за во сите школи јахја ти е исто... бодовите не се битни туку конкуренцијата прво е оној со најмногу бодови па натака.Така да школарината ти зависи од тоа дали и колку ти е стипендијата.За книги не е секоја година исто но груба пресметка нека е 250 секоја година и по толку уште за опрема што ја земаш во 1ва и 3та плус екскурзии на кои не се оди задолжително и така натаму..
Дали некој што сега ќе оди прва година во Јахја Кемал може да ми пише во ЛП, да го прашам некои работи
Вчера разговарав со професор од Јахја Кемал и истиот ми потврди дека училиштето ќе се затвора(освен ако не се извлечат некако, но многу тешко) и се надеваат барем дека ќе можат на оние што веќе завршиле и имаат дипломи да ги спасат од уништување на истите, и на оние што уште учат таму да не им се узалуд поминатите години. Тоа е само негов муабет незнам колку е точен.
Ме интересира дали некој знае по кој систем се изучува во Јахја, поконкретно дали се изучува по IB (International Baccaularete) системот ?
Ми требаат информации од некој што учел во Јахја Кемал во Струмица..За годишните трошоци за стипендија и сл..Доколку некој/а од вас има некои информации ве молам пишете ми..
Dali znaete kakva e nastavata poslednive godini, vo odnos na nastavnicite i na sto najmnogu se obrnuva vnimanie?
Ние плативме околу 144 000 денари,со тоа што керка ми доби 20% стипендија.Превозот (ако користите) се доплаќа плус.
2300 евра, а сум слушнала дека во Скопје е и поскапо. Тоа е за прва година, секоја следна година е нешто поскапа. Имаш дополнителни трошоци за книги (околу 200-250 евра годишно) и униформа (околу 150 евра во прва и трета година). Секоја година се организира приемен испит на кој можеш да освоиш процентуална стипендија. Најдобриот добива 100% за школарина. Исто така има и натпревари по англиски јазик и математика-физика. Колку што знам, на нив може да се освои до 80% (првите 5 или 6 ученици добиваат стипендија) и притоа даваат и некоја ситна парична награда. Има уште неколку опции за попуст на школарина: доколку некој од семејството учел таму добиваш 10-15%, ако во основно имаш државна награда исто така добиваш некој процент, за рана уплата на членарина... Завршив во ова училиште, па ако имаш дополнителни прашања слободно пиши ми.
Дали некој знае колку е школарината за средно образование во јахја кемал и дали стипендијата што ја доделуваат преку тестовите е само за една година или за целосно средно образование (за сите 4 години)? И доколку е само за една година кои услови треба да ги исполнува ученикот за да добива стипендија секоја година?