1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Јахја Кемал (Yahya Kemal College)

Дискусија во 'Образование' започната од Avril.09, 26 март 2011.

  1. BlackPiano

    BlackPiano Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2012
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Факт е дека во Јахја Кемал учат најдобрите ученици во државата. Минатата година на ИОИ (Интернационална олимпијада по информатика) имаше 4 ученика, сите ученици во приватни училишта, а двајца од нив беа од ЈК. На ИМО (Интернационална олимпијада по математмика) имаше 6 ученика, од кои еден беше од државно училиште, а сите други беа ученици од ЈК. Овие бројки доволно го докажуват квалитетот на ЈК. ;)
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  2. hristinnnna

    hristinnnna Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    171
    Некоја другарка вака да ми кажеше ќе и речев:Аман па ти пак нежната. :lol:

    И јас од следната учебна сум прва, средно, и знам дека ќе биде отпочеток малку строго и лошо.Па и да ми се обраќаат така наставниците, не ме тангира воопшто.На час ќе си слушам, па за домашни, испрашувања тука се овие од клас,ќе ги прашам нешто.
    Јес да, ептен оди на нерви понекогаш тој нивен однос, ама тоа не би ми била пресудна одлука во опцијата приватно училиште и тон пари, само за да ми биде обрнувано скапоцено внимание од наставницте. :!:
    Според мене дружењето е далеку подобро во државните, повеќе деца во клас, генерација, смешки, бегања од часови, препишувања, слаби/јаки оценки, смеења, заебанции, учење.Тоа мислам во Јахја го нема.Најискрено ова, не се само во Јахја, туку и во било кое приватно учиилиште бидејки на ниту еден родител не би му било сеедно, при толкава сума на пари детето да прави пропусти со послаба оценка, препишувања или пак бегање од час.Ама тоа мое мислење, ниту сум учела таму, ниту имам некој близок што учи па да тврдам.
     
    На x-MajaEsposito-x му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ijana

    ijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    274
     
  4. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.741
    Допаѓања:
    3.557
    Пол:
    Женски
    Не реков дека несакам да одам а уште помалку дека сум 100% решена дека нема да учам таму.
    Кога се запишав на регионалниот натпревар за добивање на стипендија не ни го имав посетено училиштето не ни знаев на кој принцип се учи ама буквално ништо незнаев.Не си сватив ништо сериозно па затоа и се запишав.
    Мислев дека моите шанси спрема другите ученици се 1:1000 зошто половина од нив имаа освојувано 1,2,3 место на државни натпревари ама испаднав дека не сум во право а и имаше многу деца.
    Така да.. нема за што да ми даваш аплаузи и да кажуваш некои работи за кои не си известена во целост .
    Иначе јас со тоа што го искоментирав претходно, сакав да кажам дека друго е да учиш на свој јазик а друго е да учиш на друг зошто шо се вика зборот на македонски лекциите неможам да ги научам а не па на Англиски или Турски.
     
  5. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.503
    Допаѓања:
    173.578
    Молчи за англискиот,немој срамота е...во време кога англискиот стана услов за се(школување на страна,вработување ти велиш нема шанса да учиш на англиски јазик),немој.
     
  6. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.503
    Допаѓања:
    173.578
    Подобро сега да се откаже ,отколку после да шири муабети дека школото е за никаде.
    Ако се откаже она,ранг листата се померува за едно место нагоре-тој што имал 70% стипендија ќе ги земе нејзините 80% итн.
     
  7. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.741
    Допаѓања:
    3.557
    Пол:
    Женски
    Се гледа кој колку може да те разбере во ова денешно време. Фактички кој колку сака да те разбере.
    Само кажав која е основната пречка што ме стопира за да не се запишам таму и побарав скромно, ваше мислење.. а да, фала ви за ,,љубезноста,, што ја покажавте како ,,повозрасни,,
    Немам намера да навлекувам мислења и да дискутирам на ваква тема а уште помалце да се карам на банален начин.Адио
     
  8. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Епа чим е така со процентите тогаш супер,нема да пропаднат во вода :) :)

    Немој да кажуваш дека не ти дале соодветни мислења пред моето,имаше еден тон.А ти само изговори наоѓаше и не ги ни слушаше советите.
    Ако не ти се оди(а не ти се оди реално да збориме по ова што прочитав) со време откажи се.Да ја земе стипендијата некое дете што е кадро и е среќно што ќе учи скоро за без пари во ЈК.И некое дете што ќе му биде мило што ќе научи и турски,ама ти чим и англискиот ти е проблем и не ти е добро совладан ако почнеш уште еден каша попара ќе ти стане.
     
