1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Јахја Кемал (Yahya Kemal College)

Дискусија во 'Образование' започната од Avril.09, 26 март 2011.

  1. theAristoCat

    theAristoCat Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    завршува на 31 мај :)
     
  2. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    На 12 овој месец во 11 саатот ќе има приемен испит. И сега. Од целата држава ли ќе бидат тие 18 места со попусти или од регионите? Второ. Ако има некој искуство со приемните испите нека пишува, математиката е тешка. Нека пише овде или во ЛП,сеедно :)
     
  3. Cecyska

    Cecyska Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    62
    Пол:
    Женски
    Абе државно си е државно, ама ако се работи за приватно, NOVA е 100% подобро училиште од Јахја Кемал.. барем ја така мислам..Не за џабе е поскапо..
     
  4. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.906
    Допаѓања:
    4.539
    Кога се запишував јас, го утнав рокот за запишување па неможам да ти кажам точно ама МИСЛАМ дека регионално се доделуваат местата. Нема нешто премногу задачи, ќе видиш кога ќе ти го дадат.

    Убаво мислење си кажала, само не сфаќам што има врска тоа што поскапо е во Нова а поевтино во Јахја. Кој што и како се подобри се мери со обучениот кадар и администрацијата а не во парите што ги уплаќаш.
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  5. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Aнгече, тој човекот што доаѓа да презентира ни донесе две книгички и таму пишува дека краен рок е 11 мај, а тој кажа дека таму во училиштето каде е натпреварот се пријавува со потребните документи.

    -Фотокопија од сведителствата за 6 и 7 одд.
    -Фотокопија од изводот на матичната книга на родените
    -Две сликички

    Сликичките може да бидат тие за полуматура што се сликавме? Една поголема и една помала? :wasntme:
     
  6. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.906
    Допаѓања:
    4.539
    Да може :)
     
    На COollLady му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LikeDomino

    LikeDomino Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2012
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    25
    Јас учам во ЈКЦ и сум многу задоволна. Секако неможе се да биде сјајно се си има некои недостатоци. Најмногу од се ми се допаѓа односот професор-ученик и тоа што се грижат за тебе, не се однесуваат како да си куче. И не е како во гимназиите која ти е мајка, кој татко, баба, дедо. Овде не се гледа тоа, и можеби тоа е една од причините што се запишав таму. И да во училиштето има два типа на ученици, ученици кои имаат стимпендии и сакаат да бидат нешто во животот и ученици кои доаѓаат само како да се каже дека се на училиште. Но тие се обележени, се знае кои се.
    Искрено во почетокот мене ми беше тешко и мислев дека сум згрешила, но подоцна излезе обратно.
    Сега да ме молат не би го сменила училиштето.
    И не е се така како што се зборува, треба да отидеш и да видиш. :D :)
     
    На Nefes и stetoskop им се допаѓа ова.
  8. lovelygirl1

    lovelygirl1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    8
    Епа јас ќе ви кажам најубаво. Бев, видов, учев и се отпишав. Кој однос професор-ученик ве молам? Сами се лажете? Го форсираат турскиот а професорите би требало повеќе да знаат англиски од учениците, но во Јахја не е така. Ме отупе школото за тие години шо ги поминав таму. Пропаднати години ми се за кои цел живот ќе жалам. ЃУБРЕ ОД ШКОЛО
     
  9. theAristoCat

    theAristoCat Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    Извини, ама нема секој искуство како твоето.
    Јас сум презадоволна во секој поглед!
    Каде во друго школо ќе можеш да седнеш на иста маса со професор и да си правите најнормален муабет?
    Не секој знае како да ги исцрпи можностите кои ги нуди Јахја Кемал, а факт е дека нивната цел е да ги припремат децата за факултет во странство.
    Во врска со отупувањето, како бе тебе те отупеа а децава се убија од одење по светски натпревари претставувајќи го школото и земаа медали?
    Мислам дека е дрско од твоја страна толку да го плукаш.
    Да, секој си има свое мислење ама поради тоа ти што толку го исцрни ќе им се смени мислењето на некои феминки можеби.
     
