Моментално читам... А знае ли некој каде можам да најдам бестселери на германски јазик? Во ТРИ и Топер немам сретнато.
Tабернакул: „Дете од лоша фамилија“ - Дарко Лешоски Луѓе помагајте! Каде можам да ја најдам и дали е пуштена во продажба...пред некој ден беше промоцијата
Да, минатото лето порачав книга и се сигурни 100%. Не се плаши. Ако несакаш со картичка да платиш мислам дека може и со уплатница.
Имаше германска книжарница преку камениот мост во поранешната зграда на Комерцијална Банка. Ја држеше германец кој збори македонски, незнам дали сеуште постои. Освен тоа можеш да изнајмуваш книги од германската читална која се наоѓа во Универзитетска библиотека (читалната има засебен влез).
Веќе подолго време ја барам книгата Кругот - Сашо Гигов Гиш никако да ја најдам. Би Ви била благодарна ако ми помогнете.
Издадена е пред 13-14 години од фирма која веќе не постои, тешко да ја најдеш. Барај по библиотеки , би требало да има примероци во градска и универзитетска.
http://kupikniga.mk/BookDetails.aspx?Pr=17490 Или во библиотеките на институтите за психологија или педагогија на Филозофски, или во Универзитетска библиотека.
^Не е преведена. Мислам дека на англиски ја има на симнување. Книгава е на мојата листа за читање во најскоро време, има одлични критики.
^^ Се сложувам со Реин, не е преведена. Можеш да ја најдеш на англиски во Рамстор и Сити Мол, така ми имаат кажано. Околу 500-600 ден. е Реин, јас ја имам во pdf формат и е некаде 90тина страни. Ако сакаш можам да ти ја пратам па да конвертираш за Киндл (мислам дека имаше ). Ви ја препорачувам, прекрасна книга е.
Веројатно имаш друг формат, затоа. Кај мене е прилично збиен текстот и цели страници се испишани, ни маргини ни ништо нема. Сеедно, важно да ја прочиташ. Баш ме интересира дали ќе ти се допадне.
Сакам да купам стара книга Здраво, ми треба итно Малиот принц - стара книга.Не стара како книга издадена оддамна, тука стара, користена книга. не сум од Скопје но би дошла ако знам каде можам да ја купам сигурно. Ве молам за информација како да ја најдам. Вие што ке ја видите темава и сте од Скопје- пишете ми каде се продаваат стари книги. Ве молам- баш ми е битно.....и хитно Значи не сакам нова книга-сакам стара книга. Многу ви благодарам феминки