1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Јахја Кемал (Yahya Kemal College)

Дискусија во 'Образование' започната од Avril.09, 26 март 2011.

  1. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.771
    Допаѓања:
    24.762
    Лелеееееее какви глупости се изнаслушав, Божеееее :@ Алоооооо како може некој да каже дека не е доволно информиран во врска со нешто, а сепак да го критикува истото ??? Со исклучок не 2-3 мислења што ги прочитав во темава, се друго е ...хмммм.... незз како да го опишам ова без да се спуштам ниско... ај невермајнд, мислам дека ме разбравте.
    Иначе, како бивша ученичка на YKC (која што престојуваше во интернат бај д веј), можам од прва рака да ви дадам информации за условите, начинот на предавање, животот во школото и интернатот...

    Што се однесува до приемните, уписите, часовите... мислам дека горе долу ги имате добиено потребните информации. Јас лично се согласувам со Ashlıng со тоа дека школото последниве години изгуби на квалитет, но сепак е далеку подобро од повеќето училишта во државава.... Е сеа, во главно имаме два типа на ученици - првите се оние што вие ги нарекувате „снобови“, мамини и татини галеничиња, кои се запишуваат (најчесто по притисок на мама-директорка или тато-министер) само за да се пофалат дека учат во приватно средно, а воопшто не се замараат со учењето; втората група се ученици кои потекнуваат од средниот, па дури и нискиот сталеж, кои се навистина надарени за учење и успеваат да се изборат за стипендија и да се запишат, а подоцна со своите успеси ја одржуваат репутацијата на школото. Е тука морам да додадам дека YKC (од разбирливи причини) навистина многу се труди околу овие ученици, па дури и ги форсира по разно-разни меѓународни натпревари од каде што се враќаат со огромни успеси. Значи не се работи за школо на снобови, иако морам да додадам дека и меѓу тие „снобови“ има и доста фини и културни деца.
    А за дисциплината... навистина е построго отколку во другите школи, но тоа е единствен начин да се одржи ред во средина во која опстојуваат толку различни индивидуи (различни сталежи, националности, вери, сфаќања..).. Па сепак можам со глава да гарантирам дека никад не се применети такви мерки какви што опишува некоја дотична феминка чии пријатели учат таму. И ДЕФИНИТИВНО не се местат натпревари... ДЕФИНИТИВНО.. Уффф се изморив, за интернатот ќе ви пишам друг пат... а ако ве интересира уште нешто слободно прашајте, ќе бидам среќна да ги демантирам сите предсасуди што кружат во врска со темава.... :call:
     
    На iskwitche и macysh им се допаѓа ова.
  2. teddybear8935

    teddybear8935 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    7
    Па ајде чекам и да прочитам нешто и за интернатот сепак ќе престојувам таму во септември
     
  3. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.771
    Допаѓања:
    24.762
    Епа вака... Женскиот интернат е уствари една куќа што се наоѓа у Бутел2.. Има некои десетина соби (со по 4 или 6 кревети и исто толку шкафови - друго ништо, ама и онака у собата ќе си само за спиење :D) На секои 2 соби има по една бања и веце. Хигиената е на многу високо ниво, секој ден се чистат и собите и тоалетите и се друго... Се јаде у заедничка трпезарија, храната е исто така доста добра, вклучени се два оброка - појадок и вечера - бидејќи ручекот секако се јаде у школо :) Има и мини фитнес сала, а два пати неделно доаѓа и професорка по физичко со која може да вежбате (тоа не гарантирам дека ќе го има и оваа година) . Исто така има и училница која се користи за време на задолжителните часови за учење, но можепо потреба да се користи во било кое време.... Тоа е за ентериерот. Денот отприлика би ти изгледал вака:
    Се станува околу 7, околу 7 ипол е појадокот, во 8 трга минибусот што ве носи на училиште, од 8 ипол до 3 попладне си у школо, оттаму со минибусот ве враќаат во интернат, имате 30 минути слободни ако сакате да одите нешто да си купите од супермаркетот или слично, а потоа се враќате во интернат и пак ве ставаат под клуч ( не е толку страшно ко што звучи, верувај). Од 6-7 е вечерата, а потоа од 7-9 има часови за учење кога можеш да си ги сработиш домашните. Во 11 мора да си во кревет.
    Во интернатот има 3-4 воспитувачки, тоа обично се девојчиња дојдени од Турција што студираат тука ( не знаат македонски) на возраст од 19 до 23 години.
    Горе-долу тоа е. Може е малку (повеќе) строго вака на прв поглед, ама брзо ќе се навикнеш, а не сумњам дека ќе запознаеш и мн другарки... Ја првите две недели у интернат ги поминав у плачење, а откако се навикнав се дешаваше и по цел месец да не си дојдам дома :D Едвај чекам да видам како ќе се снајдеш... Како и да е сигурно ќе се видиме, ќе наминувам и ја у интернатот одвреме навреме :D
     
  4. salty.dreams

    salty.dreams Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    32
    Богами претеруваш! А посебно сум алергична на разгалени тинејџерки као тебе! Колку години имаш 10? 12? 14? Со тој мозок нигде душо, нигде! Јас знам лично како е у Јахја Кемал. Учев 1рва и 2ра таму, пред да се преселам у странство! Образованието што го нуди школото, е најдоброто образование што можеш да го добиеш од училиштата во Македонија.
     
