1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Јахја Кемал (Yahya Kemal College)

Дискусија во 'Образование' започната од Avril.09, 26 март 2011.

  1. Lostedlove

    Lostedlove Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    11
    ima nekoe devojce sto ke odi vo gostivar da uci vo yahya kemal ?? ako ima nekoja neka mi pishe inboz :)
     
  2. iskwitche

    iskwitche Активен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Дали некој знае колку се книгите и униформите, и дали во разлицни градови е различна цената?
     
  3. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    848
    Во сите градови освен Скопје (Бутел и Автокоманда) каде е 2700,цената на школарината изнесува 2200 евра годишно.Во оваа цена не влегува износот за книги и униформа,а и да имаш целосна стипендија,за тоа си плаќаш.
    Е сега,јас знам во прва година плаќаш 500 евра (100 евра ти се депозит,250 книгите и 150 униформата),втора плаќаш само 250 евра за книгите,трета повторно и за униформа и за книги а четврта само за книги.Крајните трошоци за матура,алманах,некои припреми таму ти се одбиваат од почетните 100 евра депозит,доколку не си направил некоја штета за чиј надомест се искористени тие пари :)
     
    На iskwitche му/ѝ се допаѓа ова.
  4. In..Love

    In..Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    4
    Сакам да прашам во врска со училиштето , дали имаат како на пример гимназиите имаат правен смер.. дали во Јахја има такво нешто .. ? или нешто што се изучува Правото ?
     
  5. iskwitche

    iskwitche Активен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Да, има предмет право во 3 и 4 мислам
     
  6. In..Love

    In..Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    4


    а дали може дека годиншно е 2700 евра дали тоа може да се плаќа месечно ?
     
  7. In..Love

    In..Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    4
    Може ли некој да ми каже колку пари се плаќа интернатот, и школото годишно ? или месечно ако може .. дека ств не ве разбрав годишно колку е вкупно.. ??? и некој тоа поубаво да ми го објасни дека ств ми треба
     
  8. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.503
    Допаѓања:
    173.578
    Да,2700 е е година.Со тоа што во прва и трета година се плаќа и за униформа,е сега незнам колку беше,отприлика околу 450-550 евра.Планираш таму да се запишуваш?
     
  9. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Кај нас се плаке 2000 евра на година :^) Ама ние немаме интернат, туку само за школската година си плакаш :)
     
  10. sweetlittlegirl.987

    sweetlittlegirl.987 Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    Дали некој знае кога започнува и завршува уписниот рок?
     
  11. In..Love

    In..Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    4

    па ногу размислуам .. ама не разбирам сеа значи годишно е 2700 а месечно на рати може ли да се плаќа?
    а и интернатот колку пари е?
     
  12. hulk

    hulk Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3
    Komentar za Jahja Kemal - Avtokomanda od ucenicka sto e 1 godina. Napisan na Facebook 27-03-2013

    Ucham u shkolo kaj sho e najbitno koj kolku pari ima, koj kakov telefon ima, kakvi patiki ima...kaj mashkite e sekako najbitno koj kakva kola vozi, pola od niv ne znaat kako se drzi volan ama bitno da e da se fali so kolata, kje pushti najglasna muzika i misli tuka fraer nesto, mu se divat drugarite i zenskive se palat, a ustvari e prvoklasen seljak. Kaj zenskite e najbitno koja poishe shminka kje stai na nea, im lie pudra od facata sho ne ja izbrishale od zavchera..bitno e kosata ofarbana, vestacki nokti u prv plan.. I sekako koa imash mozhnost da dojdesh bez uniforma mora da si oblechen u marki od tipot na armani, burberry, D&G..inache si nikoj i nishto vo ochite na drugite. Aa i sekako koa imash problemi so disciplina ili uchenje doagja taticko/mamicka odma zavrsuva rabota ama ne so sin/ kjerka mu tuku so profesorite zatoa shto nivnite deca se bezgresni mozat da pravat se shto sakaat. I zatoa site mislat deka svetot se vrti okolu niv. Mnogu loso,mnoguu. (bez navredi) :D


