Ако одиш во Скопје има тезги со стари книги пред ГТЦ и покрај Кејот, пред плоштад Македонија. Плус, побарај во оваа тема - Фемински пазар на книги, можеби некоја феминка ја има.
Препорачајте книга Не знаев кај е соодветно да прашам, па ајде тука...се воодушевив од писателот Франсеск Миралјес после прочитани 2 книги од него, додуша толку и најдов на македонски од него ’’Љубов со мали букви„ и ’’Посакувам да си тука„ (ги препорачувам) многу јак стил има на пишување, е сега други книги не можам да најдам од него ни на македонски ни на англиски (матичен јазик му е шпански) па сакав да побарам помош од вас како да ги најдам на англиски, макар и онлајн да се читаат не мора за спуштање...навистина ми фали да прочитам книга од него
Книги - колку читате и што преферирате? Девојки да не знаете каде можам да ја најдам книгата Врв и Дно,денеска гледав на телевија ја напишале двајца другари и баш сакам да ја прочитам..
Феминки помош! Да ве прашам каде можам да ги најдам сите делови од Озборувачки ама на англиски кој знае нека пише лп. Благодарам однапред
Побарај во Икона, она што е најгоре во сити мал. Обично таму имаат на англиски поголем избор на книги
Девојки каде може да ја најдам Го сакам Лондон од Линдзи Келк ( мислам дека така се викаше авторката )
^ На овој линк пишува дека можеш да ја најдеш во: Топер, Три, Матица, Култура, Мамут, Тримакс. Можеш и да ја порачаш, ја има и таа опција таму. Инаку ако не си од Скопје, треба да ја има во локалните книжари. Ако набавуваат книги од СакамКниги, мислам дека можеш да им кажеш и да ти ја порачаат.
Ја барам книгата ГРОФОТ ОД МОНТЕ КРИСТО, ми треба на македонски. Ја барав во Три, Матица, Култура... мислам дека сите издавачки куќи ги поминав, ама ја нема. Наводно била распродадена и веќе не се печати. Ако знае некој каде ми можела да ја најдам, нека сподели Благодарам. п.с. Барав на купикнига.мк и ја најдов само српската верзија, од некоја издавачка куќа: Agencija Obradović, па ме интересира и дали некој знае каде можам да најдам нивни книги зашто еве како план Б ми останува српскиот превод
^ Јас со години ја барам таа книга, ама нажалост немаат испечатено нови изданија кој знае од кога. Можеш да ја најдеш само во библиотека, или некој што веќе ја има да ти ја позајми.
За подарок ја барав Штета. Изгледа навистина не може да се најде. Нема везе...ќе продолжам со потрагата, па ако ја најдам баш ќе ти кажам каде сум ја нашла за да си ја набавиш и ти