    На Nefes и stetoskop им се допаѓа ова.
  10. BlackPiano

    BlackPiano Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2012
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Aко земам стипендија таа ќе ми важи за сите колеџи или само за оној во кој сум полагала? А ако важи само за оној во кој сум полагала дали можам да полагам во повеќе колеџи?
    Имам уште 1,5 година до средно, но веќе сум сигурна дека сакам средното образование да го продолжам во колеџов, бидејќи ова е најдоброто средно училиште во Македонија. Англискиот ќе го знам како мајчин јазик, турскиот можеби нема да научам да го збoрувам како мајчин, но нормален разговор ќе можам да направам. Во училиштево за разлика од државните, постојат ментори кои те спремаат за натпревари што е и едно од нештата што најмногу ми се допаѓа во училиштево, а и исто така запишувањето на факултет во странство е многу полесно. :)
     
  11. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    3.476
    Најголем број (ако не и сите) од учениците кои одат по натпревари се учениците кои што добиле стипендија што значи учеле многу во основно и се интелигентни. И нормално со самото добивање на наградата тие го претставуваат училиштето како најдобро.
    А оценките што ги добиваат влегуваат во парите што ги плаќаат ;) , многу нормално како и во секое приватно училиште/колеџ.

    Јас барем овие што ги гледам што учат во Јахја се без шминка или е минимална. (за коментарот погоре)
     
  12. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Сум слушнала дека во Јахја работат и се заинтересирани во оние ученици кои се запишале со стипендии. И во право се. Оние кои се запишани со пари се само снобови кои немаат многу можности, или со други зборови, повеќето се глупи.
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  13. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.906
    Допаѓања:
    4.539

    Немој да носиш заклучоци од работи кои што си ги СЛУШНАЛА, затоа што се додека не си ВИДЕЛА со свои очи - искрено не гледам причина да шириш дезинформации. Баш напротив, тие што се запишани со пари немаат потреба да се докажат кој колку има затоа што не им е важно. Сите (без разлика на економска состојба, вера, националност) носат иста униформа и после влегувањето во школото, не е битно ништо освен дружбата.
     
  14. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Па затоа и напишав дека сум СЛУШНАЛА, за да покажам дека и јас не сум сигурна.
     
  15. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Колку е година тука без стипендии?
     
  16. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    848
    Во Бутел и Автокоманда е 2500 евра,а во училиштата во другите градови е 2200 :)
     
    На Waka-waka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    И јас сум била на натпревар,ама не е така како што сите мислат.Според мене,уопште не е добро образованието таму.
    За испитите,идат група професори од училиштето во одредени училишта низ Македонија,носат тестови со нив,и се пријавуваш,решаваш,мислам на 3 дела дека беше тестот,имаше нешто логика,и уште 2 ствари,незнам што беа,и после даваат резултати по региони.На првиот му е се обезбедено,и школарина и интернат,вториот мислам интернатот треба да го доплаќа,или школарината,така нешто,а за третиот незнам.
    Другите имаат симболични попусти при запишувањето таму. :)

    Имам другар учи таму,не сум го прашувала како му е...А еден сограѓанин,се преместил после година дена,или две години таму,мислам дека е во НОВА сега...Како подобра ја сметаат.. |(
    Ма според мене,се е тоа исто с*ање! 8)
     
  18. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    848
    Никогаш нема да слушнеш убав збор од некој што се отпишал :) Ако му било убаво ќе останел.А ако плаќаш ти толкава сума и не учиш и немаш никаква придобивка нормално дека нема да сакаш џабе да остануваш и ќе си заминеш.Оној што плаќа и учи си останува и му е убаво,а оној што не плаќа нормално дека учи и затоа е и запишан :)

    Инаку,првиот и вториот имаат целосна стипендија и за школарината и за интернатот,третиот 90 %,четвртиот 80 па така натаму.. до 18то има стипендии :)
     
  19. iheartpink-xo

    iheartpink-xo Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    Како ученик во Јахја, можам да ви кажам мое мислење.. За шмизлите, секаде ги има, без разлика дали е приватно или државно.. Видов дека во Јахја учениците се спремаат за факултет со тоа што одат на интернационални натпревари низ светот. Наставата е на англиски и јас сум многу задоволна од се :))))
     
  20. Rosie.Alice

    Rosie.Alice Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    81
    Годинава ќе одам на тој натпреварот по англиски што е, за собивање на стипендија за упис во колеџов. И паника ме фаќа. Ич не сакам да се изрезилам, имам некое чувство дека ќе ја зезнам работава... некои искуства, освен напишаниве погоре?
    Не би паничела, ама пред малце отворав тестови на странава и ... тапа :sweat: