1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Јахја Кемал (Yahya Kemal College)

Дискусија во 'Образование' започната од Avril.09, 26 март 2011.

  1. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Брат ми учи во Јахја Ќемал,и задоволни сме сите од условите и начинот на школување...
    Тоа е најдобро средно училиште во нашата држава и ги има најдобрите услови,јас кога учев гимназија кај нас секој ден имаше тепачки и полиција да не чува,беше хаос...барем за тоа сме мирни дека таму не можат да си дозволат вакви работи,не смееш ни да влезеш низ капија а не па да урлаш како хулиган.
    Не можеш ни да бегаш од часови затоа што одма се јавуваат дома да прашаат каде е ученикот.
    И англиски ќе научат перфект,ма да веќе брат ми знае,+ ќе научат и турски...и ред други убави работи,класните се знаат со сите родители лично идат на посета и гости,организираат прошетки за родители,прават претстави и концерти во училиштата,баш како што треба да биде секое едно средно училиште секаде во светот.
     
    На Hi1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Океј, твое мислење. Така нека ти биде!! Не вреди да ти се докажува нешто што ти не сакаш да видиш какво е во реалноста!! Нека ти биде, ама знај дека се лажеш!!
    Погледни ги останатите мислења кои ги напишале феминките од искуство!! Зошто би лажеле?!
     
  3. Missy16

    Missy16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    17
    Не викам дека лажат они, ама и јас учам во приватно и знам како стојат работите, не сум падната од марс ;)
     
  4. lovelygirl1

    lovelygirl1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    8
    Вака сега феминки...
    Јас учам во Јахја Кемал... на почетокот мислев дека само снобови учат таму, исто како и вие што имате такво мислење...
    Но право да ви кажам Јахја Кемал е единствено приватно училиште во кое стварно се учи... да кажеш дека во Нова,Саба и останатите приватни училиштa така се редат оцените, но овде ни најмалку не може да се каже такво нешто...
    -Точно е дека не е дозволено гушкање,бакнување со дечковците,но сепак размислувајте малку повозрасно- ако сакате да бидете нешто во животот мислете на другите позитивни работи,а не да бидете љубовџики во училиште (тоа можете да го правете после школо) !!
    -Повеќето од часовите се оддржуваат на англиски јазик,што значи до крајот на 4та година јазикот ќе го знаете ПЕРФЕКТ (што е една многу позитивна работа)
    -Друго,тоа што професорите имаат поголема толеранција, е добра работа...тоа не значи дека се толерира до крајно, но до некои граници... вие не сте навикнати со такви професори затоа што скоро сите што предаваат во државните основни и гимназии училишта, се стари и искомплексирани,кои гледаат само денот да им помине...
    Имам уште многу други работи да кажам, но во моментот не ми текнува... ако имате некои прашања плус, прашајте ме ќе ви кажам :))))
     
    На macysh, Shopaholic и WhiteAngel им се допаѓа ова.
  5. Missy16

    Missy16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    17
    а во нова дака не се учи мало морген!!нова ти е построго и од корчагин,вие нз колку е тешко од цел клас само 2ца одлични и тоа и со по некоја 4ка и дури и 3ка ,а исто така има мн и на полагање :!:
     
  6. LadyStyle

    LadyStyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    121
    Јас сега се мислам помеѓу Јахја и Нова.

    Миси16 можеби тоа е само твое мислење за колеџот.Можеби твоите другари навистина претерувале со однесувањето.

    Се повеќе се убедувам самата себе дека Нова е само за снобови-тоа и други ми имаат кажано.Таму е принципот-тато плаќа-петка во рака ;)


    Сепак мислам дека ќе се запишам во Јахја.Единствениот проблем ми е што дали само стипендиите важат за Струмица? Јас сум од Скопје и сепак сакам да пробам да земам стипендија..
     
  7. Missy16

    Missy16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    17
    За Нова дефинитивно не важи тоа. Значи нова и QSI се премногу тешки во споредба со други приватни на пример саба, англоамерикан и 5та приватна.
     
  8. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    Единствено училиште за кое немам никаква лоша замерка. Мислам дека најквалитетни деца изглегуваат од таму. Системот на учење е на највисоко ниво и секогаш остваруваат најдобри резултати во Македонија. Сега ќе отвараат и основно училиште од Јахја Кемал и мислам дека сите кои можат да си дозволат да го зашишат своето дете таму нема воопшто да згрешат. Толкава дисциплина и знаење најмногу таму се стекнува. Само пофални зборови за училиштево.
     
