоа е еден голем плус.И кој што сака може да зборува но приватно училиште си е приватно и плус докажано е ако не најдобро,меѓу најдобрите средни училишта во Македонија.
     
    На Independent.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. white.kitten

    white.kitten Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    76
    Исто најново што дознав за тестовите во Јахја Кемал, дека еден цел ден правеле генерален тест каде што имало многу страни и многу прашања ама не од еден предмет туку од сите предмети во еден ден. А инаку ако сакате стипендија да добиете можете да го полагате приемниот испит сега на 8 мај со почеток во 11 ч. мислам :)
     
  16. Missy16

    Missy16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    17
    aj aj sea go branis skolovo,inaku da oko plakjas treba noze da ti mijat i vodata da ja ispijat,zs nikoj ne ide u privatno za ucenje i disciplina tuku za uzivanje ako sakav da ucam u obicno ke si se zapisev a ne 16000 evra da davam za privatno,bare vaka znam deka nema da padnam god i deka nikoj ne mi moze nisto a ne u drzavnine skola se iskompleksirani prof i se izivjavaat so ucenicite ,a inaku u jk bas e evtino i zatoa e strogo da imaat povisoka skolarina nema da smee vlakno da im fali na ucenicite
     
  17. The.Rainbow

    The.Rainbow Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    32
    Пред некое време мои другарки беа на натпревар во Јахја Кемал и знам дека се вратија попарени пошто било се наместено. Демек се со врски на Албанци и Турци давале. Сепак мене многу ми се допаѓа како улилиште. Сметам дека имаат квалитетен кадар а и добри услови. Ама затоа и цената им е да ти се качи притисокот. Но ако мама и тато имаат пари да ти платат, јас мислам дека нема да згрешиш ако се запишеш ;) ;) ;) ;) ;) ;)
     
    На Miss.Waldorf и EllenMonroe им се допаѓа ова.
  18. Lilly8

    Lilly8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    288
    Јас добив целосна стипендија за во Јахја Кемал.Но не се запишав.Незнам можеби погрешив што пропуштив таква шанса но тоа е.Во почетокот бев сигурна дека ќе се запишувам,но почнав да слушам некои работи за училиштето што не ми се допаѓаа баш но тоа не беше причината зошто не се запишав.Незнам кога им кажувам на другарките дека не сум се запишала дури ме прават будала заради тоа што не сум се запишала а сум имала таква шанса,бесплатно школување и интернатско сместување.Искрено ни јас не можам точно да ја наведам причината зошто не се запишав таму ама веќе е касно.Сега ќе се запишам во гимназија во мојот град па здравје ќе одам на некој добар факултет :)
     
  19. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Девојко мислам дека претеруваш!!
    Прво, не добив впечаток дека Хипица го брани школото и мислам дека нема потреба да го брани никој овде, не само таа!
    Друго, не сум сигурна дали во затворите во МК ги делат со црево со вода, а не во ЈК! Аман, кај отиде? Од кај си сигурна дека е така!
    Мување, гушкање, тоа е за после часови!!
    Училиштето е образовно-воспитна установа и треба децата и да се воспитуваат од страна на професорите и да се изградуваат во зрела личност!
    Плус тоа, во приватно школо не се оди за уживање, за никој ништо да не ти може итн. туку за да имаш поубави услови за учење, за да научиш повеќе и за да стекнеш убави и здрави навики.
     
    На lola-86 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Missy16

    Missy16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    17
    Како прво, ако мислиш дека се иде во приватно школо за учење, многу се лажеш!!! Никој ништо не учи, професорите не ни предаваат зашто учениците се многу дигнати и им се качуваат на глава и не ни идеме на часови. Добро е познато дека во приватно школо се оди да се ужива. А тоа дека кога се тепаат во ЈК и дека ги прскаат со црево со вода е тоа е точно, не можеш да знаеш подобро од мене, мои другари улат таму , а и јас сакав да се запишам, ама се откажав после.