1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Јахја Кемал (Yahya Kemal College)

Дискусија во 'Образование' започната од Avril.09, 26 март 2011.

  1. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.907
    Допаѓања:
    4.539
    Јас покасно се запишав така што ја испуштив таа ранг листа, ама мислам во областа на школото е. Најдобро е да прашаш, да се осигураш ама 90% сум сигурна е дека е според школото.
     
  2. this..is-me

    this..is-me Активен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    9
    јас имам 70% стипендија ама незнам дали би ми додале уште нешто со некои дипломи што ги имам од натпревари од други години, зошто моите не се баш во состојба да ми плаќаат 30%, слушнав дека можело да се поднесе молба за да ти додадат уште некој процент.. дали тоа е точно??? исто така се мислам дали се исплаќа да се плаќа толку за средно образование кога има повеќе државни школи и интернатите се бесплатни (не сум од Скопје) се мислам дали да одам во корчагин ако не земам уште нешто стипендија...
    може мислење?? :)
     
  3. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.907
    Допаѓања:
    4.539
    Најдобро ти е да одиш да прашаш, сепак се работи за благајни/административни проблеми. Таму сите се љубезни па ќе гледаат да ти помогнат. Распрашај се подетално, и побрзо за да не испуштиш други рокови за упис :)
     
    На this..is-me му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Каков Јахја Кемал, гледав на видеа каде учениците си лупаат јаболко на часот по македонски јазик ..
    Е така е кога со пари ке земат диплома. :^)
     
  5. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.907
    Допаѓања:
    4.539
    А во државните не лупат јаболка? Мислам коментаров ти е "на место"...
     
  6. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    А, овие мислење велат нешто друго. :wasntme:
    Те читав на друга тема и ми фати око покрај погоре постираните мислења, мислење во кое тврдиш дека многу се учи, а во други теми бараш напишани состави.
    Ако толку учите таму и сте стекнале навика за учење, образованието ви е квалитетно, тогаш зошто не ве научиле дека есеите се вид на текстови во кои покрај доза факти во врска со темата вие изнесувате и сопствено мислење околу истата?! Што значи дека треба сами да си ги напишете.
    Инаку, имав еден познаник што учи тука и кога дојде кај нас во гимназијата на час по македонски професорката го праша до каде се со материјалот и што учат, а тој не знаеше да одговори. Оценката му била четворка, а замислете - не знаеше што учат. Чист пример дека парите и репутацијата на родителите ја играат главната улога во ова школо, а не способноста и посветеноста на учениците. :)
     
  7. hulk

    hulk Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3
    Здраво на сите

    За учебна 2012/2013 1 година

    -30 и 31 -08-2012 извршено тестирање за познавање на англискиот јазик, делени книги и униформи, запознавање со професори , простории итн...
    - 03 -09 почеток на школска година сите во униформи , со книги и редовна настава

    - се почнува од 8 и 30 до 15 и 20
    - нема каснење , нема излегување , нема телефони ( при влегување во ташна на излегување од ташна) доколку има потреба за телефон се бара одобрување и тука нема никаков проблем за дозвола со тоа што ние го користме и без дозвола ако е итно, а не не гледат но не го злоупотребуваме се јавуваме и толку , дисциплина на ниво , обезбедување за цело време на настава...
    - за секаков проблем веднаш се јавуваат на родителот
    - за недоаѓање или каснење доколку претходно не е кажано повторно се јавува на родител
    - се учи турбо англиски и турски, а од другите предмети имаме по 1-2 часа неделно
    - секој предмет не се учи ви истата училница со истите деца односно од класот едни деца одат во една училница други во друга но и тоа е направено врз основа на постигнатиот успех и познавање на англиски

    - паралелките од 1 год. се вкупно 3 по 20 ученика , со тоа што се поделени по познавање на англискиот јазик и нормално успехот до 8 одд.
    - сите професори ( мое мислење) знаат македонски но никој не го покажува тоа целата комуникација е на англиски
    - сега пред некој ден направен список на ученици кои сакат да учествуваат на натпревари по некој предмет, направено тестирање и сите ги чекаме резултатите
    - после три недели англискиот 80% подобар , турски научени многу зборови , а по другите предмети презадоволен

    - секој професор се труди најдобро што може но сепак зависи и од нас

    Тоа е тоа за сега . Во секој случај школото се уште си го држи реномето што го стекнало до сега.
     
  8. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Извини, ама у државните школи го нема тоа. Кој од проф. ке ти дозволи да му пееш на час и да си играш играчка со него??
     
    На hulk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.907
    Допаѓања:
    4.539
    Имам гледано видеа на YouTube каде што им прават пострашни работи на наставниците во државните школи(ставање стол на држачите за јакни и седнување на него, викање погрдни зборови кон професорите, урлање и забави правење на час додека професорот се крие со дневник за да не биде препознаен и избркан од школо). Така да те молам немој многу да попуваш. Јахја не се ни споредува со државните. Во Јахја има дисциплина која што во државните ја нема ни 1%.
     
  10. hulk

    hulk Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3
    Повторно здраво на сите

    Поминаа 3 месеци па редно е да се напишат впечатоците од школувањето во Јахја Кемал.

    Прво лошите работи.
    Не е се така розево како што изгледа од надвор

    Школото станало машина за пари. Трпат се и сешто само за да собираат пари од учениците.Во прва година се запишаа 60 деца од кои 3-4 со платена фул стипендија и уште 10 со платено дел од стипендијата од страна на школото .Сите други си ја плаќат сами стипендијата. Иначе стипендија за 1 година е 2700 евра + 500 евра за униформи , книги...
    Е сега: се однесува за сите ученици и македонци и албанци и турци....
    - се појавува групирање меѓу учениците на национална основа посебно помеѓу македонци и албанци. Турците злато народ. Повоспитани и подружељубиви здравја. Иначе јас сум македонец.
    - почнува уличното воспитување кај одредени ученици да излегува на виделина.
    - се појавува однесување НИКОЈ НЕ МИ МОЖЕ НИШТО ЈАС ДАВАМ ПАРИ ( а и во право е дал 3200 евра и сега да се брка па школото од такви дибеци живее)
    - не се почитуваат вработените и на истите ученици ама баш им е гајле за се дале пари и ќе прават што сакат.Ќе направат нешто лошо и нормално кај директорот. Излегуваат од таму и пак се по старо.
    - случај пред 2 дена влегува во школо ученик со албанско знаме и шета и се дере по ходници .Оди кај директорот и ... Ништо пак си е со нас . Златна кокошка не се коле.
    - оди професор по скали и одозгора петарда на него . Оди ученикот кај директорот и... да не се повторувам за кокошката
    - успехот во класот е 4,5 но доколку се оценува реално повеќе од 3 тешко.

    Доколку школото не направи нешто со вакви "дибеци" брзо ќе остане без квалитетни ученици и полека ќе стане еднонационално школо.

    Доста е за лоши работи сега нешто убаво

    - Професорите сите злато, се трудат да ве научат , другари се , гледат да ве натераат на дружење,колективно учење... за нив се најубаво.
    - Не работат шаблонски ако повеќето повеќе се трудат со учество на сите да се организира предавањето
    -Доколку ве бидува во нешто повеќе ( математика , физика ,хемија....)има организирано допунска настава каде се учи на повисоко ниво од останатите и се спремате за натпревари.
    - има во сабота допунска за послабите ученици.
    - доколку и сами побарате професорот ќе ви организира допунска настава само за вас.
    - се организираат заеднички излегување на пица, кафе, прошетки по нашево Скопје
    - се организираат патувања сега пред некој ден одевме во Солун .
    -....

    Има уште убави работи но неубавите излегуваат полека на површина. Почнуваат деца да се отпишуваат од школото. Моите родители до сега во себе збореа дека ќе ме отпишат сега почнаа да шепотат, а кажано ми е ако гласно го кажат тоа летам од школото. Има уште 3-4 деца што истото го кажуваат.
    Ја
    -
     
  11. Savannah

    Savannah Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    14
    ехх догодина ја овде ке се запишувам.
    Едноставно таму сите оние којшто се запишале денеска се големи образувани луѓе со големи плати додека некој навистина паметни теста кој што немаат баш во џебот им се гледа тоа скапо и идат во гимназија а незнаејки дека ако го положат испитот може бесплатно да учат таму.Мислам дека средношколските години ќе ги поминам најуубаво.Плус тоа многу одат на екскурзиии цел свет го шетаат.Едвај чекам да идам таму да видам како е!
     
    На Iza.bella777 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. fashiongirl123

    fashiongirl123 Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Стипендиии Јахја Кемал колеџ

    Здраво, јас сум осмо одд. и сакам да се запишам во ЈКК. Исто така се пријавив на натпревар, конкурс по англиски јазик за стипендиите и ќе се одрже на 15 декември.Па сакам да ми кажете за освоените 18 или колку места по колку се плаќа и некои др работи у врска со училиштето :) :) :)
     
  13. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Стипендиии Јахја Кемал колеџ

    Јас кога полагав, значи пред добри 8 години полагањето се состоеше од неколку тестови :

    -општ тест (хм, не сум мн сигурна за овој);
    -задачи математика и физика;
    -тест за интелигенција;
    и не знам дали имаше еден мешан, хемија биологија и мислам англиски :^)

    Колку што се сеќавам тестот по математика беше прилично тежок, јас секоја година учествував на натпревари по математика и мене задачите ми беа со таа тежина, како за натпревари.
    Останатите тестови не беа многу тешки, ама немаше многу време за размислување, и на крај некои одговори така на тепка ги заокружував :( На крај доделија неколку целосни стипендии, и неколку делумни . Би ти препорачала да не ја пропуштиш оваа шанса, да се подготвиш добро, најди ги тестовите од претходните години и со среќа ;)
     
    На fashiongirl123 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. fashiongirl123

    fashiongirl123 Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Стипендиии Јахја Кемал колеџ

    Така значи.. иначе фала ти :D
    а дали знаеш за освоените места по колку се плаќа на прм ако освоеш 3то колку ќе плаќаш ?
     
  15. hulk

    hulk Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3
    Дечки бегајте што подалеко од ЈК . Како оди работата до година 75-80% ќе бидат албанци 10-15 % турци ( злато се ) и 10% македонци .
    Првите 90% ќе се запишат со плаќање ( 3200 евра) а последните 10% пола со плаќање а другата половина јадници ( тоа се прваци на Македонија, физика,математика,хемија,англиски , информатика....) со стипендија од ЈК и ќе треба да ја носат славата на ЈК на грб. Одат по натпревари освојуваат награди за ЈК ... за жалење се. Секој ден додатна настава , секоја сабота во школо. Ги прашав дали вреди сето тоа само наведнуваат глава и толку.
    Кога едно школо со реноме кое го стекнало во минатото така лесно се продава за пари и станува фабрика за купување дипломи треба да се стави прст на чело.
    Сега полека ги разбирам моите родители Т.Е нивното шепотење за отпишување. Излегува дека за мои пари немам нормално школување и дипломата ќе ми биде купена а не заслужена . Поради другите што дошле само за диплома професорите и на тие што вредат дават повеќе без проверки . Бидејќи не ме обврзува стипедија да останам во школото почнувам да размислувам за до година во кое школо да продолжам.
    Отворете очи и уши и размислувајте. ЈК не е тоа што беше пред 5-6 години.
    Ќе се слушаме уште има уште многу до крај , сепак 3200 евра морам да ги одработам. Прашав не враќале веќе уплатени средства.
     
    На fashiongirl123 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.907
    Допаѓања:
    4.539
    Ако ти се чувствуваш дека ти е купена дипломата, тоа си е твоја грешка. Ти си тука крив што не даваш 100% за учење на предметите. Првата година е најлесна затоа што се фокусираат на јазиците а од втора се почнува интензивното учење. Ако сметаш дека добиваш диплома онака, ајде оди полагај тест без да учиш па ќе видиш самиот со колку ќе завршиш на крај. Ако не ти чине школото, отпиши се... ама немој да го кудиш кога не е дотолку страшно како што кажуваш. И не ми е јасно што толку етничкиот проблем те засегна? Јас се дружев и со албанци и со турци и никогаш проблем немав. Ако се поставиш коректно со нив, и тие со тебе. Ако настапиш со ваква индиректна омраза, и тие ќе постапат исто како тебе. Седни, загреј го малце столчето. Поздрав.
     
  17. hulk

    hulk Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3
    Да појаснам.
    -Како прво јас сум прва година и ги познавам многу добро моментално работите. Бев и на приемниот и доколку сакав со покажаниот успех на тестот можев да земам стипендија. Во суштина јас сакав да ја земам бидејќи школото ми ја понуди ама моите не ми дозволија. Требаше да доплатам дел од стипендијата но потоа ако се отпишувам требаше да ја враќам. И затоа моите не прифатија. Постарите се попаметни мораш да признаеш. Приметувале некои работи побрзо и потрезвено од нас. Вака плати 3200 евра и што сакаш прави.
    -Второ не ги двојам децата на наши и ваши но ми смета таквото однесување на поединци, а во последно време се појавуваат повеќе такви поединци и математички тоа станува група Т.Е множество ( да се разбереме ги има од сите етнички групи) Иначе се дружам и со албанци и со турци иначе јас сум македонец а најмногу се дружам со турци.
    -Професорите сакат на сите да помогнат но ајде кажи дали подеднакво работат со сите. Има допунски секоја сабота за послабите види некогаш кој оди.Тие што треба да одат ги нема нигде. Потоа цел час се троши на нив. Јас лично мислам дека моето знаење не можам да ги искажам затоа што професорот мора да работи со послабите Има деца што воопшто не се испрашуваат затоа што знаат многу повеќе од другите. А оценката се знае 5. Мора професорот да му го "стави" знаењето во глава па дал 3200 евра ејјјјј... До година ако продолжи вака ќе биде уште полошо за тие што се подобри ,ќе има повеќе за "ставање" во глава.
    - Што бидна со ученикот што го шеташе знамето по ходници и што се дереше како...
    - Што бидна со ученикот што фрли петарда на професорот С...
    - Што е тоа групирање пред училници ( и тоа од одредена група ) и за да влезеш мора да поминеш низ коридор ( татко ми вика дека читал така било на голи оток кога доаѓале нови затвореници)
    - Дали некогаш си излегол на големата капија да видиш на што личи однесувањето на одредени ученици со обезбедувањето
    - искрено дали не ти смета тоа дерење по ходници , групирање , надмено поставување ...