  9. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.741
    Допаѓања:
    3.557
    Пол:
    Женски
    ^ хах, ти благодарам ме изнамеа.
    Да не бидам офф топик ќе кажам само дека е попусто се шо објаснував и 300 чуда, кога некој не сака да те разбере, не сака и готово. :fubar:
    Ај чао.
     
  10. g.i.r.l.y

    g.i.r.l.y Нов член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    Имам веќе земено 70 % стипендија од државниот натпревар по хемија. Сега сакам и на математика да одам ама неакако ми е страв затоа што сум видела многу деца кои навистина знаат математика. Феминки ве молам помогнете ;( !!! Незнам што да правам.
     
  11. hristinnnna

    hristinnnna Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    171
    Денес не носеа на прошетка и посета на Јахја Кемал во струга оние кои се натпреварувавме за стипендија.
    Училитето не ми остави лош впечаток, али нема шанса некогаш да се запишам таму.Прво и прво тешко е да се снајдеш, второ ќе се осеќам ко во затвор во интернатот, и трето, многу е посложено од обичните државни училишта.
    Учениците ми оставија лош впечаток.Сите не гледаа накриво мислиш оидовме да им го бомбардираме школото, пушат цигари, непристојни се повеќето(поготово машките) а и не носеа сите униформи.
    Што знам, не ми е воопшто посебно за да дадам толку пари и да се школувам. :x
     
  12. wolfless

    wolfless Активен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    За Јахја Кемал во Струга


      • ЧАСОВИ И ПРОГРАМА
        • Во прво полугодие во прва година учиме само неколку предмети со акцент на јазиците. Значи неделниот фонт на англиски и турски е енормен со тоа што англискиот е поделен на три дела-вокабулар, граматика и читање. За секој дел има различен професор. Покрај овие прво полугодие се изучува и музичко, информатика, македонски, математика и спорт и спортски активности. Второ полугодие се намалуваат часовите по турски и англиски и се воведуваат физика, хемија и биологија по којшто се изучува вокабулар и слични основни работи. Кај нас сите предмети во прва година со исклучок на музичко и физичко образование во прва године ни беа на англиски. Во втора година турски имаме само три часа неделно, а англиски четири. Се зголемуваат часовите по природните науки и се воведува геометрија, историја и географија. Историја и географија се единствените предмети кои се учат на турски. Во трета година можеш да избираш меѓу општествен и природен смер. Општествениот смер вклучува предмети од типот на право, економија, менаџмент итн. Во природниот смер имаат повеќе материјал за учење по природните науки. Сите предмети како што се филозофија, социологија и таквите се слушаат на македонски како и историја и географија во четврта година.

          Часовите започнуваат во 08.00, капијата е отворена цел ден. На прв час поминува секретарката и ги запишува сите што се отсутни и се јавува по дома. Дневно имаме по седум часа. Одморите се доста големи па лесно можеш да стигнеш да напишиш и да научиш. Првиот голем одмор е после првиот час и трае дваесет минути, вториот е после четвртиот и е пола час и последниот голем одмор е после петтиот час и трае дваесет минути. Малите одмори се по десет минути, а еден час трае четириесет и пет минути. училиштето завршува во 14.55. после тоа сите дома, освен оние кои остануваат на дополнителна или додатна настава која вообичаено трае од еден до два часа плус. Во сабота се организираат тие додатните за послабите ученици и за спремање по натпревари и то е то.

        ИНТЕРНАТ
        • Женскиот интернат е во центарот на Струга но смееш да излегуваш само два пати во неделата и тоа во вторник и четврток (барем така беше ови две години) и само ако твоите родители одобрат на почеток на година. Излезот е до пет. Имаат два оброци во интернат, доручек и вечера. Со нив престојуваат и немажените професорки. Често доаѓаат и другите професорки и жените на професорите со децата па организираат чај саат, филмови ова она. Имаат два часа етут, тоа е она време во кое се очекува да се завршат сите домашни задачи и тие работи. За ова време се одземаат телефоните и те надгледува професорка. Не мора да учиш но се бара да си тивок. Лаптопи и карти за играње се забранети но можеш да шверцуваш по сопствен ризик. Има компјутери во интернат но смеат да се користат ограничено време. Машките во интернат се доста послободни. Јас не престојувам во интернат па можам да кажам само за она што го слушам.