    Pa vie razmisluvajte
     
  13. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.503
    Допаѓања:
    173.578
    Мижи Асан-да ти бајам -е тоа е твојот коментар.
    Стварно не ми е јасно каде го виде сето ова што го напиша погоре?Во серијата Беверли Хилс која играше пред 17 години.Ајде ти се молам....
    Тоа со коси фарбани,вештачки нокти...стварно незнам каква врска има со просекот кој го постигаат учениците на разни натпревари.Коси фарбани и вештачки нокти се носат и во основни училишта па никому ништо...
    За какви коли зборуваш...кој ги вози тие коли,ученици кои се малолетни?Јас колку што знам возачка дозвола се зема на 18 год. или можеби грешам,а?.
    Лично имам одено неколку пати во училиштето -и на предавања и на одмори (значи по цел ден ,од 08 ч.наутро па се до 16 ч.)и да ти кажам не видов ништо од тоа како што ти го претставуваш училиштето овде на форумов.И да ти кажам освен пристојни ученици,ученички и професори ,не видов никој кој се двои во однесувањето или во облека(патем ,сите беа во униформа).
    Стварно нема смисла вака да зборуваш и да им наметнуваш комплекси на пониска вредност на сите оние ученици кои планираат таму да учат.А тоа што можеби ти или некој твој близок не успеал да се запише во истово училиште....тоа е...и за таму треба знаење и успех,а не само пари,како што мислиш.Поздрав.
     
  14. hulk

    hulk Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3
    27. март близу Karpos преко мобилног
    Ucham u shkolo kaj sho e najbitno koj kolku pari ima, koj kakov telefon ima, kakvi patiki ima...kaj mashkite e sekako najbitno koj kakva kola vozi, pola od niv ne znaat kako se drzi volan ama bitno da e da se fali so kolata, kje pushti najglasna muzika i misli tuka fraer nesto, mu se divat drugarite i zenskive se palat, a ustvari e prvoklasen seljak. Kaj zenskite e najbitno koja poishe shminka kje stai na nea, im lie pudra od facata sho ne ja izbrishale od zavchera..bitno e kosata ofarbana, vestacki nokti u prv plan.. I sekako koa imash mozhnost da dojdesh bez uniforma mora da si oblechen u marki od tipot na armani, burberry, D&G..inache si nikoj i nishto vo ochite na drugite. Aa i sekako koa imash problemi so disciplina ili uchenje doagja taticko/mamicka odma zavrsuva rabota ama ne so sin/ kjerka mu tuku so profesorite zatoa shto nivnite deca se bezgresni mozat da pravat se shto sakaat. I zatoa site mislat deka svetot se vrti okolu niv. Mnogu loso,mnoguu. (bez navredi) :D
    Свиђа ми се ·

    Значи ова е напишано од ученичка што учи таму и тука завршува дискусија. Што мислела да каже она си знае. Но некој тука изгледа одамна не бил таму. Што се однесува до мене јас сум секој ден таму ги гледам работите. Дојди во 15 и 20 ( тогаш завршуваат часовите) и гледај. Или ако добиеш дозвола од обезбедување влези внатре и повторно гледај.

    Поздрав
     
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Искрено не сум имала прилика да учам во школово, ама знам дека ептен го фалеа јас кога бев средно. Едно влакно да не ти е на место, одма се јавувале дома на родителите, не па разголен да одиш или да правиш глупости. Од друга страна пак, две личности кои таму завршија средно ги знам од студентските денови. Ќе речеш дисциплина јака, ова, она, не бе брате, поразмазени дечишта и поголеми забушанти немам видено, дипломирав година и више пред нив, а јас со триста други обврски тој период.

    Знам и еден уште постар веројатно меѓу првите генерации кои учеле таму (сеа им гледам на сајтот од кога постои школото, значи да, меѓу првите генерации беше дечкото), ама капацитет. Не само што многу е начитан, туку си има бре еден осет, дисциплина, манири, се гледа дека не го воспитувал и образувал било кој. Сите овие горенаведени личности се Македонци (не дека е битно, туку ете сакав да напоменам пошо спомна некој погоре дека се двоеле по тој принцип и имале различни привилегии).