  5. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.771
    Допаѓања:
    24.762
    Право да ти кажам душо добро си направила што си се откажала пошто од такви како тебе паѓа рејтингот на ЈКЦ, како и на другите приватни школи во македонија. А тоа дека професорите не предаваат и дека учениците не идат на часови можеш само да го сонуваш... ај размисли, ако е така, како би можело Јахја Кемал секоја година да е на ранг листата на најуспешни школи??? И нешто најбитно - СО ПАРИТЕ ШТО ГИ ДАВАШ СИ ЈА ПЛАЌАШ ПРИВИЛЕГИЈАТА ДА УЧИШ У ШКОЛОТО, А НЕ ОЦЕНКИТЕ. И ако имаш другари што учат таму не значи дека знаеш како е, го знаеш само она што тие го „гледаат“ у школото, а ако некој не сака да уши, секако дека ќе си најде оправдување за тоа.Толку од мене. Поздрав
     
    На WhiteAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  6. teddybear8935

    teddybear8935 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    7
    фалааа :) иначе како првите неколку месеци пред да научиш турски? :lol:
     
  7. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.771
    Допаѓања:
    24.762
    Ќе ти биде малку тешко на почетокот, ама девојчињата од повисоките класови кои веќе имаат научено турски ќе ти помагаат кога ти е потребно, значи нема причина за страв. :D
     
  8. Miss.Waldorf

    Miss.Waldorf Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    16
    Јас бев на натпревар по англиски јазик освоив 15 место од 140 и неколку. Училиштето е прекрасно и знам луѓе кои сега се во Турска и студираат. Првите три места беа наместени а останатите не =)
     
  9. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    ^ Епа првите три се и најважни. |( А местенки секаде има!!
     
  10. Whatsername

    Whatsername Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    344
    Ако ова се однесува на натпреварот по англиски кој се одржа оваа година, ако не си 100% сигурна, немој да тврдиш ништо. Јас бев на тој натпревар и се запознав со тие деца, па затоа сметам дека местата беа заслужени, а особено детето што зема прво место, затоа што на сите три теста имаше најмногу поени. :)

    Инаку јас земав петто место на тој натпревар.

    (Ако не зборуваме за истиот натпревар, се извинувам однапред.)
     
  11. Miss.Waldorf

    Miss.Waldorf Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    16
    Не зборував за оваа година туку за претходната година. За натпреварот во ЈК Гостивар каде што победи некое си турчинче Генти кои си имаше точки на точните одговори и некое си девојче чијашто тетка има важна функција. =)
     
    На Whatsername му/ѝ се допаѓа ова.
  12. theAristoCat

    theAristoCat Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    јас учам во Јахја Кемал и имам само пофални зборови!!
    Најдобро е :)
    наставата е на англиски,времето ни е исполнето,професорите се многу добри.
    им го препорачувам школово на сите!
     
    На Estranged му/ѝ се допаѓа ова.
  13. TeddyS

    TeddyS Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    121
    хах.. зависи кој може да си го дозволи ова школо..

    јас бев на приемен испит али немав некое место , 36 мислам, али од 150 деца, џабе , немав шанси..

    Немам некое си мислење за училиштево , но ако учи некој таму сигурно му се отвараат многу можности,така да со среќа на сите што се таму !

    А да, мислам и дека тие стипендиите на приемниот ги даваат на "нивни" деца , т.е на турци.. :)
     
    На Iza.bella777 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sweetgirl89

    sweetgirl89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    12
    Сметам дека последново не е точно, затоа што јас сум македонка и имам стипендија.
     
    На macysh и theAristoCat им се допаѓа ова.
  15. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.771
    Допаѓања:
    24.762
    За во другите градови не знам, ама за во скопје гарантирам дека во последниве 7-8 години првите места на приемниот ги добиле исклучиво македонци. Исто така гарантирам дека тие не биле доделени преку врски, затоа што се знам со речиси сите од тие деца и сум сигурна дека си ги имаат заслужено.
     
  16. teddybear8935

    teddybear8935 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    7
    уште една недела и на школо :D
     
  17. monalisa

    monalisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    12
    Здраво феминки! Јас добив стипендија (1 место) и сега незнам дали да одам во колиџот... Дали е тошко во прва година?
     
  18. theAristoCat

    theAristoCat Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    ти пишав информации во ЛП. :)
    прва година е боза, нема ништо полесно.
    јас мислам да не му ја мислиш, зграпчи ја приликата!
    после ќе ти е многу полесно да запишеш факултет во странство :)
     
  19. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.907
    Допаѓања:
    4.539
    Штом си била прво, значи дека си добра во некоја област и сигурно ќе те пуштаат да се натпреваруваш :) Земи ја шансата, секогаш можеш од приватно на државно да се префрлиш ;)
     
  20. ana-teko.love

    ana-teko.love Активен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Девојки вака, јас се пријавив на Јахја Кемал т.е се пријавив за приемниот испит и еве што ме интересира: дали стипендиите што ги доделуваат на 1, 2 и 3то место се доделуваат на првите тројца од цела Македонија или пак стипендии се доделуваат во секоја општина посебно? Фала :P :D