        ПРОФЕСОРИ
        • Турскиот дел од образовниот кадар постојано ротира меѓу другите колеџи во Македонија но и надвор од неа, македонскиот и албанскиот дел е константен и значително поквалитетен. Професорите од Турција се практично опседнати со работа што има и добри и лоши страни. Доброто е во тоа што ќе ти посветат онолку внимание колку што ќе ти треба/сакаш а лошото е дека буквално ќе те напнат за оценка или проект. Разбираат и ненаучено и ненапишано но се до одредени граници. Секој професор различно да работаш па треба да се привикниш на секој од нив. Англискиот на голем дел од нив им е крш во однос на граматика и нагласок. Вокабуларот им е добар, особено стручниот па нема проблем за зборчиња и такви работи. Македонските и албанските професори се значително подобро и не толку искомплексирани колку овие другиве. Си бараат дисциплина на час и редовно учење, онака баш типични професори. Турците се обидуваат повеќе да ти бидат пријателчиња него професори.

        УЧЕНИЦИ
        • Досега немало никакви инциденти меѓу учениците. Прилично националностите се урамнотежени, а најмалку има албанци, а најмногу турци. Да одговорам на муабетот со албанците и не знам таму што. Сите се многу фини и воспитани луѓе и иако постојат онака табори во школото никој со никого не се препира и предизвикува. Турците се срце од луѓе но професорите ги фаворизираат па тоа знае да оди на нерви понекогаш. Има многу многу многу дружење па и да не сакаш ќе те напнат и ќе излезиш. Покрај националната поделба, поделени сме и на стипендисти и оние кои не успеале да фатат попуст. Дружење има и меѓу нив доколку сакаат индивидуите. Има и такви што се мислат дека се премногу добри за кој и да е од нас и се уфилмани во некој шпански/италијански или што знам јас каков филм. Јас кога започнав во прва не знаев никој таму но брзо се зближив со добра група девојчиња во која има и албанки, турчинки, стипендисти и без стипендија ама сите се ептен кул и супер.

        Има уште многу повеќе за пишување но ми е мака веќе па прашајте ако ве интересира нешто. Се надевам дека ова што го напишав ќе му помогне на некој што сериозно размислува да се запише во колеџот во Струга.

        НЕГАТИВНИ СТРАНИ
        • -Неочекувани трошоци како што би биле екскурзиите, некои од меѓународните натпревари, превоз, јадење итн.
          -Долга редица во кафетерија и понекогаш нема слободна маса
          -Професорите не се на некои си завидливо ниво
          -Строго во однос на интернатски живот
          -Не ми текнува моментално друго ќе пишам ако се присетам.
     
    На only44you му/ѝ се допаѓа ова.
  13. BlackPiano

    BlackPiano Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2012
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Што мислите за новото училиште во Карпош? :)
     
  14. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Бевте ли на приемниот? Добивте ли стипендија? :)
     
  15. Emilia.Attias

    Emilia.Attias Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    575
    Пол:
    Женски

    Знаеш дека бев, ама далеку од стипендија. :)
     
  16. AnniiBe

    AnniiBe Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    2
    Здраво феминки,
    се запишав во Јахја Кемал у Бутел сега за 1ва година, ако има некоја феминка запишано таму нека ми каже :)
    Инаку ке седам во интернат и сега може да ми објасне некоја кога да идам со куфер, без незнам ништо.
    Ве молам.
    Позз :D :$ :inlove: :inlove: :inlove:
     
  17. AnniiBe

    AnniiBe Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    2
    ЌЕ МИ ОДГОВОРИ НЕКОЈ НА ПРЕТХОДНОТО ПРАШАЊЕ? :doh: :doh: :doh: :doh: :worried: :worried: :worried:
     
  18. Princessinlove

    Princessinlove Нов член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Феминки, кога е приемниот годинава и на која страница можеме да ги следеме активностите.П.С ако може некој што учи да објасни нешто повеќе.Позз:)
     
  19. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Точно ли е дека за секоја година може да се оди на натпревар само за еден предмет? Ако е точно дали може само да еден натпревар од тој предмет или може повеќе натпревари се' додека е исто предметот?
     
  20. AnniiBe

    AnniiBe Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    2
    Има некој што учи во Струмица. Бидејќи се префрлив во Струмица уште првиод ден. Некако многу албанци има во Бутел
     
    На chocolate...girl му/ѝ се допаѓа ова.