    Сума сумарум, СУМ со поделени ставови за школово.
    Одамна немам слушнато позитивни критики за него, за жал и ако личноста последна што ја дадов како пример е репер за тоа какви ученици излегувале од ЈК, тогаш навистина би сакала да му се врати на школото стариот сјај, затоа што еве гледам многу како се жалат, а јас не сум имала директно искуство таму па да дадам личен впечаток. А за муабетиве од скоро што кружат, сакам да верувам дека нема вистина во нив затоа што тоа школо ете беше надеж за еден поинаков, поквалитетен вид на образование на нашиве простори.
     
  16. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    Колеџот е за два типа на луѓе. Тие што сакаат да учат и да се развиваат и да одат на факс во странство, и од друга страна, за оние богати деца што сакаат да завршат полесно.
    Учев во колеџ и знам дека не можеш да паднеш година. Ќе те истуракаат некако.
    За тие што сакаат да учат е супер.

    Ја пак повеќе сум импресиониран од НОВА и повеќе ја препорачувам.
     
  17. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.503
    Допаѓања:
    173.578
    Значи нема да се вклучувам во јака дискусија за училиштево,ке кажам кратко и јасно-се имам уверено дека Јахја К. заедно со Нова се училишта каде што се цени квалитет и успех (да не ги набројувам сега и другите средни држ.училишта).
    Дозвола за влегување-да,добивам секогаш кога ќе отидам откако предходно се имам најавено во службата(директор,зам.дир. или секретарката) ,што не гледам ништо лошо во тоа обезбедувањето да не пушта секоја ала и будала да шета низ училиштето.
    Само едно не ми е јасно,зошто одите бе деца таму да учите,ако не ви се допаѓа?Што не се отпишете ,па одете некаде кај што нема фризури,нокти,испрашување.Знаете,за секаде се потполнува молба :за вработување,за упис .... а сега не ви е добро...сешто...како сте се запишале ,така отпишете се....не му го земајте местото на некој ученик кој навистина сака да учи....а ,да и они 20,30,40......100% стипендија -на некој навистина му значи.
     
    На Nefes му/ѝ се допаѓа ова.
  18. hulk

    hulk Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3
    За крај

    Никогаш впечатокот-сознани за нешто не може да се добие со рекла-казала , форуми итн... Истото што сега го читам го читав и пред да се запишам.И нормално мислев дека се е супер , што да ви кажувам се најдобро. Од кога ќе ги согледаш некои работи го добиваш вистинското сознание. Да се разбереме не ми е целта да разубедам или убедам некој. Треба да се изнесе вистината па каква и да е. Моето согледување на ситуацијата е таа и ја презентирам без никаква цел. На тој што ја чита е да одлучи што е што . Знаете како викат старите прашај паталец не гаталец. Сите вие имате уште многу до запишување па затоа прошетаје, прашајте, видете... и одлучете.
    Втора година сигурно одам во друго школо , а не само јас има уште што го навестуваат тоа. Кога ќе се плати за нешто треба и да се изработи тоа нели.
    Уште еднаш не убедувам или разубедувам некого само презентирам мои согледувања. А вие прошетаје, прашајте, видете... и одлучете.
     
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Абе секаде има секакви. И такви кои сакаат да стекнат квалитетно образование и оние кои се тука за изживување пошо нели, дале пари.

    Е сега, она што е важно е овие фините ученици да бидат заштитени од другите колку што е можно. Барем мене би ми било важно кога би праќала дете некаде. Доколку училиштето може да го приушти тоа, супер, доколку не, греота е на тие деца учењето да им биде поголем издувен вентил од дружењето со врсниците.
     
  20. nati44

    nati44 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    545
    Нема да влезам во дискусијава, само ќе кажам дека мене децата од Јахја ми изгледаат многу пристојни, културни и добро воспитани деца, и сите професори и вработени во објектот во Струмица се исто многу културни и воспитани луѓе.
    Јас оваа година завршувам осмо и добив целосна стипендија за Јахја, планирам да одам, па ако не ми се допадне, втора година ќе продолжам во гимназијата.
     
    На TheLovelyGirl, stetoskop и Rose96 им се допаѓа ова.