  9. Shopaholic

    Shopaholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    43
    Вака сеа...Јас исто така имам учено во Јахја Кемал само не во Скопје...Завршив пред неколку години.
    Бев проблематично девојче и добивав закани од родителите дека ќе ме запишат на колеџот да ми дојде умот. Но сепак самата одлучив и воопшто не се покајав. Првата година ми беше малце потешко, прво полугодие имавме само јазици, 24 часа англиски неделно, турски исто така голем фонд на часови како и македонски. Од втор година предметите се на англиски со исклучок на социологија, логика и дргите општествени предмети додека пак наставната програма по историја и географија ни беше на турски јазик. Презадоволна сум, доста се учи. Дисциплината беше на ниво иако сега се жалат дека не е толку строго како што беше во наше време. Доколку имаш проблем со некој предмет за време на викендот има екстра часови и нетреба ништо да се доплаќа. Се трудат максимално професорите да се стекнеш со потребното знаење. Исто така ако покажеш интерес и добри резултати те спремаат за натпревари како во нашата земја така и во странство. Кабинетите се опремени со најсовремена опрема а и книгите се по најнови програми. Имам доста познаници кои своето образование го завршија во Европските земји. Навистина добри "кадри" ваѓа. Дисциплината е на ниво. Не смееш да излезеш од школо за време на часови, значи ни на одмор без одобрение од твоите родители, доколку отсуствуваш се јавуваат кај твоите....И вратите од сите факултети во светот ти се отворени секако ако си квалитетен ученик :D ... Ако ви требаат подетални информации слободно пишете :) . И секако доколку сте во можност според мене Јахја Кемал е најдобар избор :)
     
    На pink4ever му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    666
    Леле мори мајко, какви кабинети имаат за хемија и физика, душава ми плаче...
    Само тоа им го ценам -опремени се тоталка.
    А за другово, везе немаат... мислам има некои што учат, ама има и со по некое евро што поминуваат.
     
    На Leala му/ѝ се допаѓа ова.
  11. lovelygirl1

    lovelygirl1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    8
    Значи ако гледаме од таа гледна точка, ако сакаш и во најстрогото школо запиши се, но некој ако не планира да биде нешто во животот, во ниедно школо нема да проучи....
    Во секое приватно школо има некои што поминуваат со врски, но ако стварно се трудиш и имаш желба да научиш нешто Јахја Кемал е најдобриот избор од приватните училишта во Македонија...во спротивно никој неможе за уши да те влечи за да учиш... :) :) :)
     
  12. NEA

    NEA Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    530
    Пол:
    Женски
    И јас учев во Јахја Кемал и само што завршив. Мислам дека подобро школо од тоа нема во државава, зашто таму не само што те образуваат туку и те воспитуваат во вистинска смисла на зборот. Таму професорите ти се како пријатели, не те гледаат од високо како во другите школи и секогаш бараат начин да ти помогнат. Некои од учениците го искористуваат нивното знаење да научат нешто повеќе, но има и такви кои се дојдени зашто ,,тато`` ги пратил да се ,,опаметат``, но кој си учи, ќе има голем успех, го кажувам тоа од свое лично искуство.
    Јас се запишав со целосна стипендија, бев прво место на приемниот испит. Полагањето не беше воопшто тешко тогаш, а камоли сега кога ги исфрлија биологијата, физиката и хемијата.
    Кој има желба за учење и сака да оди на студии надвор од државава, не треба да размислува дали да се запише, зашто условите кои ќе ги најдете таму, ги нема никаде на друго место во државата.

    Поздрав :)
     
    На macysh му/ѝ се допаѓа ова.
  13. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.907
    Допаѓања:
    4.539
    Јас имам учено Јахја Кемал. И сум задоволна од успехот што го имам постигнато. На матурата лани рангиравме меѓу топ 5 школи, како и секоја година. И не,не е заради препишување како што сите си мислат... туку заради што стварно учевме и постигнавме резултати. Професорите морам да признам имаат познавање на англискиот,али зборуваат малце тарзан англиски. Имам пишувано за Јахја Кемал низ форумов многу пати. Али ова е кратка верзија. Ако некој има прашања, слободно нека пише во ЛП!
     
    На Iza.bella777 и iskwitche им се допаѓа ова.
  14. Aurelia-Aurita

    Aurelia-Aurita Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2010
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    41
    Ако некој сака да учи, ќе учи и сам. Ќе покаже интерес без разлика дали е во државно или приватно училиште. Инаку јас се запишав со стипендија во Јахја, па ќе видиме како ќе биде од септември :)
     
  15. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    437
    Колку ли феминки имало што се на Јахија Кемал..јас лани бев на натпреварот и за еден бод не влегов во финалето т.е експерименталниот дел...душава,срцево ми плаче и сега,а за тогаш ич не зборувам се изнаплакав цел ден... ;( ;( ;(
    нема да си простам ни себе си ни на професорката што тогаш ми беше ментор!
    Триста сплетки се направија,таа не дојде,бев со мајка ми,а за време на престојот таму разбрав дека децата си се спремале за натпреварот од 7мо одделение,а јас почнав некаде во почетокот на март 8мо. Е сега сами направете споредба!

    На тие што добиле стипендија и не се запишале само ова можам да ги прашам НОРМАЛНИ ЛИ СТЕ?!!??!?!? :^) :^)
    Убаво си кажа мајка ми,од подот да лижеш можеш....воопшто се немам посомневано дека наставата е на завидно ниво,дека професорите се крајно професионални и дека по 4 години од тоа училиште ќе излези ВОСПИТАНА И ОБРАЗОВАНА ЛИЧНОСТ КОЈА ПОНАТАМУ ВО ЖИВОТОТ ЌЕ ПОСТИГНЕ НЕШТО!!

    жал ми е што моите немаат услови за да ја платат школарината или пак можеби требаше да му речам на тато да ограби некоја банка да ми плати училиптето па да си заврам јас таман кога ќе завршам и тој ќе излезеше од затвор :D :D Шала на страна стварно само најдобри зборови имам за училиштево,а и за интернатот во кој имав чест да престојувам 2 дена!
    А вие што веќе учите таму или почнувате од септември уживајте и учете,БЛАГОСЛОВЕНИ СТЕ!!!

    ај заминав јас да поплачам пак на пропуштената прилика ;( ;( ;(
     
    На Iza.bella777, iskwitche, macysh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Aurelia-Aurita

    Aurelia-Aurita Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2010
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    41
    греотка :tmi:
    јас бев од оние посреќните, не учев ни 1 месец за натпреварот по англиски, ама бум.. :)
     
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929

    :o Значи јас немам нешто добро разбрано... Јас имав роднини кои учеа во НОВА, па се преместија во друго приватно училиште затоа што сакаа нешто да научат, а не да им стваат оценки затоа што платиле.

    А за Јахја Кемал, навистина можеш многу да постигнеш ако се трудиш и учиш. еден мој познаник влезе со стипендија таму (и неговите навистина не можеја да му овозможат да плати школарина) ама детето е гение, освои огромен број медали на натпревари низ цел свет и сега си доби стипендија за студии во америка.
     
    На iskwitche и Aurelia-Aurita им се допаѓа ова.
  18. Eileen

    Eileen Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Во интернатот сам си или со повеке деца? и дали е вистина дека на секоја врата од собата има обезбедуванје и неможеш да одиш во други соби и дека не смееш после 22:00 да претнеш во соба??! :worried:
     
  19. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.907
    Допаѓања:
    4.539
    Повеќе деца има али незнам за тоа пред секоја соба. Има професори кои седат исто така во интернатот(најчесто неженети) и тие внимаваат.
     
  20. lovelygirl1

    lovelygirl1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    8
    Луѓе какви се тие глупости за обезбедување,нема смисла :D :D :D
    Значи во интернатот во соба се по 4-5 деца,зависи... нормално дека има неколку жени кои престојуваат и тие во интернатот, и ги надгледуваат девојчињата...
    А за тоа дека после 22 00 часот, треба да се сите во собите е точно.. но не го сваќајте тоа како лоша работа, ако престојувате таму после некое време од кога ќе се навикнете,ќе видете дека има многу дружба и многу забава...кога ќе бидете на распуст девојчињата со кои што сте биле секој ден многу ќе ви недостигаат... :)