    И на крај признај дека сите ученици си ја заслужуваат оценката. Па доколку не е за пари кој знае што оценка ќе имат. Најголем проблем е тоа што тој што учи не може да го искаже своето знаење и поради некои таму мора да следи успорена настава . Им завидувам да децата што се спремат да одат по натпревари тие се 2-3 светлосни години пред нас по предметите што се натпреваруваат.

    Толку сега за сега има уште до крај на 1 година тука сме ќе пишуваме и лошо и убаво па новата генерација нека одлучува

    Поздрав
     
  18. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.907
    Допаѓања:
    4.539
    Се додека си со болдираниот израз, нема далеку да стигнеш во школото. И токму поради тоа што си прва, незнам како можеш толку лоши работи да кажуваш за школото кога многу јасно од почеток ви имаат објаснато дека прва година се учат јазици а потоа и други предмети.
    По постовиве јас неможам да сфатам ти всушност што сакаш. Во програмата е одредено прва година да се предава математика на мајчин јазик. Што сакаш ти, на албански или на турски да ти предаваат?! Мислам смешен си страшно. Од втора година ќе почнат на англиски да ти предаваат математика. Јас незнам какви коментари ти би имал доколку знаеш дека историја и географија на турски ќе треба да учиш освен од четврта.
    Искрено тие поделбите што ги прават по англиски според тоа кој колку знае е од голема полза за студентите. Тие што знаат помалце, ќе научат повеќе а ти што знаат повеќе, само ќе напредуваат во своето знаење.
    Јас кога ја полагав државната матура, имавме професори од државни школи кои беа страшно огорчени на нас и не ни дозволуваа да мрднеме, додека во државните школи(барем каде што живеам) со сигурно знам дека препишуваа. Соучениците а и јас извадовме добри поени, а од останатите школи повторно беа ниско рангирани. Па незнам на кого повеќе му ја поклонуваат оцената.

    Срамота е да го кудиш школото а уште незнаеш ништо за него. Ако толку ти е лошо, отпиши се ама немој непотребно да зборуваш глупости затоа што не е вистина. Сите работи за кои што се жалиш, ти беа кажани кога почна. Твоја грешка е што не си го согледал тоа во почетокот. А и верувам дека имаш прашано некој претходно за тоа како функционира школото.

    п.с. А тоа со дерењата итн итн, е работа од администрацијата а и се работи за тинејџери... нормално е такво понашање. Да ти објаснувам што се ние сме праеле на одмори, ќе ми треба цел форум да го испишам. Олабави малце, уживај во времето што го имаш затоа што ќе ти недостига.
     
    На Lostedlove и macysh им се допаѓа ова.
  19. Lostedlove

    Lostedlove Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    11
    Ако одите на натпревар по англиски , хемија или нз на кој др натпревар и ако освоите 1 или 2 место бесплатно ке биде ... според мене школото ее мн убаво има повеке турци однего албанци и турците се многу фини .. Кога ке си одиш дома нема потреба да ги учиш лекците пошто тамо се се уци на час :D
     
  20. Lostedlove

    Lostedlove Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    11
    Значи лани (2011-2012) се полагало како сшто видов јас
    -математика
    -физика
    -општа култура (ептен е лесно)
    -интелегенција
    вака имам тестови по англиски од лани и полани и мислам дека се за натпревар ама многу се тешки .
    Попустите идат вака
    1.100%
    2.100%
    3.90%
    4.80%
    5.70%
    6.60%
    7.50%
    8.40%
    9.40%
    10.40%
    11.40%
    12.30%
    13.30%
    14.30%
    15.30%
    16.20%
    17.20%
    18.20%
    Трошоци за школување
    Скопје-Автокоманда 2.700евра
    Скопје-Бутел 2.700евра
    Гостивар 2.200евра
    Струга 2.200евра
    Струмица 2.200евра
    Тетовски регион 2.200евра
    учениците кои ќе ги заземат првите 10 места на приемниот испит на местата каде што е организирано интернатското сместување од страна на училиштето ќе се здобијат со право на попусти како и за школарината.
    За учениците чии брака и сестри или биле ученици на колеџите на Ј.К с применува семеен попуст од 15%.