Ја превеле, ама насловот го смениле... Прочитај подолу има читатели што ептен се изреволтирани http://www.sakamknigi.mk/index.php/dram ... tem/40439-светот-не-е-фабрика-за-исполнување-желби-од-џон-грин А јас ја барам „Порака во шише“ од Спаркс. Сте ја виделе некаде? Ми треба за подарок.
Било кое дело од Стивен Кинг по локални библиотеки, продавници...? Единствено Кери ја најдов во Матица ама беше над 500 денари, на српски.. па некои други??
Од Стивен Кинг Мобилен е преведена и ја има во библиотека. Конкретно во Браќа Миладиновци ја има. Јас друго дело од него мислам дека барем во библиотека не сум видела. На саем имаше и други од него преведено, ама беа исто 500. Сјаење барем.
Во Икона порано имаа дела од Стивен Кинг на англиски. Не сум се загледала дали имаат уште. Ама вреди да се провери.
Дали ја имат преведено Divergent, или пак ако ја немат дали некаде низ скопје можам да ја најдам англиската верзија ?
Долго време барам но никако да ги најдам Одсјај/Сјаење од Стивен Кинг (Тhe Shining) и Два по полноќ-тајна градина таен прозорец исто од Стивен Кинг(two past midnight-secret window secret garden) Се утепав барајќи ги и на саемот и по книжари нигде ги нема,би префериала да е на македонски но доколку ги имате и на англиски видено кажете каде
скоро сум сигурна (98%) дека ги нема преведено, ама да не шпекулирам, може во меѓувреме ги превеле.. Не знам каде да ги најдеш но сакав да ти ја пишам информацијава за ја скратиш потрагата за преводи во наши издавачки куќи
^^ The shining ја има во превод на Арс Ламина, беа на саемот и тие. 500 денари беше.. ама доста големка. Сепак, Кинг е. Повели линкче: http://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=11462 Имаш саемски цени до крај на април, гледам. beliver, ги има во издание на Академска Книга. Ама го гледам само box-от, не знам дали се продаваат и посебно. Провери на страната.. http://www.akademskakniga.mk/mk/books/details/32939
Незнам која точно книга ја барам, но сакам некоја која учи како да се контролираш или како да ги прифакаш предизвиците на животот, кога ти е најтешко да станеш, во тој стил.. Предлог книги, бидејќи во моментот животот и не ми е баш најсјаен па сакам некоја книга која ќе ми помогне.
Значи итно ми треба книгава за дипломска!! Ја барав по книжари и градска библиотека ја немаше. Утре одам во НУБ па се надевам ќе ја најдам ако не ништо. :/ "Речник на стара македонска литература" од Ѓорѓи Поп- Атанасов.
Дали провери во МАНУ? Појди таму, би требало да ја имаат, може само да ја земеш книгата со лична карта, да ја копираш и да им ја вратиш, оти не дозволуваат книги да се изнесуваат.Работат до 15 часот. Исто, може да прашаш во Музејот на Кале, имаат библиотека. Само вака во НУБ, МАНУ и Музејот, поголеми се шансите за да ја најдеш, оти имаат избор на литература.
Ја барам книгата "Прошетка за паметење" или "Чекори за паметење". Сигурно го знаете и филмот "A walk to remember". Да прашам само да ми кажете дали ја има на македонски јазик преведено?